Мазник – баник.
Мандало – едно кусо дрвце што е заковано над патната врата за да се држи вратата и затворена и отворена.
Маткало – непостојан на зборот или лажго.
Меризуа – лежи стадо со овци под сенка, во жешко време.
Мечќина нога – еден вид баник, сличен на мечкина нога.
Мижи-татарка – игра, едно момче да мижи и другите да се кријат, на змичка.
Митокос – наспроти или чапрашик му излезе.
Млечник – пита со јајца и млеко.
Мливо – жито што се носи во воденица да се меле.
Момок – слуга на чифлик.
Мостопитен – леб што не се пече убаво (од намокрено жито).
Мрглао – извалкано, лекелисано.
Мрмори – чита поп (по чевларски).
Мрткало – зевзек, непристоен.
Муара – мрак.
Мунѕосај го – удри го оддалеку со прстите.
Навилец – купчиња од окосено сено.
Навралиште – натрапено.
Нагазиште – настапено ноќе.
Назадгазум – назад да оди.
Назорум – зад него.
Налејште – талог.
Налуничав – мрднат со умот.
Наменичав – како полуслеп.
Намесничао – жито ретко никнато.
Напоречќи – накрово го гледа.
Нарамник – еднаш да дигнеш дрва.
Нареда – детородните органи.
Надоксан – недугав.
Некни – оној ден.
Обацан – извалкан, окален.
Одобрено – болест кога му е отечен мевот.
Одонде – од спротивната страна.
Ојле – безобразен човек.
Окрш – раскошна веселба.
Оплато – голема бурма (сврдел).
Орница – изорана нива и непосеана.
Оросан – прав од истолчена керамида.
Осмак – половина кило (мера за жито).
Падина – место рамно во гората.
Пазнокти - малите нокти на куче и од друго.
Пазумарка – џеб на левата страна од алиштето.
Панагон - притурено дрво на товарен добиток (за дрварина).
Папаица – леб убав, подигнат. Еден леб како папаица се испекол.
Параспур - посеаното жито во една нива дадена од стопанот на својот момок.
Пасомце – едно чиле од преѓа.
Паспал – брашното што се собира околу обрачот на воденичниот камен кога меле.
Патеричка – лозовите жили, со кои се врзува за што ќе се најде.
Петкоен – Св. Параскева (Петковден).
Песинокти – малите спици што испакнуваат над ноктите.
Пиже – џуџе.
Пирле – една парченце керамида на кое се тураат пари кога децата ја играат играта наречена пирле.
Повод – прачка лозова поведена од ќутукот за да расте.
Повојница – кога одат жени со гозба кај жена леунка.
Подвал – големи две дрва што се тураат под бочвите.
Подвески – врзалки под колената на нозете.
Подлетарче – малечко врапче кога се учи да лета.
Подлошќи – кожени парченца турени во искинатите опинци и двете парченца штички што ги гази жената кога ткае.
Пакосница – се наежи.
Полебно или прелебно – продупено дрво.
Полог – јајцето што се тура за да неси кокошката.
Понадвор –дрскавец.
Пониква – помеѓу ципата човечка се прави еден оток како краставица.
Поручек – појадок.
Посатка – покуќнина.
Посипалник – посна пита (специјална).
Последок – ципата што останува во плодницата, откако ќе се роди детето, задржана за папокот.
Посоп – брашното со кое посолуваат кога месат и размесуваат леб.
Постришци – парченца волна, потстрижена околу опашката на овцата и од други места.
Потка – едно купче базје или земја, белег на забранета ливада.
Починќи – остатоци од отсеано жито.
Присој – спроти сонцето.
Проодиа – подарок кога се годува некоја мома.
Прпувче – најмало оревче или костенче. Ми даде едно прпувче.
Пченќи – коприви ситни во лисјата.
Пцоменик – леб од трици за кучињата.
http://www.mn.mk/kultura/5895-Dijalektoloski-prilozi-zborovi-i-frazi-od-prilepsko