Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Со вториот дел од коментарот целосно се согласувам.
Со првиот, целосно не се согласувам. Начинот на којшто игравме до третата четвртина го покажа тоа - ИМАВМЕ ИЗГЛЕДИ за победа! Враќавме фуриозно, кош за кош, се носевме со ритамот и можевме да понудиме во најмала рака драма. Ние исто имаме шутери кој знаат да бидат непредвидливо добри, тоа се покажа на играта со Литванија. Најголем мукает ќе беше тогаш фаворизираното судење...
Ама што е тоа е. Да не се вртиме веќе назад.

За драма можевме да понудиме...но за победа ќе беше невозможно бидејќи Шпанските кошаркари заедно играат повеќеод 10 години и се преискусна репрезентација каде не верувам дека ќе дозволеа каква таква драма на крајот..па зарем не гледаше колку лесно и сконцентрирано играа во нападот и троки си шутираа како од шала...едноставно на таков одличен играч како што е Наваро секогаш му тргнува бидејќи е класа поединец и нема тука бегање!
 
мене ме интересира дали Бо бил со солзи во очите по крајот на натпреварот ( така рече Игорче ) . Онака чисто , ако е точно да го зголемам на максимум респектот за дечково
 
Реално гледано Шпанија во скоро секој напад лесно доаѓаше до играч вишшок со нивните брзи додавања и отскривања...скоро секогаш имаа играч плус и поради таа причина лесно поентираа, а кога немаше да погодат тука беа жирафите Гасоловци да ја дотурнат топката..едноставно и да не играше воопшто Наваро ќе бевме победени и тоа е неоспорен факт бидејќи се знаеше дека кога тогаш нашите репрезентативци нема да го издржат тоа темпо ''кош за кош '' каде значително му одговараше на Шпанците...нема тука бегање многу се поквалитетни и не е страмота што изгубивме од нив...дури и да ги имавме Пеце Наумовски и Врбица Стефанов во најдобрите години повторно ќе бевме поразени од оваа страшна репрезентација на Шпанија..то е то
И Литванците имаа отворени шутови ама не погодуваа, иако се шутерска екипа. Во анализата од ESPN што ја постиравме можеше да се види дека секогаш остававме еден нивни играч вишок, презедоа ризик и се исплатеше. Значи не зборуваме за којзнае колкави промашувања и не го спориме квалитетот на Шпанците. Ама човечки е да се згреши 2-3 пати во серија, а Наваро не беше човек во трета четвртина Наваро беше машина. Тука тие се одлепија.

Муабетот е дека и покрај перфектната игра на Наваро и доминацијата на Гасол ние се држевме, за разлика од Словенците на пример на кои им направија од минус 10, плус 30. За жал, требаше и некој од нивните да има лош ден а денес тие имаа перфектен ден. Дури и Рики Рубио, или КаменоРики како што го вика оној босанецот со колумните, успеа да погоди :)

И не драпај дека ако имало драма пак ќе било невозможно да победиме. Тогаш нема да е драма. :)
 
@Иосоно

Те разбирам што сакаш да ми објасниш, но Литванците со Шпанците се два различни поими од кошаркарски аспект...напишав во погорните постови дека на Шпанија и да немаа перфектен ден Наваро и Паул тогаш ќе му трнеше на Калдерон и Фернандез и пак ќе бевме тормозени бидејќи се преквалитетен состав и нема бегање од тоа..кај нив скоро секогаш му тргнува, а и не памтам кога на Наваро воопшто не му тргнало..!
 
Наваро у трета четвртина реализираше 19 поени, се што фрли влезе, мислам и назаечки да ги фрлаше ќе ги погодеше, тој ја направи разликата и тогаш се одлепија шпанциве.
А и Рики Рубио бе, цело првенство камен, 5 коша не даде у сите претходни утакмици, баш кога не требаше погодуваше. :(
 
Малку ми е чудно што тврдите дека ако не му тргнеше на Наваро демек ние ќе ги победевме....размислете малце..Шпанија е преквалитетен состав кој игра долго време заедно и каде имаат освојувано еден куп медали на сите натпреварувања за да зависат само од Наваро...нормално дека му е најсилна алка во тимот (заедно со Паул) но реално ако не му тргнеше на Наваро ќе се префрлеше топката на одличните шутери Фернандез и Калдерон(овој страшен е)..ако не му трнеше и нив тогаш ќе се префрлеше играта на нивните центри кои се буквално жирафи и повисоки спрема нашите...едноставно уште кога паднавме со Шпанија напишав дека нема смисла да се надеваме и само чудо не носеше во финале..како и да е успех е што стигнавме до овде а не да ги критикуваме кошаркарите што изгубија од најдобрата европска екипа...
Па зарем не бевте горди што Шпанците на секој поен се радуваа и правеа гримаси со фаците во знак на страв и евентуален пораз..зарем не видовте како нивниот селектор на секоја наша серија бараше тајм-аут...зарем не заприметивте како Наваро се мотивираше на секоја погодена тројка ..тоа покажува колку беа исплашени од нас и колку сме добри на ова првенство...ејејјјјјј до акде стигнавме??..да се споредуваме со Шпанија..со Шпанија ејјј..не ми се верува до каде стигна нашата мала Македонија на едно големо натпреварување...секоја чест момци:cuc:

Во 26 минута од мечот резултатот беше 58-58 а Шпанците ги користеа сите можни опции,и двајцата Гасол и Ибака и Наваро,и по некој шут од Рубио/Фернандез.

Серијата на Наваро којшто даде 11 поени по ред од кои 3 тројки надвор од баланс не само што направи предност тука и ги деморализираше нашите.Играш супер одбрана и примаш тројка со едно-ножен одскок во последна секунда.

Точно е дека Шпанците на хартија се класа сама за себе ама мечот не се игра на хартија туку на терен а на овој конкретен меч,ние бевме потполно рамноправни се додека не влегоа тие три тројки.

Не еднаш се случило изненадување,па не гледам зошто и не би се надевале на победа.Напротив се покажа дека и не се толку поквалитетни како што некој би помислил ако гледа само на хартија.Ние не можевме да ги чуваме Гасоловци и Наваро ама ни тие не можеа да ги чуваат Илиевски и Бо коишто им ја правеа провев во одбраната ниту пак Пеѓа којшто играше само 23 минути а даде 12 поени,сите од игра и сите против Гасол.

Ова првенство па и натпреваров покажа дека квалитетот е во најголем дел самодоверба и упорна работа а не нешто што им е магично доделено само на богатите земји.Ние не одигравме 1 среќен меч па да се каже дека не потцениле.И Литванците а особено Шпанците ни играа 100% и едните ги победивме а од другите изгубивме со пристојна разлика.

Не ме сфаќај погрешно,не сакам да оставам впечаток дека мислам дека сме добри колку Шпанија,меѓутоа разликата не е така голема како што си мислевме пред да појдат кошаркарите за Литванија а особено ако се земе предвид дека по Америка,Шпанците се втор најсилен тим на светот.

Најважното нешто што треба да се земе од ова првенство не е фактот што сме ја тепале Грција или Литванија или евентуален бронзен медал,туку фактот што ова е прв Македонски тим којшто има големо ниво на самодоверба и не го преценува противникот уште пред мечот.Се надевам дека идните генерации на спортисти ќе го прифатат тој менталитет кој за нас е нешто ново.Ако се случи тоа,овој успех нема да остане само како спомен туку ке биде повторуван многу почесто.
 
