Мене не ми се јасни како одма му се сснаа на Кире, да го искритикувале. Ко демек Кире има ајкју колку бројот на патиките па не знае дека згрешил во некои ситуации, да го потсетат. Па и пеналите, пеналите се 50/50 ситуација, се случува, ете и му ги препушти на Мојсо потоа. Мислам, ако не се дава поддршка кога нема да успеат (според мене не е ова некој неуспех), тогаш да не се радуваме со нив кога ќе победат, да ги носиме по аватари, да викаме дека се ѕверови, зошто тогаш лесно е, и тие знаат дека успеале, не им треба поддршка.
Ако некогаш почувствувате потреба да му се истурите на некој, само нека ви се вратат сликите на почетокот како ја пееја химната сите, за разлика од на пример фудбалерите кои веројатно ни текстот не го знаат.