Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.392
Поени од реакции
5.511
А рачунај дека во 11 и 15 сигурно нема да биде слетан авионот, ќе има 30 минутно закаснување сигурно .. Околу пладне би требало да пристигнат.. Ќе има повеќе информации во недела навечер.
A шо другите да не немаа обележја ????
Немој брат не отварај дускусија !!!!
Убо се гледа на сликите дека има дечки со маици Фемили на мечот со Литванија !!! Исто така повеќето беа со Комити маици !!! Знамето шо го кренаја и на него пишеше Комити Скопје, исто и на тапанот !!! И кој носи клубски обележја ???
А ние на мечот со Литванија не бевме присутни !!!
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Очигледно е дека дечкото си коментира хипотези а не што всушност се случуваше на мечот.Факт е дека Шпанците се мачеа во одбрана со нас,и тие шутеви што ги одбранија беа чисти,како 3-те на Соколов,Чековски,Илиевски,Антич...се чисти позиции.

Муабетот е дека единствената разлика на мечот беше серијата на Наваро,без неа бевме потполно во игра.Ти зборуваш на хартија кој бил добар...па на хартија и Чековски знае да даде тројка па изминативе 2 меча не може да погоди чисти шутеви.
Ти изгледа воопшто не ми ја разбираш поентата и како што гледам сите што сте ме цитирале како на друг јазик да ви пишувам и истото ми го повторувате...еве подетално..

Јас не си терам хипотези туку ја опишувам утакмицата бидејќи ја гледав (двапати)..јас долго време пратам кошарка и знам што пишувам....јас ви потенцирав дека скоро секој напад правеа играч вишок со нивните брзи подавања и отскривања каде беше енвозможно да се браниме бидејќи скоро на секоја позиција имаат одличен играч каде што може да ја земи одговорноста врз себе...Во Шпанија има 12 квалитетни играчи не е само Наваро....па зарем не заприметивте колку лесно ги постигнуваа поените а колку ние се мачевме преку Илиевски и Бо да поентираме..тоа се кажува....зарем не запримети во неколку наврати кога ќе промашеа од полето за три веднаш Гасоловци реагираа на топката и постигнуваа поени(бидејќи беа доминатни во скоковите спрема нашите центри).....поентата ми е дека воопшто да не му тргнеше на Наваро ќе беше премногу тешко да издвојуваме победа на крајот..грешката кај вас е тоа што премногу се фаќате за првото полувреме а скоро секогаш силните рперезентации даваат максимум во вторите четвртини(посебно кгоа се крши уткамицата со поените)..не знам поинаку како да ви напишам за да ме разберите дека не е до Наваро што изгубивме бидејќи го знам овој состав на Шпанија на што е способен...
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Реално гледано Шпанија во скоро секој напад лесно доаѓаше до играч вишшок со нивните брзи додавања и отскривања...скоро секогаш имаа играч плус и поради таа причина лесно поентираа, а кога немаше да погодат тука беа жирафите Гасоловци да ја дотурнат топката..едноставно и да не играше воопшто Наваро ќе бевме победени и тоа е неоспорен факт бидејќи се знаеше дека кога тогаш нашите репрезентативци нема да го издржат тоа темпо ''кош за кош '' каде значително му одговараше на Шпанците...нема тука бегање многу се поквалитетни и не е страмота што изгубивме од нив...дури и да ги имавме Пеце Наумовски и Врбица Стефанов во најдобрите години повторно ќе бевме поразени од оваа страшна репрезентација на Шпанија..то е то
Да играа Гечевски плус Наумоски и Стефанов во најдобри гоидни тешко да не тепаа Шпанците..Пеце ке им ебеше матер сам,како Наваро ке им дадеше 30тина поени..
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Да играа Гечевски плус Наумоски и Стефанов во најдобри гоидни тешко да не тепаа Шпанците..Пеце ке им ебеше матер сам,како Наваро ке им дадеше 30тина поени..
А за Ристе Стефанов збориш? добар ли е тој? И зашто не играше?
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
А за Ристе Стефанов збориш? добар ли е тој? И зашто не играше?
Ваљда на Врба мисли...

И не зборете глупости, да играл овој, да играл оној. А да играа Кукоч и Петровиќ(Бог да го прости) за Хрватска?
Глуп муабет правите.
 
П

Паспарту

Гостин
Ечеше нашата соблекувална и покрај поразот
Иако Шпанија се пласираше во финалето на Евробаскетот, нашите играчи ги добиваат честитките. За играта, квалитетот, пожртвуваноста и позитивниот дух. Тоа ги прави вечни победници.


Како на натпреварите кога победуваше, така и вчера, по поразот во полуфиналето. Целиот ходник во арената ечеше од нашата соблекувална, каде се пееше познатата песна. „Излези момче право на тераса“, уште еднаш сложно и победнички.

Луѓето од организацијата, медиумите и сите кои можеа да го чујат тоа, со мало чудење и блага насмевка од задоволство, побрзаа да кажат: „Еве ова. Токму поради ова Македонија е омилен тим на првенството“.



http://www.basketball.org.mk/?ItemID=1BC48B6C2BB5AE4E8E21D4656024B127
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Ја се чудам како стигна македонската репрезенатација до четврт финале. Освен Мекејлеб и Илиевски ниеден квалитетен играч немаше во македонскиот тим.
чиста среќа е како стигаа до тука.
а за бронзен медал мислам дека немаат шанси.

 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
А рачунај дека во 11 и 15 сигурно нема да биде слетан авионот, ќе има 30 минутно закаснување сигурно .. Околу пладне би требало да пристигнат.. Ќе има повеќе информации во недела навечер.
A шо другите да не немаа обележја ????
Немој брат не отварај дускусија !!!!
Убо се гледа на сликите дека има дечки со маици Фемили на мечот со Литванија !!! Исто така повеќето беа со Комити маици !!! Знамето шо го кренаја и на него пишеше Комити Скопје, исто и на тапанот !!! И кој носи клубски обележја ???
А ние на мечот со Литванија не бевме присутни !!!
Ако ми кажеш што врска имаат реченициве што ги напиша со овој мој пост одозгора, те частам скара и пиво !

:vozbud::vozbud:
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Што сè и' направи Македонија на Шпанија, а другите не успеаја

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби во полуфиналето од европскиот првак Шпанија, но статистиката од натпреварот покажува дека момчињата на Марин Докузовски успеаја во многу категории вистински да ја намачат „Црвената фурија", па дури да бидат и многу поуспешни од претходните противници што на ЕП во Литванија му се спротивставија на тимот на тренерот Серџо Скариоло.
Така, никој на првенството не успеа да води на полувреме против Шпанија, освен се разбира нашите херои, кои имаа предност од еден поен (45-44). Дури и селекцијата на Турција, која единствена ги порази Шпанците на ЕП во Литванија, на полувремето губеше, но на крајот победи, благодарение на фуриозната игра во последната четвртина (16-2).
Токму оваа четвртина е најслабиот период што воопшто го одиграле Шпанците во Литванија и во оваа категорија ние сме „втори“, зашто втората четвртина во дуелот со утрешниот финалист ние ја добивме со девет разлика (27-18).
Исто така, македонските репрезентативци се единствените на турнирот што успеаја да и' дадат на Шпанија 27 поени за една четвртина, а најблиску до ова беа Полјаците (26) и Турците (25). Процентот на успешност за два поени е исто така највисок - Македонија гаѓаше со 59,2 отсто, а зад нас се Португалија со 57,4 и Франција со 54,5 отсто.
Последно, но не и најмалку важно, Македонија е единствената селекција на турнирот што успеа да и' се спротистави на Шпанија во меч во кој двајца наши кошаркари (Владо Илиевски и Перо Антиќ) беа присутни на паркетот во текот на сите 40 минути од мечот. Најблиску до нив се Германците Дирк Новицки и Хеико Шафарцик (двајцата по 36 минути).
Токму затоа сите овие остварувања против тимот на Шпанија се неколкукратно повредни од остварувањето на другите репрезентации, за што признание по мечот ни даде и шпанскиот селектор Скариоло. Тој упати низа комплименти на адресата на македонскиот национален тим и додаде дека е среќен бидејќи Шпанците извојувале победа над многу квалитетна селекција.
„Тимот што ја совлада Литванија среде Каунас никако не смее да биде окарактеризиран како слаб или наивен. Македонците се прикажаа во одлично светло на целиот шампионат, но и на мечот против нас. Тие се екипа што никогаш не се откажува, што секогаш игра со срце и со памет. Голема чест е да се биде во финалето токму по победа над еден олку квалитетен ривал" - рече италијанскиот стратег.
 
Член од
26 октомври 2010
Мислења
29
Поени од реакции
11
KOGA KE DOJDE I TOJ DEEEEENNNNNN....
KOGA TI KE BIDES PORAZEEENNNN....
ZNAJ TI NIKOGAS NEMA DA SI SAM ...
MAKEDONIJAAAA JAS KE VI ZAPEEAAAAAAAAMMMMMMM
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Па уште кога некои ќе тврдат дека на среќа давал поени :pos:
Немаше тука никаква среќа, освен за два-три шута можеби. Кој гледал кошарка знае да познае класа шут, какви што палеше Наваро и секоја чест за тоа.

Ние ја изгубивме играта под кош, каде што имаа дупло повеќе офанзивни скока од нас, а може и судиите малце не ебеа со фаулите, бидејќи секоја четвртина веќе на 4-5 минути до крај имавме 5 фаули, а тоа значеше поголема пажња под кош, што шпанците ја искористија.

Нема зашто да би им замериле на нашите, освен можеби заради повторното неподавање кон Војдан, ама си ја знаат они офанзивната стратегија. Не е ни малце да ја доведеш Шпанија да плаче за секој аут и фаул околу 30 минути, како и нивнион селектор кој изгледаше како негативец од теленовела. И тек кога почнаа со водство од +10, се опуштија малце и дури и рака на Антиќ му подаваа после направен фаул. Ех... :)

Секоја чест, во одбрана сме прејаки, бидејќи освен Наваро не се виде еден асален мушки шут од Гасол (сите беа rebounds кошеви и механички центарски шутеви), во напад да почнеме да ги играме Војдан и Дамјан и сигурно идеме на бронза утре. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom