Да се разбереме прво, не ми го чачкајте Борко.
Не дека сакам да имам љубимци, ама го обожавам човекот и супер си ја вршеше работа. Нашите имаа дупки во одбраната, нема 5 раце човекот све да фати. Одличен беше.
Друго, Алушевски кога шутираше, нивниот голман беше во стилот: Не знам кај да фатам.
И трето, секогаш кога има првенства каде што настапуваат нашите, аптекиве се многу среќни, тријат раце и ги зголемуваат нарачките за лексилиум.
Четврто, мислам дека имаа малку трема, може и подобро, ама они се нашите херои и тоа е тоа. Одлични момчиња имаме, да не кажам златни.
Петто, ај што збореа коментаториве за фластерот, не знам дали го приметивте моментот на “треба да се шират“, “треба пошироко“, “Ама мора да се рашират“... Работава шири, шири, шири, весели пешкири....
Игорче ми фали.
Златни момци, ајде можете вие! Македонија ве сака!
ЕДЕН ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДЕН, ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА!