Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.
Е во оваа група ни ти Види Фотосе,ни никој не ни помага.Не очекувам ништо да направиме,ќе не тепаат со минимум 15 разлика.
А швабите колку ќе не тепаат ? :pos:
 
задоволен сум од резулатот, и задоволен сум од играта на омилениот мој репрезентативец, 5/6 во првото полувреме битни за нас . браво стевче
БРАВО МАКЕДОНИЈА ! :)
 
Ај ви се молам, што и да сме кажале лошо за Лазаров тоа било во момент на нервоза.
Сепак тој пак ќе остане најдобриот ракометар во нашата репрезентација, нели?
Пак ќе бидеме горди на него дека е најдобриот ракометар во Македонија.. (y)
 
Која металска фаца е тренеров на Шведска брејј :ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Да се разбереме прво, не ми го чачкајте Борко. :pipi:Не дека сакам да имам љубимци, ама го обожавам човекот и супер си ја вршеше работа. Нашите имаа дупки во одбраната, нема 5 раце човекот све да фати. Одличен беше.

Друго, Алушевски кога шутираше, нивниот голман беше во стилот: Не знам кај да фатам. :D

И трето, секогаш кога има првенства каде што настапуваат нашите, аптекиве се многу среќни, тријат раце и ги зголемуваат нарачките за лексилиум.:icon_lol:

Четврто, мислам дека имаа малку трема, може и подобро, ама они се нашите херои и тоа е тоа. Одлични момчиња имаме, да не кажам златни.

Петто, ај што збореа коментаториве за фластерот, не знам дали го приметивте моментот на “треба да се шират“, “треба пошироко“, “Ама мора да се рашират“... Работава шири, шири, шири, весели пешкири....:pos:Игорче ми фали.:place:

Златни момци, ајде можете вие! Македонија ве сака!

ЕДЕН ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДЕН, ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА!
 
Најреално си заврши според мене...на полувреме губевме, пред тоа исклучувањата не искинаа затоа им дозволивме да поведат на полувреме !! Може и во желбата изгореа малку ама секоја чест за момциве изгинаа..грешки некои ситни не треба да се дозволат ... Јоноски според мене може многу да прикаже во одбрана ама Велко Марковски ми беше ко поспан денес не беа лоши ама еден период многу му дадоа простор на тоа дебелиот пикер само од него примавме голови. Стевче беше ѕвер немам коментар ... брзи проигрувања ни фалат да ги збуниме противнициве у одбрана малце и порешителни Кире секоја чест капитенски превзема одговорност, ако промашуваше ама другиве не се ни обидуваа да шутнат. Миркуловски борбен во напад ама неможе одбрана да игра, Наумче пасивен па ќе блесне па пак го нема па пак ќе се врати...Очекував многу од Велко Марковски малку ме разочара а знае многу јака одбрана да изигра... Јоноски стабилен само му требаше помош од Марковски за да биде перфектна одбраната...Борко на моменти паѓаше психолошки како не ни одеше на нас во напад ама одбраните на крај не чинеа бод денес... Темелков не се виде цел натпревар 2 гола најважни ги даде ... Ајде следна со Германија само ЈАКО како со викинзиве или Чешка или Германија мора да паднат до крај !
 
Тоа е тоа. Можевме да победиме ама можевме да изгубиме. Здравје сега другиве да ги делниме.
Во првото не бев задоволен од Борко ама во второто беше добар. Исто и Наумче. А Кире - Кире е светска класа на играч. Можи не беше сјаен ама во дадени ситуации навлекуваше по 2ца играчи на него. Многу го пазеа швеѓаните него па оттука и другите имаа повеќе можност за игра и не зависевме само од Кире. Единствено некако селекторот не ми се допаѓа.
 
да се помочам во коментаторите.....си прават чамче муабет на европско првенство ич нема еуфорија во нив.
 
Единствена замерка која може да се каже за Лазаров е дека не смееше да избрза и да шутне веднаш кога имавме напад за победа при 26-26, пред Швеѓаните да погодат пречка.Можеше барем да се направи акција и да се проигра топката неколку пати.Критика кон Борко не смее да има, човекот изигра сосема солидно.Во секој случај одлична утакмица изиграа нашите денеска, се гледа дека со малку среќа може далеку да стигнеме.Среќа ни требаше и денеска за победа,но не беше на наша страна.Ех, само еден пенал од промашените да беше реализиран... :(
 
Утакмицава ко за прва е одлична,игравме против фаворитот во групата,малку среќа фалеше и да го победиме.Да не е Кире ние ништо не праиме на првенството.Човекот можеби денес се изнапромаши,ама простор отвараше бајаги,имаше и неколку добри шута,сепак подстандардот изигра,он може многу многу повеќе.Со Германија судиите ќе не отворат од глупи фаули,исклучувања седмерци и остали заебанции,па затоа мора да се користат сите шанси,и ако набилдаме резултат мора да го зачуваме(не ко денес 4 разлика да ни анулираат)
Единствена замерка имам кон селекторот,можеби можеше малце подобро да реагира со тајм аутите,ама тоа е он си ја знае работата,така да ќе видиме,од сега само на подобро може да иде.Се ме тера дека следните утакмици ќе ја добиеме и на гол разлика со Шведска ќе се јадеме :)
 
Ne se slgam so tebe

Не се слгам со тебе алушевски ристовски стоиолов ама никако лазров ама затоа ѓерманија ќе ги напуни:)
Можеби не изигра ептен екстара Лазаров ама го даде клучниот гол затоа го пишав него
 
тренеров не го чепкајте
џабе муабет ќе биде тоа, незнае и тој дали е ниш или од дома гледа.
зошто ич не се игра преку крила? темелков топка не фати
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom