Joakim
Skopjanecot
- Член од
- 17 јули 2008
- Мислења
- 534
- Поени од реакции
- 71
Во денешна Нова Македонија излезе доста контроверзна статија :
Македонија Едвард Џозеф лобира за да биде советник на Обама за Македонија
Едвард Џозеф, поранешниот директор на Меѓународната кризна група за Македонија, многу агресивно лобирал кај новата американска администрација на Барак Обама да ја добие функцијата советник за надворешна политика задолжен за Македонија.
Џозеф, според извори на „Нова Македонија“ во Вашингтон, се претставувал како најдобар познавач на условите во земјава и најпогодна личност за таа улога. Паралелно со напорите да биде дел новата администрација, Џозеф се обидувал во Македонија да дојде и како специјален пратеник на МКГ.
Сем Вакнин, политички и економски аналитичар, кој работи и живее во Македонија, вчера на повеќе адреси испрати порака дека Американците планираат да испратат агенти за промена на режимот во Македонија. Меѓународната кризна група (МКГ) со Едвард Џозеф како специјален консултант наскоро ќе ја почне таа операција во земјава.
Вакнин тврди дека историјата на дејствувањето на Џозеф во Македонија говори дека тој, во најмала рака, не е симпатизер на сегашната власт, особено не на премиерот Никола Груевски. Оттаму, Вакнин смета дека доаѓањето на Џозеф во земјава би било само во улога на агент за промена на режимот.
Едвард Џозеф има поминато повеќе ед една деценија на Балканот, како припадник на американската армија, потоа во регионалната канцеларија на ООН, а од 2001 до 2003 година како претседател на Меѓународната кризна група за Македонија. Бил предавач на универзитетот во Вашингтон, а работел и како советник за демократија на преодната влада на Ирак.
извор http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&EditionID=227&top=1&ArticleID=10729