Цитати

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Неколкoу цитати од Clockwork orange на Anthony Burgess

“The important thing is moral choice. Evil has to exist along with good, in order that moral choice may operate. Life is sustained by the grinding opposition of moral entities.”

“Is it better for a man to have chosen evil than to have good imposed upon him?”

“We can destroy what we have written, but we cannot unwrite it.”

“Goodness is something chosen. When a man cannot choose he ceases to be a man.”


“Does God want goodness or the choice of goodness? Is a man who chooses to be bad perhaps in some way better than a man who has the good imposed upon him?”

“A perverse nature can be stimulated by anything. Any book can be used as a pornographic instrument, even a great work of literature if the mind that so uses it is off-balance. I once found a small boy masturbating in the presence of the Victorian steel-engraving in a family Bible.”


И неговата легендарна која се протнува во секој дел од книгата

“What's it going to be then, eh?”
 
R

redhead

Гостин
"Јас сум само еден од низата примероци. Ме мрази кога се обидувам да му измрдам. Треба да сум мртва, закачена, секој пат иста, секој пат прекрасна. Знае дека дел од мојата убавина е мојата живост, ама ја сака мртвата јас. Ме сака жива, а мртва. Особено го почуствував тоа денес. Дека тоа што сум жива и променлива и имам свои мисли и расположенија и се по ред, почнува сериозно да му пречи.

Цврст е; неподвижен, тврдоглав. Еднаш ми го покажа шишенцето во кое ги убива инсектите. Во него ме чува. Се трескам од стаклото. Само затоа што е проѕирно, си мислам можам да избегам. Гаам надежи. Ама во заблуда сум. Дебел стаклен ѕид околу мене."

Колекционер - Џон Фаулс
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
-Тоа беше она чудното во мојот живот. Кога бев среќен, ми беше доволно да помислам дека таа среќа е краткотрајна, и среќата завршуваше во истиот миг. Чувството на среќа секако не завршуваше зашто беа прекинати надворешните услови што го создале тоа чувство, туку од сознанието дека тие надворешни услови мошне брзо и веќе сигурно ќе се прекинат. И штом сознанието ќе се појавеше, во истиот миг среќата исчезнуваше-а надворешните услови, што ја создале таа среќа, се’ уште не беа прекинати, се’ уште постоеја, но веќе само ме надразнуваа.

-Свилата одамна е изгниена, кочиите се изабени, распаднати, молци ги изеле крзната, а луѓето како да останале исти како воопшто да не умирале, на истиот ситничав начин гордејќи се, завидувајќи, војувајќи, тие луѓе влегоа во денешниот ден.

-Како и порано, во времето на коњскиот прогон, така и сега во времето на локомотивата, на глупавиот полесно му е да живее отколку на умниот, на итриот му е полесно отколку на чесниот, алчниот има поголема слобода отколку добриот, на силниот му е поубаво отколку на слабиот, на властодржецот му е пораскошно отколку на угнетениот, лажливецот е понајаден од праведниот, на сластољубецот му е послатко отколку на испосникот. Така било, така ќе биде засекогаш, се’ додека е жив човекот на земјата.

„Роман со кокаин“-Михаил Агеев
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
"Пиреј е тродкотна трева,а некои ја викаат и Коштрева.Ама ти колку сакаш кошкај ја,корни ја,куби ја,таа пак не умира.Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати,ќе оживи,ќе потера.Ништо не ја ништи таа трева"
Пиреј-Петре М.Андреевски,притоа мислејки на македонскиот народ
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
“Every period of human development has had its own particular type of human conflict---its own variety of problem that, apparently, could be settled only by force. And each time, frustratingly enough, force never really settled the problem. Instead, it persisted through a series of conflicts, then vanished of itself---what's the expression---ah, yes, 'not with a bang, but a whimper,' as the economic and social environment changed. And then, new problems, and a new series of wars.”

― Isaac Asimov, I, Robot
 
Член од
10 март 2013
Мислења
69
Поени од реакции
164
Кога ги губиме оние кои се` дел од нас, најчесто не сме свесни за тоа. Поминува време. Поминуваат денови, месеци. Понекогаш повеќе. Понекогаш помалку. И наеднаш сет тој сјај се губи. Наеднаш доаѓа реалноста. И тогаш се` е болно. Болно е да си свариш кафе, затоа што ќе посакаш да го испиеш со оној кој ти недостига, а веќе не е тука. Болно е да постигнеш нешто за што си се надевал и да се радуваш, затоа што немаш со кого да го споделиш. И болно е. Болно е да застанеш навечер и да погледнеш кон ѕвездите барајќи да се вратиш назад. Барајќи барем еден ден повеќе. Еден ден повеќе со оној кој ти значел се` на светот. А повеќе го нема. И ги бришеш солзите. Со сета сила стануваш и се вртиш кон ѕвездите. Посакуваш желба. Посакуваш да посакаш желба… Но, болно е…
 
Член од
19 ноември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
317
"....We have a task before us which must be speedily performed. We know that it will be ruinous to make delay. The most important crisis of our life calls, trumpet-tongued, for immediate energy and action. We glow, we are consumed with eagerness to commence the work, with the anticipation of whose glorious result our whole souls are on fire. It must, it shall be undertaken to-day, and yet we put it off until to-morrow, and why? There is no answer, except that we feel perverse, using the word with no comprehension of the principle. To-morrow arrives, and with it a more impatient anxiety to do our duty, but with this very increase of anxiety arrives, also, a nameless, a positively fearful, because unfathomable, craving for delay. This craving gathers strength as the moments fly. The last hour for action is at hand. We tremble with the violence of the conflict within us, -- of the definite with the indefinite -- of the substance with the shadow. But, if the contest have proceeded thus far, it is the shadow which prevails, -- we struggle in vain. The clock strikes, and is the knell of our welfare. At the same time, it is the chanticleer -- note to the ghost that has so long overawed us. It flies -- it disappears -- we are free. The old energy returns. We will labor now. Alas, it is too late! ...."

- За одолговлекувањето, "The Imp Of The Perverse", E.A.Poe
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Неколку цитати од Разговор со Спиноза од Гоце Смилевски

- Мислата дека се ќе заврши ме тераше да му ставам крај и на она што не почнало.

Вистинското јас се појавува кога човек ќе се согледа себе без сите влијанија кои врз него биле направени,без секоја идеја,без секој допир,звук,мирис,вкус,видена форма,кои минале низ неговите сетила во текот на сиот негов живот,кога ќе се согледа себе надвор од времето и без соодносот на тоа јас со други,туѓи јаства –ете тогаш ќе го спознае човекот своето јас,ќе го согледа во неговиот соодност со Бог-вечната и бескрајна супстанција.

Постои миг во кој,ако доволно длабоко се прашуваш кој си,и ако доволно високо си го изговараш името,ако целиот се претвориш во тоа прашање и во тој одговор,ќе го заборавиш своето име,веројатно,затоа што името е лажен одговор на прашањето:Која сум јас? А потоа ќе го заборавиш и прашањето,не ќе можеш да го најдеш ниту тоа Која сум јас? во твојот ум за да можеш да се запрашаш,веројатно затоа што со тоа прашање,со тоа Која сум јас?не се стигнува до до она што е јас.И тогаш настапува еден толку чудесен миг,кога ги губиш и одговорот и прашањето,тогаш имаш чувство дека ги губиш и сите оние нешта за кои веруваш дека си ти,а не си,тогаш стануваш ти,тогаш постоиш во себе.

Не може ништо да се осознае според мирисот.Бидејки ништо не може да се осознае преку сетилното искуство.Преку сетилата не можеме да спознаеме ништо, бидејки се додека се обидуваме со сетила да ја дофатиме есенцијата на едно нешто, се дотогаш под тоа нешто ке го подразбираме ефектот што тоа нешто го остава на нашето тело , а тоа не е вистинско спознание ,туку восприемање на отисок, обична трага на физичкото врз физичкото.Претставата добиена преку сетилата никогаш не е есенција на едно нешто ,туку негова појавност.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
И воопшто, жената нема да го разочара мажот, нема да го изневери, освен ако тој самиот не и го расипе срцето и не ја нагази, или пак исплаши и отурне со својата малодушност, со својот егоизам, со својата тесноградост, со својата погана и бедна нарав. Затоа љуби! Нека се почувствува, не само како твоја женка, туку како твоја најмила душа, како твое дете, како пријател; носи ја в пазуви, да и биде топло, и тогаш можеш да бидеш спокоен, и тогаш со секоја година се посилно ќе се припива кон тебе, се додека не сраснете како сијамски близнаци. Не си и го дал ли тоа, ја расипеш ли, ја исплашиш ли со својата мизерност - ќе си отиде! Ќе си отиде штом некои поблагодарни раце ќе се испружат кон неа, оти мора да си отиде, оти нејзе и треба таа топлина, тоа признание, како воздухот за да дише.

Хенрик Сјенкјевич​
"Без догма"​
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
„Ако е овој најдобриот од сите можни светови, какви ли се тогаш другите?“

„Кандид“ - Волтер
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
-Гестот не може да се смета за израз на идивидуата, за нејзина творба (бидејќи ниеден човек не е способен да создаде свој сосема оригинален гест што му припаѓа само нему), ниту пак за нејзин инструмент; напротив, гестовите се тие што не' користат како нивни инструменти, носители и олицетворенија.

-Деликатноста на омразата е во тоа што не' спојува со противникот во цврста врска.

-Целта на поезијата не е да не' маѓепса со вчудовидувачка мисла, туку да направи еден момент од постоење незаборавен и вреден за неподнослива носталгија.

„Бесмртност“-Милан Кундера
 
Член од
6 јули 2013
Мислења
86
Поени од реакции
204
"Годините придонесуваат да видиш некои работи. На пример сега знам дека човечкиот живот главно се дели на три основни периода.
Во првиот, човекот дури не ни помислува дека ќе остари, ниту дека времето поминува, ниту дека од првиот ден во кој се раѓаме одиме кон единствениот крај.
Кога поминува првата младост, започнува вториот период во кој човекот ја сфаќа кревкоста на сопствениот живот и тоа што со прво е само немир, расте во него како море од недоумици и неизвесности што ќе го следат до крајот на животот.
Најпосле, на крајот од животот започнува третиот период, оној во кој се прифаќа стварноста и сообразно на тоа, разигнацијата и чекањето.
Во текот на своето постоење запознац многу луѓе кои останале закотвени во некој од периодите и кои никогаш не успеале да ги надминат. Тоа е страшно."

Принцот на маглата
- К.Р.Зафон
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
O, пријатели мои,-ќе извикне понекогаш тој со инспирација,- вие не можете да замислите каков бол и гнев ве созема кога големата идеја, што одамна и високо ја почитувате ќе ја дофатат невешти луѓе и ќе ја извлечат на улица пред глупаците, какви што се и самите и одеднаш ќе ја најдете на пазарот за старундии, извалкана, наопаку наместена, без пропорции, без хармонија-како играчка кај неразумните деца-и не можете повеќе да ја препознаете! Не! Во наше време не беше така! Не сакавме ние по таа насока! Не, не никако не! Јас не распознавам повеќе ништо....нашето време пак ќе дојде и пак ќе го упати на сигурното џаде се она што се тетерави и што се лула, целата денешница. Инаку, што се' не ќе се случи ?!

Демони
 
R

redhead

Гостин
"Мажите ја сакаат војната затоа што таа им овозможува да изгледаат сериозни.
Зашто замислуваат дека кога има војна жените не им се смеат.
Затоа што во војната можат да и' дадат на жената статус на предмет.
Тоа е големата разлика меѓу половите.
Мажите гледаат предмети,а жените гледаат односи помеѓу предметите.
Дали тие предмети се потребни едни на други,дали се сакаат меѓусебно,дали си одговараат едни на други.
Тоа е посебна димензија на чувствата која ние мажите не ја поседуваме,онаа димензија заради која војната на сите вистински жени им изгледа одвратна - и апсурдна."


Џон Фаулс - Волшебникот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom