Шагринскa кожа

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Тешко прашање... Зависи од многу работи. Во моментов не би ја зела кожата, ама од кај да знам каков живот ќе живеам за неколку години? Ако сум несреќна, сиромашна, сама, болна (не дај Боже), кожата ќе биде и повеќе од добредојдена!
Што ќе ти е кожата, кога знаеш дека што и да посакаш се исполнува но ти го скратува животот?
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
94
Поени од реакции
3
Koga bi ja imala bi ja iskoristila ,sum za pokratok no ispolnet i sreken zivot
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Многу добра и поучна книга, ја работевме во првото полугодие во I година и имам еден состав поврзан со темата што се разработува во Шагринска кожа.


Дали желбата за моќ, слава и пари “убива”!?


Животот е чуден сплет, чудна мешавина од ликови, настани, човечки судбини. Од една страна животот ја издигнува на пиедестал човековата интелектуална замисла, од друга страна ја понижува мрачната мисла на темниот ум.
Во тие подеми и падови, централната фигура, секако е човекот, оној што мисли, што чувствува, што посакува. Со самото негово постоење е сврзана и неговата желба, неговата надеж за едно подобро утре.
За да се постигне целта, методот не е важен. Барем така е во војната, а често и во љубовта. За човекот да ја оствари својата желба, тој (оној кој цврсто верува во неа) е решен на сè, со помислата “немам што да загубам”. Да се достигне имагинарното совршенство, да им се стави крај на маките и проблемите, да се ужива во моќта, славата и парите е желба на која ретко кој оддолева, на која малкумина останале рамнодушни.
При остварувањето на она за што се мечтае, за што се сонува, се заборава еден исклучително важен сегмент од животот - среќата. Таа е чувство кое му дава смисла на животот, на човекот, на неговото суштествување. Без неа животот е пресушена река, запустено поле, без неа животот како веќе да нема значење, како да го изгубил во бескрајноста на времето.
Да заборави човек на сопствената среќа, да заборави на својата вистинска желба, да заборави кој бил и каде е сега, а да мисли дека постигнал нешто, тој самиот се лаже.
Во романот “Шагринска кожа” многу објективно и живописно е отсликана одисејата на еден таков човек со срушени илузии.
Рафаел де Валентин е човек кој малку добил во животот. За да го оствари својот сон тој посегнува по сé што би му помогнало во тоа. Кога станува богат, ја сфаќа реалноста, ја сфаќа грешката, го сфаќа суровиот дел од животот. Рафаел доцна дознава дека материјалната страна на животот е понизна, безвредна во споредба со духовните вредности на еден човек. Затоа што Бог на секого му дал дарба, му дал талент за нешто. Без разлика на човековата позиција во општествената пирамида.
Да се искористи дарбата, да се работи со труд, да се верува во сопствените потенцијали е добар пат кон среќата, според нечија (моја) дефиниција.
Духовните вредности на човечкото битие се половина од тој пат до среќата. Нивното развивање и нивното значење е огромно. Зашто од нив, и преку нив добиваме желби, добиваме надежи кои подоцна ги забораваме, потпаѓаме под нивната безвредна, опојна напивка.
Суштината на животот не лежи ниту во парите, ниту во блесокот на славата и моќта. Тие “убиваат”, со нив смрттта е бавна, но речиси сигурна. Тие го убиваат човечкото во човекот, тие ја убиваат надежта за живот, во вистинската смисла на зборот.
Како поука за оние кои тргнале по патот на своите желби е и размислувањето на нашиот великан во литературата, Григор Прличев, кој им се восхитувал на оние кои со труд и мака се возвишуваат себеси, а своевидно ги презира другите кои го имаат стекнато своето богатство и слава врз туѓи плеќи и со туѓа пот.
Со други зборови, животот дава можност, а од човекот зависи како тој ќе ја искористи.


Охрид,
13.XII 2006 г.
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
душата ми ја извади професоракта со оваа лектира....сега ти текна да ја раскажуваш?? xD
инаку не да ми треба тоа за да живеам како цар цел живот ама сепак ја земам :) и онака е краток животот :smir:

п.с. не е тигарска туку магарешка кожа.барем тоа го научив xD
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Не ми беше јасно зашто тој типот не посакал желба да се зголеми шагринската кожа бидејќи се смалувала.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
44
Поени од реакции
0
ејј браво за темата, а и книгата е прекрасна немам зборови. А што се однесува на тоа дали би ја земала кожата да ја искористам би рекла не бидејќи мора да бидеме спремни сами да си го осмислиме и исполниме животот, а не само да ја земеме и да ја искористиме на некои авантури пошто не е во тоа смислата на животот. Впрочем тоа е и идејата во романот дека треба да го цениме животот, а шагринската кожа е всушност една симболика т.е. втората шанса за живот која му се дава на главниот лик со цел да ги воочи својата грешка и да ги почувствува дел убавините на животот, но сега по цена на самиот живот кој тој дотогаш не го ценел и се обидел да се самоубие. Затоа живејте си го животот најдобро што можете :helou:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Што ќе ти е кожата, кога знаеш дека што и да посакаш се исполнува но ти го скратува животот?
А што ќе ми се 100 години мизерија???
подобро да живеам кратко но да имам убав живот.Секогаш претпочитам квалитет пред квантитет,што значи да би ја земала но би била внимателна со желбите.:pipi:
 

good girl

Неискусна!
Член од
1 јули 2009
Мислења
66
Поени од реакции
0
Ги имам прочитано скоро сите книги што ни ги бараа за средно, и посебно оваа книга Шангринска кожа ми остана во сеќавње.
Во никој случај не би зела ваква кожа бидејќи како и сите така и јас имам многу желби и многу брзо би дошол крајот на животот, но како и да е мислам дека се што сакаме со многу труд можи да имаме а и животот не би бил интересен доколку се имаме животот е постојана трка со достигнувањето на некоја цел тргнуваме кон друга цел можеби и тоа е она што не одржува во живот.
А кога ќе го добиеме нештото со наш труд само тогаш знаеме да го цениме и вреднуваме.:wink:
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Сигурно ја имате прочитано : Шагринска кожа од Оноре де Балзак.

Еве на кратко што е штосот во книгата за оние кои ја немаат прочитано : еден млад човек, кој е на раб да направи самоубиство, наидува на трговец кој продава Шагринска кожа или во превод би значела кожа на тигар. Оваа Шагринска кожа, ги исполнува сите можни желби, но по цена на животот, што значи со секоја нова исполнета желба се скратува животот.

Е сега прашањево ми е, дали вие ако се најдите во таква ситуација би ја зеле оваа Шагринска кожа?
Би ја зела, претпочитам квалитет пред квантитет.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
секако дека не би ја зел. си го сакам живото таков каков што ми е,а ако сакам подобар ќе си се потрудам сам а не да барам шагринска кожа или златна риба или што ти ја знам што.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Доколку се најдам во ситуација кога не ми е мил животот и размислувам дури и да се самоубијам - би ја зел.

Во моментов уште сум млад и животот е пред мене, не ми се случиле до толку лоши работи за да ми се одмили животот - не ми треба никаква кожа.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Не можи толку буквално да ја сфатиш поентата на книгата. Јас би ја зел кожата, пошто секогаш останува можноста на крајот да не ја посакаш последната желба која би те убила. Значи ќе ги искористам максимум сите желби до нормално последната и се враќам на то шо сум сега. Така да од ваков аспекат погледнато нема негативна страна.

Иначе конкретно на она шо темата треба да е во суштина, квантитет или квалитет?!

Зависи од конкретната ситуација, дали е ден за 10 години или година за две години итн. Колку квалитетно и колку неквалитетно и крај краева одлука е то. па пичкаму матер одлука таква се прај секој ебан ден, да палам цигара или не?! да пијам кафе кока кола или не?! да воза брзо или не?!

А јас лично да речиме трзам накај хедонизам, мада не радикално.
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Мислам дека не би ја зела од причина што размислува на тој начин што се што е постигнато со свој труд колку и да е потешко сепак на крајот ти носи сатисфакција дека нешто си постигнал со сопствена пот и тоа е твој личен успех ,а ако размислувам на друг начин ,како на пример дека можам да си скратам многу маки со помош на кожата,ќе уживам во сите задоволства на животот,но дали е тоа поентата на животот...Иако кожата секако може да "послужи" многу, сепак ,зар некој би се ограничил во желбите?Сепак, мислам дека не се исплати да живееш краток царски живот,отколку долг и "скромен" живот.Како и да е ,никој не може да избега од својата судбина-бар јас така сметам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom