Чудни македонски зборови

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
дајте некое објанување околу потеклото на зборот ЧУШКА:)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Чушка е чашката од некое растение кое прецветало, листовите од цветот испаднале и останала цврстата чашка со семето во неа (пр. : чушка од трендафил, чушка од афион и сл.) ...
Ѕенѕање - нишање, гегање, всушност, влечкање на некоја работа, неажурност. Слично значење има и зборот :
Ганѕање. Од него е изведена и придавката (и именка) - Ганѕало
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
П(а)ртењак-облека дали беше пантол или кошула не се секавам......од дедо ми......често одееше на пазар во Солун.....

или Застра , се мисле на времето пред изгрејксонце......Зора


што ке казете.....
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
па, во право се, некој си го вика стојко, некој стапов, некој пемпеле....
јас обично си викам жими таквоото...каквоото?..онаквоото...ваквоото...
Пишува нешто по ведите, по сурите за cold, coldness, gelatus, gelatine,ζελατίνη.??
Оти нешто плитка им е етимологијата (kal-/*kol-, from PIE root *gel-/*gol- "cold"), а од друга страна славсите ги имаат зборовите залед(и), заледеност, заледина/желето??, ама пак они имаат друга етимологија: "за + лед".
Некој лаже.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
“Желе“ или чуждински кажано “Gell“ е истото она што ние го викаме КАЛ (ГЕЛ=КАЛ), односно, блато...
А можно е и cold да произлегува од col'd, односно - coled... (led=мраз).
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
дајте некое објанување околу потеклото на зборот ЧУШКА:)
јас мислам дека потекнува од зборот ч(к)ус=to suck , suck out , to be sucked up or dried up (by internal inflammation)
зборот чус е сличен на зборот џус=to suck , suck out , to be sucked up
чус=кус(ати)-касати=касање, искасано=празно внатре=to suck , suck out , to be sucked up
потеклото му е од т.н. ИЕ јазик
во русија, чушка е метал кој се дотура одозгора во шупливи делови (?), Отливаетсја в горизонтальном положении в открытој сверху форме (мульде), например на разливочных машинах.http://ru.wikipedia.org/wiki/Чушка_(металлургија)
--- надополнето: 29 февруари 2012 во 09:12 ---
Пишува нешто по ведите, по сурите за cold, coldness, gelatus, gelatine,ζελατίνη.??
Оти нешто плитка им е етимологијата (kal-/*kol-, from PIE root *gel-/*gol- "cold"), а од друга страна славсите ги имаат зборовите залед(и), заледеност, заледина/желето??, ама пак они имаат друга етимологија: "за + лед".
Некој лаже.
има повеќе англиски зборови кои се со потекло од т.н. словенски вокабулар....
посочените зборови имаат префикси, исто како и во гејскиот јазик каде македонски зборови со префикси и суфикси постанале гејски...
за многу луѓе...прифатливо е дека западно европејците-британците живееле од дедо ное времето таму, но тоа не е точно....
друга наука открила дека тие се доселени од подрачјето Кавказ-Турција, можеби и од отаде Кавказ.....
истата наука потврдува дека носители на т.н. ИЕ јазик се словените, другите не ПОСТОЕЛЕ ВО ЕВРОПА.
истата наука потврдува дека на пример црногорците, кои се секако словени, имаат присуство во Европа уште од времето на Неолитот....
ова отвара прашање за тоа колку всушност е стар т.н. ИЕ јазик?
ги спомнуваш ведите...луѓето кои денес го говорат Санскритот се темномурести, нека извинат некои, како ѓупци се....
ние сме бели....за тоа, за таа разлика е потребно време, да речеме 6.000-10.000 год. но ова важи само ако и тие се потврдени од спомнатата наука како изгубено словенско племе измешано со индијците, а засега такво нешто сеуште нема, и додека словени има 270 милиони, тие се само неколку илјади души,...потврда за миксот?
таа, науката, открива дека , бели луѓе, сите словени, до еден, се населувале и во Монголија и Кина.....некои можеби стигнале и до Индија...
и т.н.
овие ЕВРОПЕЈЦИТЕ КОИ НЕ ПОСТОЕЛЕ ВО ЕВРОПА ДО 1.000 ГПНЕ , ТИЕ попат, собирале и зборови.....
п.с.
јас мислам дека сите книги кои обработуваат етимологии на западно европејците, треба да се рециклираат, бидејќи западно европејците НЕ ПОСТОЕЛЕ во времето кога т.н. ИЕ јазик дошол во ЕУ....и прашање- дали воопшто дошол од некаде?
според мене, не дошол од никаде....
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Мазник – баник.
Мандало – едно кусо дрвце што е заковано над патната врата за да се држи вратата и затворена и отворена.
Маткало – непостојан на зборот или лажго.
Меризуа – лежи стадо со овци под сенка, во жешко време.
Мечќина нога – еден вид баник, сличен на мечкина нога.
Мижи-татарка – игра, едно момче да мижи и другите да се кријат, на змичка.
Митокос – наспроти или чапрашик му излезе.
Млечник – пита со јајца и млеко.
Мливо – жито што се носи во воденица да се меле.
Момок – слуга на чифлик.
Мостопитен – леб што не се пече убаво (од намокрено жито).
Мрглао – извалкано, лекелисано.
Мрмори – чита поп (по чевларски).
Мрткало – зевзек, непристоен.
Муара – мрак.
Мунѕосај го – удри го оддалеку со прстите.
Навилец – купчиња од окосено сено.
Навралиште – натрапено.
Нагазиште – настапено ноќе.
Назадгазум – назад да оди.
Назорум – зад него.
Налејште – талог.
Налуничав – мрднат со умот.
Наменичав – како полуслеп.
Намесничао – жито ретко никнато.
Напоречќи – накрово го гледа.
Нарамник – еднаш да дигнеш дрва.
Нареда – детородните органи.
Надоксан – недугав.
Некни – оној ден.
Обацан – извалкан, окален.
Одобрено – болест кога му е отечен мевот.
Одонде – од спротивната страна.
Ојле – безобразен човек.
Окрш – раскошна веселба.
Оплато – голема бурма (сврдел).
Орница – изорана нива и непосеана.
Оросан – прав од истолчена керамида.
Осмак – половина кило (мера за жито).
Падина – место рамно во гората.
Пазнокти - малите нокти на куче и од друго.
Пазумарка – џеб на левата страна од алиштето.
Панагон - притурено дрво на товарен добиток (за дрварина).
Папаица – леб убав, подигнат. Еден леб како папаица се испекол.
Параспур - посеаното жито во една нива дадена од стопанот на својот момок.
Пасомце – едно чиле од преѓа.
Паспал – брашното што се собира околу обрачот на воденичниот камен кога меле.
Патеричка – лозовите жили, со кои се врзува за што ќе се најде.
Петкоен – Св. Параскева (Петковден).
Песинокти – малите спици што испакнуваат над ноктите.
Пиже – џуџе.
Пирле – една парченце керамида на кое се тураат пари кога децата ја играат играта наречена пирле.
Повод – прачка лозова поведена од ќутукот за да расте.
Повојница – кога одат жени со гозба кај жена леунка.
Подвал – големи две дрва што се тураат под бочвите.
Подвески – врзалки под колената на нозете.
Подлетарче – малечко врапче кога се учи да лета.
Подлошќи – кожени парченца турени во искинатите опинци и двете парченца штички што ги гази жената кога ткае.
Пакосница – се наежи.
Полебно или прелебно – продупено дрво.
Полог – јајцето што се тура за да неси кокошката.
Понадвор –дрскавец.
Пониква – помеѓу ципата човечка се прави еден оток како краставица.
Поручек – појадок.
Посатка – покуќнина.
Посипалник – посна пита (специјална).
Последок – ципата што останува во плодницата, откако ќе се роди детето, задржана за папокот.
Посоп – брашното со кое посолуваат кога месат и размесуваат леб.
Постришци – парченца волна, потстрижена околу опашката на овцата и од други места.
Потка – едно купче базје или земја, белег на забранета ливада.
Починќи – остатоци од отсеано жито.
Присој – спроти сонцето.
Проодиа – подарок кога се годува некоја мома.
Прпувче – најмало оревче или костенче. Ми даде едно прпувче.
Пченќи – коприви ситни во лисјата.
Пцоменик – леб од трици за кучињата.
http://www.mn.mk/kultura/5895-Dijalektoloski-prilozi-zborovi-i-frazi-od-prilepsko
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Чепкање нос е чинот на вадење на мукус
Мукусот е популарно наречен „мрсул“, но овој збор се смета за непристоен.

Но, јас имам слушнато дека наместо мрсул се вели смргул
Познат ли ви е овој збор?
плус, ме интересира како во Бугарија се нарекува истиот(ако знае некој нека пише)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
дребни
дребно
дреболии

(ситни- ситници)
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Чепкање нос е чинот на вадење на мукус
Мукусот е популарно наречен „мрсул“, но овој збор се смета за непристоен.

Но, јас имам слушнато дека наместо мрсул се вели смргул
Познат ли ви е овој збор?
плус, ме интересира како во Бугарија се нарекува истиот(ако знае некој нека пише)
Вика се М'рсол и уште Сопол
 
Член од
4 септември 2012
Мислења
180
Поени од реакции
105
Не сум го слушал, но не е исклучено некаде да се користи. Ми се чини дека коренот на зборот е смрди (мириса лошо), така што е сосема нормално некаде да се користи наместо сопол или м`рсол. Мрсен и смрдлив се смислово слични. Се сеќавам за селото Смрдеш во Егејска.
 
Член од
4 септември 2012
Мислења
180
Поени од реакции
105
смргул
прашувам за ова
Уште нешто се сеќавам. Во бугарскиот јазик сификс'т "-ул, ол, 'л, ел" се користел за создавање на отглаголни именки и сега се среќава исклучиво во стари зборови или зборови со старинно потекло, но речиси не се користи при создавање на нови зборови. На мене "смргул" ми личи на нешто слично. Кажи како е кај вас и ако ако не те отежнува нешто за јазол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom