Цитати

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
"Today me will live in the moment unless it's unpleasant in which case me will eat a cookie."​
"C is for cookie and cookie is for me."​

Cookie Monster
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Jа губиш пријателе. Полека но сигурно ја губиш. Твојата преголема гордост, ладнокрвност и незаинтересираност ја убиваат. Убаво рекле "не си свесен што имаш додека не го изгубиш".. Tи пријателе не си свесен дека до себе имаш мало срце исполнето со огромна љубов. Срце кое искрено те сака. Душа која не може без тебе. Тело кое копнее по твојот допир. Раце кои едвај чекаат да те прегрнат.. Не си свесен дека ја имаш среќата во рацете. Држи ја цврсто и не оставај ја така лесно да замине од тебе. Научи да го цениш и почитуваш она што го имаш бидејќи ти пријателе, барајќи ги ѕвездите ја губиш месечината. И ќе го сфатиш тоа, но ќе биде доцна пријателе. Доцна...

~ Игор Џамбазов ~'

Извор
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Always try to keep a patch of sky above your life.
Marcel Proust, Swann's Way


"We are not provided with wisdom, we must discover it for ourselves, after a journey through the wilderness which no one else can take for us, an effort which no one can spare us."

Marcel Proust, Within a Budding Grove
 
Член од
6 јули 2013
Мислења
86
Поени од реакции
204
Дождот врне и цвеќињата цветаат. Без дожд се пресушуваат.
Гуштерите ги јадат инсектите, птиците ги јадат гуштерите. Но на крајот сите до последниот умираат. Умираат и пресушуваат.
Нашата генерација умира, а следната го зазема нашето место. Така е тоа.
Има голем број на различни начини да се живее. И голем број начини да се умре.
Но на крајот е сосем сеедно. Само сите исчезнуваат.
Некои работи едноставно исчезнуваат како да ги отсекол некој. Некои полека избледуваат и се губат во ретка магла.
Останува само пустината...


- Х.Мураками
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
13.136
Неколку цитати од Шега од маестралниот Милан Кундера

Only the basic situations in life occur only once, never to return. For a man to be a man, he must be fully aware of this never-to-return.

“I was not a hypocrite, with one real face and several false ones. I had several faces because I was young and didn't know who I was or wanted to be.”

“A great deal has been said about love at first sight; I am perfectly aware of love's retrospective tendency to make a legend of itself, turn its beginnings into myth; so I don't want to assert that it was love; but I have no doubt there was a kind of clairvoyance at work: I immediately felt, sensed, grasped the essence of Lucie's being or, to be more precise, the essence of what she was later to become for me; Lucie had revealed herself to me the way religious truth reveals itself.”

What I love in a woman is not what she is in and for herself, but the side of herself she turns towards me, what she is for me. I love her as character in our common love story. what wuld Hamlet be without the castle at Elsinore, without Ophelia, without all the concrete situations he goes through, what would he be without the text of his part? What would be left but an empty, dumb, illusory essence?


“Youth is terrible: it is a stage trod by children in buskins and a variety of costumes mouthing speeches they've memorized and fanatically believe but only half understand. And history is terrible because it so often ends up a playground for the immature; a playground for the young Nero, a playground for the young Bonaparte, a playground for the easily roused mobs of children whose simulated passions and simplistic poses suddenly metamorphose into a catastrophically real reality.”
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
" За религиозен човек, без разлика дали е "верник" или не, животот е проблем: самото раѓање наметнува прашање на кое тој мора да најде одговор. Значи, најважна задача во неговиот живот е да пронајде одговор на тоа прашање; не само во умот туку со целото негово битие, со неговиот начин на живот. Тој чувствува длабоки егзистенцијалистички дихотомии кои го притискаат животот: помеѓу тоа да бидеме слободни, а сепак детерминирани; полни со знаење,а сепак големи незнајковци; одвоени, а сепак соединети. Неговата активност е насочена кон пронаоѓање на оптимално решение за тие контрадикции. Тој истовремено знае дека нема решение, а сепак, не постои друга цел во неговиот живот која е поважна од тоа настојување. "

"Дихотомијата на нашето мислење, дихотомијата меѓу умот и интелектот кој рационализира, е израз на основната дихотомија на човекот, силната потреба за поврзаност и потребата за слобода. Растот и целосниот развој на умот зависат од постигнувањето целосна слобода и независност. Се` додека тоа не е постигнато, човекот ќе се стреми да го прифати како вистина она што мнозинството во неговата група сака да биде вистина, неговото расудување е ограничено од потребата за контакт со групата и од стравот да биде изолиран од неа. Ретки се поединците кои можат да ја поднесат таа изолација и да ја кажат вистината, иако може да бидат доведени во опасност од губење на контактот. Тоа се вистинските херои на човечкиот род. За големиот број на луѓе кои не се херои, развојот на умот зависи од воспитувањето во општествен поредок во кој секој поединец ќе ужива комплетно почитување и нема да биде претворен во орудие на државата или на некоја друга група, општествен поредок во кој човекот може слободно да го изнесува своето мислење, во кој потрагата по вистина не го изолира човекот од неговите браќа, туку го развива чувството на единство со нив. "

" Заповедта "љуби го ближниот свој, како самиот себе" е основен заеднички принцип на сите големи религии, со мали разлики во формулацијата. Но навистина би било тешко да се сфати зошто сите големи духовни лидери на човечкиот род барале од човекот да сака кога љубовта би била толку лесно достигнување, како што мислат голем број луѓе. Што нарекуваат тие љубов? Зависноста, подложноста, неспособноста човек да се оддалечи од добро познатото стадо, доминацијата, посесивноста и желбата за власт - сето тоа се доживува како љубов, сексуалниот нагон и неспособноста да се биде сам се сметаат за докази за големата способност за љубов. Луѓето веруваат дека е едноставно да се сака, но дека е тешко да се биде сакан. Во нашата пазарна ориентација луѓето сметаат дека не се сакани затоа што не се доволно 'атрактивни', со тоа што во поимот атрактивност влегува се`: од изгледот, облеката, парите, па до општествената положба и престижот. Тие не знаат дека вистинскиот проблем не е во тоа да се биде сакан, туку да се сака; дека сме сакани само ако можеме да сакаме, ако способноста за љубење поттикнува љубов кај друг човек, не знаат дека способноста за љубов - не за нејзините лаги - е најтешкото достигнување. "

- од "Психоанализа и Религија" (Ерих Фром)
 

Lyn

Член од
29 јануари 2010
Мислења
257
Поени од реакции
619
„Јас штом не те гледам пред себе, веднаш чувствувам омраза кон тебе, Лаве Николаевич. Сите овие три месеци кои не те имам видено, секој миг ти се лутев, жими Бога. Просто би те зел и би те отрул со нешто! Ете како. Сега, ти не седиш со мене ни петнаесет минути, а веќе сета моја омраза минува и ти си одново како и порано драг. Поседи со мене.“

„Добро, кажете ми самите, како мислите вие: како ќе биде најдобро да умрам?... То ест за да излезе колку што може... подобродетелно? Ајде, кажете ми!
-Минете крај нас и простете ни ја нашата среќа!- проговори кнезот со тивок глас.“ - Идиот, Достоевски

„Затоа што кога еднаш ќе летнам кон бездната, тогаш летам право, стрмоглаво и со стапалата нагоре, и дури сум задоволен што паѓам токму во таква понижувачка положба и тоа го сметам за нешто убаво. И ете, токму во таа срамота, наеднаш започнувам химна.“ -„Браќа Карамазови“

'Или ти се допаѓа некој или не. Ако ти се допаѓа, зборуваш цело време и другите едвај можат да кажат збор. Ако не ти се допаѓа некој - што се случува најчесто - тогаш само седиш како самата смрт и ја оставаш личноста со зборување да се однесе себеси во дупка.' - Селинџер

„Денот помина, така како што деновите и си минуваат; јас некако го преживеав, тивко го убив со онаа моја примитивна и плашлива животна умешност.“- Степскиот волк, Хесе
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
"Што знаеш ти за мене?" Што знаеш ти за тоа кога во животот во кој сѐ станало проблематично, ќе влезе љубовта? Што е во однос на тоа твојот евтин занес? Кога од непрестајно надевање, одеднаш настанува застој, кога бесконечното Зошто ќе стане конечно Ти, кога, како фатаморгана над пустината на молчењето, наеднаш ќе се надвие чувство, ќе се обликува, и измамничкото привидување на крв над немоќните раце ќе стане предел кон кој сите соништа се бледи и граѓански? Предел од сребро, град од филигран и розов билјур, блескав како најсјајниот одблесок од вжарената крв - што знаеш ти за тоа? Мислиш ли ти дека веднаш може да се зборува за тоа? Дека пребрзиот јазик веднаш може да го смести во клишеата на зборовите и на самите чувства? Што знаеш ти за тоа кога ќе се отворат гробовите и кога во страв се стои над многубројните безбојни ноќи на вчерашнината - а сепак се отвораат и во нив не останува веќе ниту еден костур, само уште земја има во нив. Земја, плоден никулец и веќе првото зеленило. Што знаеш ти за тоа? Ти го сакаш занесот, совладувањето, туѓото Ти, кое сака да ти исчезне, а никогаш нема да исчезне, ти ја сакаш бурната измама на крвта, ама срцето ќе ти остане празно - бидејќи во човекот не останува ништо, освен тоа што расте во него. А во бурата не расте многу. Празните ноќи на самотија се време кога расте - ако не очајуваш. Што знаеш ти за тоа?"

Триумфална капија
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.825
Поени од реакции
10.982
Уф Mary Poppins ме погоди, една од омилените книги од Ремарк, ме потсети на друга негова, пократка али добра мисла.

Љубовта е само факел кој додека паѓа во некоја дупка ни покажува колку е таа (дупката) длабока.

Мислам дека беше од Povratak (The Road Back) на српски ги имам де.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
,,Ах, ти сакаш да кажеш зошто сето ова. Кој да знае, јас мислам дека ни ти ни јас не сме премногу виновни. Не сме возрасни, Лусија. Тоа е заслуга што се плаќа скапо. Децата секогаш си ги корнат косите откако ќе си поиграат. Веројатно е нешто слично... ,,

Куцкамен - Хулио Кортасар
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
„Ние живееме заедно, дејствуваме и реагираме еден на друг; но, секогаш и во сите околности ние сме сами. Мачениците одат рака под рака во арената; ги распнуваат сами. Прегрнати, љубовниците очајно се обидуваат да ги спојат своите изолирани екстази во една единствена самострансцеденција; залудно.
По својата единствена природа секој отелотворен дух е проколнат да пати и ужива во својата самотија. Чувствата, сетилата, погледите, мечтите-сите тие се лични и освен преку симболите и од втора така, тие се неискажливи. Ние можеме да собираме информации за доживувањата, но никогаш самите доживувања. Од семејството до нацијата, секоја човечка група е општество на изолирани универзуми.“

„Вратите на перцепцијата“-Олдус Хаксли
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
„Човек никогаш не може да знае што да сака, зашто живее само еден живот и никако не може да го спореди со своите претходни животи, ниту да го поправи во следните животи.
Дали е подобро да биде со Тереза, или да остане сам?
Нема никаква можност да се провери која одлука е подобра, зашто не постои никаква споредба. Човек доживува сѐ за првпат и без подготовка. Како глумец што игра претстава без каква било проба. Па, тогаш, колку вреди животот, ако првата проба на животот е веќе самиот живот? Затоа, животот е секогаш сличен на скица. Само, ни „скица“ не е вистински збор, зашто скицата е секогаш нацрт за нешто, подготовка за слика, а скицата што е нашиот живот, не е скица на ништо, тоа е нацрт без слика.
Einmal ist keinmal, си повторува Томаш како во германската пословица. Тоа што се случува еднаш, како никогаш да не се случило. Ако човекот може да живее само еден живот, тоа е како воопшто да не живее.“

„Секој ученик може да прави експерименти на часот по физика за да се увери дали одредена научна хипотеза е вистинита. Но, бидејќи човекот живее само еден живот, нема никаква можност да ја потврди хипотезата и затоа никогаш нема да дознае дали требало, или не требало да го следи своето чувство.“

„Би било глупаво писателот да се обиде да го убеди читателот дека неговите ликови навистина живееле. Не се родиле од телото на мајка, туку од една или две сугестивни реченици, или од една основна ситуација.“

„Некогаш одамна човекот зачудено слушал како в гради му се одѕива звук на правилни удари и немал поим што е тоа. Не можел да се поистовети себеси со нешто туѓо и како што е телото. Телото било кафез, а внатре имало нешто што гледало, слушало, се плашело, размислувало и се чудело; тоа нешто, тоа што останувало по одземањето на телото, тоа била душата.
Денес, секако, телото не е непознато: знаеме дека тоа што чука в гради е срцето и оти носот е завршеток на шуплината што ѕирка од телото за да доведува кислород во градите. Лицето е само некој вид командна табла, на која се поврзани сите механизми на телото: исхрана, вид, слух, дишење, мислење.
Откако човекот научил што има на своето тело, тоа веќе не го вознемирувало. Веќе го знаеме и тоа дека душата е само активност на сивата мозочна кора. Дуализмот на телото е под превезот на научните термини и можеме весело да му се смееме како на застарена предрасуда.
Сепак, доволно е човек да се вљуби лудо и притоа да го слуша кркорењето на своите црева. Единството на телото и душата, лирската илузија на научниот век, во истиот миг ќе се распливне.“

„Во почетокот на романот што го држеше под рака кога дојде кај Томаш, Ана се среќава со Вронски во чудни околности. На перон се, таму каде што некој паднал под воз. На крајот на романот под воз се фрла Ана. Симетричната композиција, во која се појавува истиот мотив во почетокот и на крајот, може да ви изгледа многу „романескна“. Да, се согласувам, ама само под услов зборот „романескна“ никако да не го сфатите како „измислена“, „вешташка“, „различна од животот“. Зашто само така се компонирани човековите животи.
Компонирани се како музичко дело. Човекот, воден од смислата за убаво, го претвора случајниот настан (музиката на Бетовен, смртта на железничката станица) во мотив што ќе остане во композицијата на неговиот живот. Му се навраќа, го повторува, го менува, го развива како што композиторот ја развива темата на својата соната. Ана можела да си го одземе животот и поинаку. Ама мотивот на железничката станица и на смртта, незаборавниот мотив споен со раѓањето на љубовта, ја привлекувал во мигот на очајување со својата темна убавина. Без да знае, човек го компонира својот живот според законите на убавината и во моментите на најдлабока безнадежност.“

Милан Кундера - „Неподносливата леснотија на постоењето“
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
"... зошто единствените вистински луѓе за мене се лудаците, оние кои се доволно луди да живеат, луди да зборуваат, луди да бидат спасени, желни за се` во исто време, оние кои никогаш не зеваат ниту кажуваат општи нешта... " - "На пат" - Џек Керуак
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Македонија пати многу
Не поради насилството од лошите луѓе, туку поради молчењето на добрите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom