Изгубивме 3 бода, а можевме од друга страна и да стартуваме со 0 бода....
Според мене најреално беше нерешено, против Шведска не е мала работа бод да скиниш, ама уште нешто ме копа во душата шо не победивме...
Изиграа машки момците, така треба за светиот дрес на Македонија да се гини до последен момент...
До 20 минута цело време водевме, па на крајот швеѓаните го свртија резултатот и заминаја со +1 на полувреме, второто полувреме одлично го отворивме се до 50 мин негде игравме одлично !!! Па пак Шведска нагази и на 5мин до крај беше 22:25
Е ЗА ТУКА ВИ ВЕЛАМ ДЕКА МОЖЕВМЕ ДА ГО ИЗГУБИМЕ МЕЧОТ !!! Темелков пресечи контра, после и Мојсо даде гол и пак се врати неизвесноста на 2 минути до крајот беше -1
Лазаров слабо денес, ама неможи и ние да чекаме цело време од него, љуфкаше пенали и се изнапромаши други удари, добро беше шо другите играа добро, за пеналите барем брат му Филип да го клаеше Шунда
Барем тој знај дури Филип играше во Пелистер, а тогаш Шунда ни беше тренер Филип немаше промашено пенал, едино во финалето со Металург да не речам го љуфна клучниот
И со Унгарија во квалификациите 100% имаше на пеналите...
Алушот секоја чест
игра како да има 20 години...
П.С. Срам да ви е никој не кладе аватар од него
Мојсо и тој кога беше потребно даваше голој, според мене Алуш и Мојсо беа најдобри денес...
Столе Стоилов баш ме изненади !!!! Супер изигра !!!
Мислев дека на пикер ќе бидиме најслаби и не треба да играме на пикер ама Столе ме изнанади браво !!!
Според мене Димовски е 2 класи над Столе, ама денес изигра машки !!!
И Борко денес одличен на голот
то шо можеше одбрани..
Saber Rider убо кажа погоре требаше одма фластер на Андерсон не отепа тој, не требаше да му дозволиме така лесно да си игра тој. И јас најмногу стравував од Андерсон и Далибор Додер, ама Додер денес тотално беше изгубен 3-4 гола и толку...
За публиката горе-долу беа на ниво денес, се до онај момент кога губевме 22:25 беше тотална тишина !!! Мува да поминеше ќе се слушнеше, ама ко ги стигнавме одма се разбудија. Како и да е овде немаше организирано одење со навивачки групи, така да на трибина имаше и доста деца...
ОДИМЕ НА ПОБЕДА СО ГЕРМАНИЈА !!!