Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.341
Поени од реакции
5.370
Ако ми кажеш што врска имаат реченициве што ги напиша со овој мој пост одозгора, те частам скара и пиво !

:vozbud::vozbud:
Абе друг пост цитирав сега видов по грешка :pos:
Ќе си ги задржиш парите нема да частиш сега :ROFLMAO:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не сакав да ширам дефетизам по форумот, но пред натпреварот ми изгледаше невозможно да ги добиеме Шпанците. После првото полувреме, МОЖЕВМЕ да ја добиеме Шпанија.

Две грешки беа направени. Првата, што продолживме да се надигруваме со Шпанија. Ние во првото полувреме погодивме повеќе од нашите реални можности. Се гледаше дека ако се продолжи со исто темпо, ние први ќе почнеме да промашуваме. Требаше играта да се успори, и да се влезе во рвање со Шпанците.

Втората грешка, комплетно погрешна игра врз Наваро. Сите знаат дека тој е исклучително нежен играч. И физички, и психички. Она што е потребно да се запре, е груба игра врз него. Два или три фаули на граница на намерна лична, и Наваро излегува од баланс. Тој е играч на еуфорија, кога ќе почне да погодува не знае да запре. Но јас сум го гледал многу пати нервозен, не може кошот да го погоди. Значи, требаше да влезе Соколов, и два три пати силно по рацете на Наваро. Значи не да го убие, само да го извади од рамнотежа.

Доколку влезевме со негатива не поголема од 2-3 коша во четвртата четвртина, имавме шанса.

Што е тука е. Одигравме фантастичен турнир, мене ми требаше време да сфатам дека всушност сме многу добра екипа.

Со Русите имаме игра, треба да се затвори Швед, и да се туркаат центрите надвор од рекетот...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Откако ја прочитав целава тема :vozbud:, да пишам нешто... Воглавно, коментарите, оние „леле што можевме да направиме“ се тие кои ги има во постот од Ставрогин погоре.

Сите тие „грешки“ можат да се објаснат со еден збор - НЕИСКУСТВО. Значи, играме против ШПАНИЈА во ПОЛУФИНАЛЕ и ВОДИМЕ на полувреме. Замислете која психичка „експлозија“ се случува во тој момент кај кошаркарите. Тешко е после тоа да ја смириш топката и да не посакаш да шутнеш. За прв пат дечките играат натпревар од олкава тежина, не се соочиле претходно со такво нешто, неможат да го направат најразумното.

Дефанзивните скокови ни беа слабост низ цело првенство. И на други утакмици гледавме како противниците и по 3 промашени шанси по ред изборуваат офанзивен скок и нов напад. Точно, да беше Тодор можеби ќе беше друга приказна, но морам да го пофалам Пеџа, го изигра најдобриот натпревар на првенството. Дури и закуца. :icon_lol:

За тоа со Наваро, и тука е неискуството делумно проблемот. Но, ако затворавме тоа ќе требаше да се случи пред да му тргне. Откако ќе му тргне, нема „легален“ начин да се запре, верувајте. Значи кога ти иде, ти иде... и не е он некој недокажан, па ај 2-3 и ќе прекине. Кога на таков шутер ќе му тргне, нема шанси да се запре.

Првото полувреме беше убер најдобрата македонска кошарка која сум ја гледал. Значи, ИГРАВМЕ КАКО ШПАНИЈА, потполно како нив во напад, а со подобра одбрана. Не водевме заради тоа што Шпанија играше слабо. Шпанија играше како и обично, но ние се држевме и ја игравме таа нивна игра. Уште еднаш, ИГРАМВЕ КАКО ШПАНИЈА... па замислете се, што значи тоа... :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.257
Нормално е да скокаат ко луди кога на полувреме им гореше под нозе. Тие беа свесни дека ако не им тргне шутот можат да наебат, за среќа на Наваро му тргна.
Ќе го активираа план Б, или пак овој со Наваро им беше план Б, а со браќата Гасол план А.:D

И незнам што се дискутира тоа за шутот на Наваро, а ако нему не му тргнало на овој меч, ние ќе сме имале шанса за победа, ние и со неговите тројки имавме шанса за некој подобар резултат, бааѓи пропуштени напади без реализација, страв за шутирање за три поени.
Шпанија е составена од 12 одлични кошаркари, за еден Ибака нема место во стартната петорка, а човекот можи во секоја репрезентација да биди стартер, по тоа ќе се види јачината на таа репрезентација.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Наваро: "Не ја потценивме Македонија"

Хуан Карлос Наваро не го криеше задоволството откако го предводеше шпанскиот национален тим до триумф над Македонија на денешниот полуфинален меч од Евробаскет 2011. Извонредниот кошаркар на Барселона ги разби сите наши соништа за пласман во големото финале, откако постигна фантастични 35 поени со кои што ја демолираше македонската одбрана.





„Знаевме дека претходните ривали малку ја потценија Македонија и скапо платија поради тоа. Ние не ја повторивме нивната грешка, одигравме најдобро што знаеме и заслужено победивме. Добро ја имавме анализирано играта на противникот, бевме свесни дека играат крајно невообичаена одбрана која остава доста слободен простор за удари од далечина. Пред мечот им реков на соиграчите дека мораме да ги реализираме тие шутеви, пресреќен сум што ме послушаа“ - изјави Наваро.




17.09.2011 08:13​

Прочитана е : 735 пати​




© 2011 Ohridnews.com
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.734
Поени од реакции
12.042
Немаше тука никаква среќа, освен за два-три шута можеби. Кој гледал кошарка знае да познае класа шут, какви што палеше Наваро и секоја чест за тоа.

Ние ја изгубивме играта под кош, каде што имаа дупло повеќе офанзивни скока од нас, а може и судиите малце не ебеа со фаулите, бидејќи секоја четвртина веќе на 4-5 минути до крај имавме 5 фаули, а тоа значеше поголема пажња под кош, што шпанците ја искористија.

Нема зашто да би им замериле на нашите, освен можеби заради повторното неподавање кон Војдан, ама си ја знаат они офанзивната стратегија. Не е ни малце да ја доведеш Шпанија да плаче за секој аут и фаул околу 30 минути, како и нивнион селектор кој изгледаше како негативец од теленовела. И тек кога почнаа со водство од +10, се опуштија малце и дури и рака на Антиќ му подаваа после направен фаул. Ех... :)

Секоја чест, во одбрана сме прејаки, бидејќи освен Наваро не се виде еден асален мушки шут од Гасол (сите беа rebounds кошеви и механички центарски шутеви), во напад да почнеме да ги играме Војдан и Дамјан и сигурно идеме на бронза утре. :)
Е па така де. Класа играч е Наваро плус има НБА искуство само не ми е јасно зошто толку брзо се врати во Европа. А ако не му тргнеше него ќе му тргнеше на Руди Фернандез. Типот е страшен играч само ете со нас не му одеше но му одеше на Ла Бомба. Тоа е Шпанија има многу класа играчи. Ама мислам дека доколку имаме поголема клупа и малку да се форсираат браќата во шут за 3 има партали да правиме на Олимпијада и на наредното Европско. Не дека на ова не правевме ама можеме ние и подобро :D
Плус кога вака и изигравме на Шпанија која според мене е топ репрезентација во светот заедно со САД ( да не претерам ама мислам дека МОМЕНТАЛНИОТ состав на САД ќе има маки со нив и тешко ќе биде да победи ) значи дека сме една од најквалитетните во светот
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.257
Е па така де. Класа играч е Наваро плус има НБА искуство само не ми е јасно зошто толку брзо се врати во Европа.
Бидејќи таму ќе има просек од најмногу 10 поени по натпревар, а знак прашање дали ќе е во стартна петорка на некоја си НБА екипа.
Паметен е тој, за тоа си игра во Европа.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.734
Поени од реакции
12.042
Бидејќи таму ќе има просек од најмногу 10 поени по натпревар, а знак прашање дали ќе е во стартна петорка на некоја си НБА екипа.
Паметен е тој, за тоа си игра во Европа.
Зошто да не е во стартен тим одличен играч е ама сепак....кога ни Бо не сака во НБА...
Туку ти си го сменил аватарот затоа изгубивме (n)
Ти кажав....сакам секој ден да вежбаш отварање на теми и на Олимпијадата да имаш 100% учинок
 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
@Иосоно

Те разбирам што сакаш да ми објасниш, но Литванците со Шпанците се два различни поими од кошаркарски аспект...напишав во погорните постови дека на Шпанија и да немаа перфектен ден Наваро и Паул тогаш ќе му трнеше на Калдерон и Фернандез и пак ќе бевме тормозени бидејќи се преквалитетен состав и нема бегање од тоа..кај нив скоро секогаш му тргнува, а и не памтам кога на Наваро воопшто не му тргнало..!
Само незнам Тарзан дали знаеш колку време ова шпанциве ја спремаат оваа репрезентација?
Поблемот донекаде беше Наваро,но круцијалниот проблем беше играта под кош!
Сепак ги изнамачивме шпанците!Браво Македонски Лавови!одиме понатаму!
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.257
Зошто да не е во стартен тим одличен играч е ама сепак....кога ни Бо не сака во НБА...
Туку ти си го сменил аватарот затоа изгубивме (n)
Ти кажав....сакам секој ден да вежбаш отварање на теми и на Олимпијадата да имаш 100% учинок
Абе таквите играчи не се снаоѓаат баш лесно во НБА...Тони Паркер можам само да го издвојам кој направи баш солидна кариера.
Е јебига братче. :D
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.734
Поени од реакции
12.042
Абе таквите играчи не се снаоѓаат баш лесно во НБА...Тони Паркер можам само да го издвојам кој направи баш солидна кариера.
Е јебига братче. :D
Е сега зависи....има поголем број на играчи кој се добри во НБА. Ама ќе видиме. Ај некој ден и од кај нас да има некоја НБА ѕвезда. Не дека ни треба ама ете.....:D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Иако Шпанија се пласираше во финалето на Евробаскетот, нашите играчи ги добиваат честитките. За играта, квалитетот, пожртвуваноста и позитивниот дух. Тоа ги прави вечни победници, пишува “Баскетбол.орг.мк“, пренесува Нетпрес.

Како на натпреварите кога победуваше, така и вчера, по поразот во полуфиналето, целиот ходник во арената ечеше од нашата соблекувална, каде се пееше познатата песна “Излези момче право на тераса“, уште еднаш сложно и победнички.

Луѓето од организацијата, медиумите и сите кои можеа да го чујат тоа, со мало чудење и блага насмевка од задоволство, побрзаа да кажат: “Еве ова. Токму поради ова Македонија е омилен тим на првенството“.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Да ви објаснам зошто Наваро не е во НБА..реално гледано Наваро е еден од најдобрите племејкери во светот и поседува се за да игра во НБА во прва постава во било која екипа...тој играше една година во Мемфис и се покажа добро но неговиот матичен клуб Барселона му понуди побогат договор па немаше причина зошто да не си се врати дома,бидејќи ги зема истите пари и плус игра во своето родно место па ништо не губеше во случајот...
 
А

Анноун

Гостин
Да ви објаснам зошто Наваро не е во НБА..реално гледано Наваро е еден од најдобрите племејкери во светот и поседува се за да игра во НБА во прва постава во било која екипа...тој играше една година во Мемфис и се покажа добро но неговиот матичен клуб Барселона му понуди побогат договор па немаше причина зошто да не си се врати дома,бидејќи ги зема истите пари и плус игра во своето родно место па ништо не губеше во случајот...
и плус зашто да примa по 2-3 банани на утакмица од некои типци како Хауард и Ибака на пример , и зашто да игра 4 пати во 6 дена , кога може во европа да се прави најјак кошаркар во свет , да изигра 2 утакмици во неделата , една во сабота со Гран Канариа и една во среда во евро лигата против Цибона и фино лепо да си даде 20тина поени и да се осеќа лепо . :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom