Самите по своја слободна волја, дадена од бога затоа што не' љуби, се поделуваме. Не не поделил Тој.pearl напиша:Само Бог не' дели во две групи. Но, од која причина?
Мислам дека Риал Гирл не пристрасно, како човек одстрана ( а не приврзани на едниот или другиот ја оценуваше постапката на Луцифер ). Самото тоа не значи дека таа верувала во Луцифер.Thief напиша:Ах, ќе гориш ти во пеколот.
Туку, шегата настрана...
Не е тука темата за вакви дискусии (теистичко-атеистички), инаку да ме запознаеше пред година-две, ќе видеше кој е најголемиот атеист по сите напоредници и мердијани. Конвертит сум, ама и апостол Павле бил.
Еве, јас сум атеист (ме тераш да користам времеплов и да се вратам во едно друго време). Зарем ти како атеист не си приврзаник на доброто? Зарем не си против алчноста, подлоста и злото? Зарем ја оправдуваш постапката на Луцифер да заземе место кое не го заслужува, за кое не е достоен? Зарем си ан негова страна само од омраза кон Бога, а со прикриен и лажен атеизам? Ако си на страната на Луцифер, тогаш не си атеист, туку сатанист. Бивајќи сатанист, индиректно го признаваш постоењето Господово.
Но, мене ме интересира дали им веруваш на твоите дома? На љубениот? На брат/сестра (ако имаш)? Дали веруваш кому било? Атеизмот претпоставува неверување, а не нерелигиозност за што претпоставувам дека кај тебе се работи.
И, ако прочита подобро, Бог не е чичко со долга бела бреда, ами универзален дух (spiritus universalis). Бог, на некој чудесен и само нему познат начин сме и ти и јас.
И, еден навистна искрен совет од чичко Тиф: Атеизмот е најлошата работа. Човек кој не верува, практично не постои. Ти постоиш и веруваш. Не нарекувај се со име што не си.
Да му се сневиди. Вметнат израз во реченицата, е издвоен со запирки. Извади го тоа што е помеѓу запирките и реченицата ќе ти стане поедноставна за разбирање. Не спојувај (преку болдирање), делови што не прават целина, за да им дадеш неразбирливо значење.pearl напиша:Ај болдираното објасни го поубаво. Ама со пример и просто, прволаче да може да те разбере.
Freedom of choice, not subjugation due to mass belief!pearl напиша:Точно, ми дава слобода да изберам, но ако не го послушам неговото, тогаш ќе горам во Пеколот, нели? Зошто казна за оние кои не бираат како него?
Едиt: Oк е сега, погрешно сум прочитала.
А ти си го запознал Луцифер? Зошто не ни кажеш некоја случка од муабетите?Brailovo напиша:Pearl , kako prvo ti vo ovoj i vo sekoj nareden moment postois oti Bog ti ja dava energijata vo sekoj moment . Bog e rakata koja te hrani i pravi da si nesto , a ne nishto. A on na tebe ne ti dolzi ama bas nishto. I pak si neblagodarna i ne gledam deka se trudis da sfatis. Ako Bog te napushti barem vo eden moment ti bi se raspadnala . Bog te saka i ti dava pravo na izbor - dali da nasledis vecna sreka usovrsuvajki se po negovite zapovedi vo Crkvata cija glava e Hristos ili da se otseces od grankata koja te hrani so zivotonosen sok. Ti si kako list na taa granka i po tvoj izbor mozes samata da se otseces od nea.
A ti ocigledno ne si go zapoznala Lucifer ili nekoj od negovite. Se nadevam deka ke go zapoznaes , uste vo ovoj preoden zivot , pa nema da bides neblagodarna kon Onoj koj nikogas ne napravi grev , i Koj se dade Sebesi za da ne ocisti nas gordite i padnatite po priroda po nasa vina . Zar toa sto Toj stradase zaradi coveckiot rod ne ti znaci nesto. Ili poveke ti e mil covekoubiecot , tatkoto na lagata i izvorot na site nesreki vo vselenata.
No , pokraj toa sekoj ima slobodna volja.
Samo edno neka bide jasno. Vo Lucifer nema zivot. Toj nemoze da sozdade zivot. Koj saka neka go obozava Lucifer, samo neka znae deka so toa sam ke se otsece od Izvorot na zivotot, od ljubovta i pravdata, i zatoa postoenjeto negovo ke se pretvora vo vecno i hronicno gladuvanje za Zivot , ljubov i sreka odnosno vo pekol.
Ти или не читаш добро или слабо ти работи текнувалото. Тебе ти е дадена слободна волја како и на сите нас, покрај тоа треба да бидеш благодарна што ти е дадено тело и дух за да живееш, бидејќи твојата независност која ја бараш е смрт, ама не телесна туку душевна смрт, непостоење. Еден ден овој свет ќе го снема, за да биде создаден нов свет во кој ќе нема плач, болка, лага, смрт. Доколку ти биде дадена, твојата независност ќе изчезне со овој свет.pearl напиша:Туку, кажи ми зошто ти самиот за себе си мислиш дека си ништо, а некој друг те прави да бидеш нешто? Зошто потчинување? И повторно никој од вас не ми даде одговор на прашањето; зошто Бог нас луѓето не направил зависни од него, зошто нашиот живот зависи од него, зошто не е великодушен изворот на животот да го положи во секој од нас, да живееме, да се храниме сами од себе? Зошто само за него ја чува Моќта на Создавање, моќта за севишност? Ниту ја дава на луѓето, ниту му ја дал на Луцифер додека му бил десна рака. Да не можеби е себичен или пак неверен? Немој да се збуниш, не е констатација, туку само прашање.
Друго, каде е изборот што Бог ни' го дава? Јас колку што знам или ќе живееш по заповедите или ќе гориш во Пеколот. Или поинаку кажано, His way or the highway Зошто не' лимитира само на оние заповеди кои тој ги кажал? Зошто не ни' дозволи самите да го побараме доброто на наш сопствен начин?
Инаку, за она со гранката и листот, еве една друга асоцијација. Јас сум цреша, се оддавам, паѓам на земјата и од мојата семка раѓам ново дрво, нов живот, нова иднина, нова ИДЕЈА, а од нив се плашат сите, нели? Не чини премногу да се мисли
Јас секој ден го запознавам Луцифер, нели реков дека го во носам во себе, исто како и Бог
Мене ми е најмил човекот, бидејќи тој е носител и на вистината и на лагата и на страдањето и на доброто и на лошото, се' е во нас.
Ако навистина имам своја воља, тоа погоре е она во што јас одлучувам да верувам. Кажи ми, правилно е или погрешно?
Внимавај што и како пишуваш, деца читаат, ќе ги уплашиш, а стравот не чини за било што
Не можел да направи ништо со небото затоа што немал власт, пак размислуваш површно. Веројатно ќе прашуваш уште стопати и пак нема да ти биде јасно, ова не е политика и овде немаат политички програми (кои многу те затруле, па сега од се нешто бараш кој што ветил и кој што ќе направел). Ништо не сакал да направи ни со лугето затоа што човекот бил создаден после неговото протерување од небото т.е. после неговиот пад.pearl напиша:Инаку, можеш да ми одговориш што сакал да направи Луцифер со небото, која му била идејата? Прашав неколку пати, ама не добив одговор. Што сакал да направи со луѓето? Знаеш да кажеш што пишува за тоа во Библијата или пак ќе останеме само на она дека се возгордеал (без причина и објаснување:wink, па му стајле сопка? Сакам да знам. Што пишува за тоа.... Луцифер сакал да стане Бог, за да потоа прави тоа и тоа...знае некој да каже?