@Иосоно

Те разбирам што сакаш да ми објасниш, но Литванците со Шпанците се два различни поими од кошаркарски аспект...напишав во погорните постови дека на Шпанија и да немаа перфектен ден Наваро и Паул тогаш ќе му трнеше на Калдерон и Фернандез и пак ќе бевме тормозени бидејќи се преквалитетен состав и нема бегање од тоа..кај нив скоро секогаш му тргнува, а и не памтам кога на Наваро воопшто не му тргнало..!
Не ми околиши сега: јас ти викам дека ако при крајот 2-3 удари од оние кои ги презеде Наваро не влезеа (пошто нему му даваа да шутира.) Не постојат Калдерон, Фернандез и Рубио. Само Наваро, кој промашува и разликата се топи и настанува фрка. За таква ситуација ти зборувам. Не ми кажувај дека е невозможно, тие така изгубија титула со Русија. Со неколку промашувања во серија и луда среќа.
 
@Иосоно

Те разбирам што сакаш да ми објасниш, но Литванците со Шпанците се два различни поими од кошаркарски аспект...напишав во погорните постови дека на Шпанија и да немаа перфектен ден Наваро и Паул тогаш ќе му трнеше на Калдерон и Фернандез и пак ќе бевме тормозени бидејќи се преквалитетен состав и нема бегање од тоа..кај нив скоро секогаш му тргнува, а и не памтам кога на Наваро воопшто не му тргнало..!
А што ако му тргнеше на Антиќ, или ако Стојановски брадрс распалеа тројки? Или... со други зборови, можеше и на нас да ни тргне, за тргање ако гледаме, и тоа многу повеќе, го покажавме тоа и те како досега. Еден спортски новинар напиша, другите репрезентации имаат најмалку двапати (ако не и повеќе ) ризници на таленти, но само половина борбеност, Македонија има двапати повеќе борбеност од било кој друг тим! А штом си борбен, секогаш може да тргне.
Беа преуморни за камбек, Докузовски го рече тоа пред натпреварот, дека се ко од војно поле, сепак... можеше!
 
Очигледно е дека дечкото си коментира хипотези а не што всушност се случуваше на мечот.Факт е дека Шпанците се мачеа во одбрана со нас,и тие шутеви што ги одбранија беа чисти,како 3-те на Соколов,Чековски,Илиевски,Антич...се чисти позиции.

Муабетот е дека единствената разлика на мечот беше серијата на Наваро,без неа бевме потполно во игра.Ти зборуваш на хартија кој бил добар...па на хартија и Чековски знае да даде тројка па изминативе 2 меча не може да погоди чисти шутеви.
 
Дечки нема предавање одиме на бронза против Русија која за разлика од Шпанија е многу полесно ранлива, јас уште пред натпреварот со Шпанија знаев дека неможиме нешто повеќе (но овај резултат против Шпанија не го постигна никој освен Турција заради....) но не сакав да ширам негативност овде на форумот.

Инаку денес популарниот „La Bomba“ експлодира кога најмалку требаше... за жал... со 35 поени едноставно сам не демолира. Некој овде на форумот викат дека му било ден и на среќа годел, се дрогирал и не знам шо, ама реално Наваро е класа играч - 5 години е одбиран во најдобриот тим во Евролига, беше одбран во вториот тим на NBA All-Roоkie, 2009 МВП на Евролига, 2010 МВП на Final 4, исто така е добитник на престижната награда нај-европски кошаркар Mr. Europa 2010 и во првата петорка на Европското 2005... ова се само дел од успесите на индивидуален план, на тимски се уште поголеми...

Затоа радувај се Македонијо, бидејќи нашите херои не потклекнаа пред една Шпанија и достојно се носеа во поголемиот дел од натпреварот, за разлика од други кошаркарски веле-сили!!

Мираковски, Илиевски, Соколов, МекКелеб, Војдан и Дамјан Стојановски, Симоновски, Гечевски, Антиќ, Димчевски, Чековски, Самарџиски ... СЕГА ВИЕ СТЕ НАШИ ИДОЛИ !!
 
Илиевски го изблокира По Гасол !! Баш сега се потсетив на снимката на Сител 3 .
Да еве го и овде :pos:
dunkl.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom