Малку ми е чудно што тврдите дека ако не му тргнеше на Наваро демек ние ќе ги победевме....размислете малце..Шпанија е преквалитетен состав кој игра долго време заедно и каде имаат освојувано еден куп медали на сите натпреварувања за да зависат само од Наваро...нормално дека му е најсилна алка во тимот (заедно со Паул) но реално ако не му тргнеше на Наваро ќе се префрлеше топката на одличните шутери Фернандез и Калдерон(овој страшен е)..ако не му трнеше и нив тогаш ќе се префрлеше играта на нивните центри кои се буквално жирафи и повисоки спрема нашите...едноставно уште кога паднавме со Шпанија напишав дека нема смисла да се надеваме и само чудо не носеше во финале..како и да е успех е што стигнавме до овде а не да ги критикуваме кошаркарите што изгубија од најдобрата европска екипа...
Па зарем не бевте горди што Шпанците на секој поен се радуваа и правеа гримаси со фаците во знак на страв и евентуален пораз..зарем не видовте како нивниот селектор на секоја наша серија бараше тајм-аут...зарем не заприметивте како Наваро се мотивираше на секоја погодена тројка ..тоа покажува колку беа исплашени од нас и колку сме добри на ова првенство...ејејјјјјј до акде стигнавме??..да се споредуваме со Шпанија..со Шпанија ејјј..не ми се верува до каде стигна нашата мала Македонија на едно големо натпреварување...секоја чест момци
Во 26 минута од мечот резултатот беше 58-58 а Шпанците ги користеа сите можни опции,и двајцата Гасол и Ибака и Наваро,и по некој шут од Рубио/Фернандез.
Серијата на Наваро којшто даде 11 поени по ред од кои 3 тројки надвор од баланс не само што направи предност тука и ги деморализираше нашите.Играш супер одбрана и примаш тројка со едно-ножен одскок во последна секунда.
Точно е дека Шпанците на хартија се класа сама за себе ама мечот не се игра на хартија туку на терен а на овој конкретен меч,ние бевме потполно рамноправни се додека не влегоа тие три тројки.
Не еднаш се случило изненадување,па не гледам зошто и не би се надевале на победа.Напротив се покажа дека и не се толку поквалитетни како што некој би помислил ако гледа само на хартија.Ние не можевме да ги чуваме Гасоловци и Наваро ама ни тие не можеа да ги чуваат Илиевски и Бо коишто им ја правеа провев во одбраната ниту пак Пеѓа којшто играше само 23 минути а даде 12 поени,сите од игра и сите против Гасол.
Ова првенство па и натпреваров покажа дека квалитетот е во најголем дел самодоверба и упорна работа а не нешто што им е магично доделено само на богатите земји.Ние не одигравме 1 среќен меч па да се каже дека не потцениле.И Литванците а особено Шпанците ни играа 100% и едните ги победивме а од другите изгубивме со пристојна разлика.
Не ме сфаќај погрешно,не сакам да оставам впечаток дека мислам дека сме добри колку Шпанија,меѓутоа разликата не е така голема како што си мислевме пред да појдат кошаркарите за Литванија а особено ако се земе предвид дека по Америка,Шпанците се втор најсилен тим на светот.
Најважното нешто што треба да се земе од ова првенство не е фактот што сме ја тепале Грција или Литванија или евентуален бронзен медал,туку фактот што ова е прв Македонски тим којшто има големо ниво на самодоверба и не го преценува противникот уште пред мечот.Се надевам дека идните генерации на спортисти ќе го прифатат тој менталитет кој за нас е нешто ново.Ако се случи тоа,овој успех нема да остане само како спомен туку ке биде повторуван многу почесто.