Не бранам јас никаква политика, туку си ги искажувам моите ставови.
Предлогот предвидуваше:
- Република Македонија (Скопје) или Англиска верзија ,
Republic Of Macedonia (Skopje), секаде каде што сме FYROM.
- Republic Of Macedonia за државите кои не признале под уставното име.
- Republic Of Macedonia (Skopje) за државите кои сега не нарекуваат FYROM.
- Република Македонија за внатрешна употреба, што ќе значи и неменување на уставот.
- Неменување на јазикот и националноста.
Предлогот не беше совршен, но со мала доработка ќе беше достоен.
Би те прашал, каде ние сега имаме ексклузивитет на терминот Macedonia, освен тука во Македонија ?
Не можеш да изгубиш нешто што си го немал.
.
Не те мислев за толку глуп или наивен, незнам кое од двете.
Пази, “мала доработка“.. ти кај живееш, па по твоја волја ќе се обликува предлогот.
Она што не си го сфатил од предлогот на Нимиз над кој се пењавиш цело време:
I - Овие Страни ја изразуваат
желбата за решавање на разликите во врска со прашањето за „името“ во духот на добрососедските односи и пријателство, имајќи го предвид вишиот интерес за мир и безбедност, како помеѓу двете земји, така и во регионот;
Што мислиш за ова, кој че биде тој што ќе биде уценет да “покаже желба“?
II - Од Генералниот секретар на ООН се бара да ги изложи пред Советот за безбедност заклучоците на овие соговорници и да побара од Советот за безбедност да усвои резолуција со долунаведената цел во врска со резолуциите 845 (1993) и 817 (1993).
1.
Се признава дека трите административни делови на Првата страна се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија и дека територијата на
Првата страна опфаќа дел од историската Македонија.
2. Се признава дека уставното име на Втората страна е Република Македонија и дека територијата на
Втората страна опфаќа дел од историската Македонија.
3. Покрај уставното име на Втората страна, името на Втората страна, кое се употребува меѓународно („Официјално меѓународно име“), како што се опишува подолу ќе биде: (види во анексот 1).
4. Официјалното меѓународно име ќе го замени „Поранешна Југословенска Република Македонија“,
како официјално име на Втората страна во ООН автоматски, веднаш.
5. Официјалното меѓународно име ќе се употребува како име на Втората страна: а)
во мултилатералните договори, спогодби и конвенции,
б)
пасоши и
<------------------------------------------------------------------ Менување Устав
в)
за пристапување и официјална употреба во меѓународни организации.
6. Се предлага
официјалното меѓународно име да биде разгледано за употреба во други официјални меѓународни околности
и во службена билатерална меѓународна употреба.
Официјалното меѓународно име исто така може да се употребува таму каде што се смета за целисходно во скратени облици (акроним) во согласност со востановената пракса, која важи во кои било меѓународни организации и доследно со прифатената пракса што се применува генерално од државите, освен од тие што се споменуваат во параграфот 7.
7. Зборот
„Македонија“ самиот по себе не ќе треба да се признава како официјално име, типично или атипично,
за Втората страна, или како официјално име на која било друга држава.
8.
Ниту една од државите сама по себе нема да има ексклузивни права, политички или економски, врз името
„Македонија“ или
„Македонски“.
Тоа значи дека ние не можеме да користиме термин македонски народ, македонска нација, македонски јазик во отслик на нашиот идентитет.
9.
„Македонија“ и „Македонски“ може да се употребуваат во економска смисла од двете Страни и од страна на граѓаните или организирани групи
правно признати од двете Страни, но само според постојната меѓународна легислатива, врз база на договори и пракса
што се однесуваат на употребата на географски имиња за економски или слична цел.
Значи мора да имаме согласност од Првата страна - Грција, за користење на Македонија и Македонски.
Тоа значи дека може да се каже македонско вино, македонски патлиџан, но според член 8 не може да се користи македонска нација, македонски јазик и македонско државјанство.
III - Секоја Страна строго ќе се придржува до условите на Непосредната спогодба од 13 септември 1995, освен до тие што се видоизменети подолу.
IV - Секоја од Страните отфрла секакви територијални претензии кон другата Страна и
нема да поддржува каква било иредентистичка изјава на ниту еден официјален начин и ќе дејствува во правец на обесхрабрување на каков било сличен тврд радикализам, зашто се претполага дека ќе дејствуваат за сметка на или во интерес на таа Страна.
Дали знаеш на што не обврзува ова?
V - Страните ќе го изразуваат својот предлог за приближување на разговорите до степен на договор,
било за заедничка декларација и ќе ја потврдат својата желба за зајакнување мирољубиви и блиски меѓусебни односи, да изразуваат меѓусебна почит на суверенитетот и територијалниот интегритет,
културното наследство и да го потврдат својот придонес за тесна соработка за безбедносните прашања и економскиот развој, како и други прашања од заеднички интерес.
VI - Страните ќе го изразат својот предлог да почнат разговори за создавање една заедничка комисија, која ќе испитува и ќе дава сугестии во врска со прашања од културата и образованието, така што ќе доставуваат предлози до комисијата.
VII - Првата Страна ќе ги поддржува барањата на Втората страна под официјалното меѓународно име за прием во заедничките регионални и меѓународни организации, вклучително Европската Унија и Северноатлантскиот пакт.
VIII - Втората страна ќе бара од надлежните административни власти да го преиспитаат именувањето на националните аеродроми,
имајќи ја предвид вознемиреноста (чувствителноста) на Првата страна.
А Грчкиот Аеродром и Универзитет...??
IX - Втората страна ќе дејствува преку уставните процедури за спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност, која се споменува во горенаведениот параграф 2, за да се обезбеди, според нејзината легислатива, прифаќање на официјалното меѓународно име за службена меѓународна употреба, како што се предвидува со резолуцијата на Советот за безбедност.