Цитати

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Македонија пати многу
Не поради насилството од лошите луѓе, туку поради молчењето на добрите.
Ова е всушност цитат од Martin Luther King, Jr.
History will have to record that the greatest tragedy of this period of social transition was not the strident clamor of the bad people, but the appalling silence of the good people.


Он-тема.

Љубовта е поцврст обрач од стравот.
Quo Vadis? - Sienkiewicz
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ова е всушност цитат од Martin Luther King, Jr.
History will have to record that the greatest tragedy of this period of social transition was not the strident clamor of the bad people, but the appalling silence of the good people.


Он-тема.

Љубовта е поцврст обрач од стравот.
Quo Vadis? - Sienkiewicz
Незнаев од кого е но го најдов на интернет и го постирав... фала што ме поправи :)
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
„Ограниченоста на нашите сетила не спречува да го воочиме организираниот сплет зад привидната случајност на настаните.„

„Заговор на третото небо„ - Џулио Леони
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.062
Поени од реакции
24.969
He who has waited long enough, will wait forever. And there comes the hour when nothing more can happen and nobody more can come and all is ended but the waiting that knows itself in vain.
[Malone Dies (1951)]
Samuel Beckett


На изворниот англиски е најубаво, ама да не биде дека е само копи пејст на туѓ јазик ќе пробам најдобро што можам да го преведам.

Тој што чекал премногу долго, ќе чека и вечно. И доаѓа моментот кога ништо повеќе не може да се случи и никој повеќе не може да дојде и се е завршено освен залудното чекање.-Семјуел Бекет, (Малон Умира 1951).
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
"Osjetio sam strah. Kako su me to ubili? Nisam ranjen, nisam zaklan, nisam mrtav, ali me nema. Zaboga, ljudi, zar me ne vidite? - kažem. Zar me ne čujete? - kažem. Ali moj lik ne ulazi u njihovo oko, ni moj glas u njihovo uho. Nema me.
Ili ja to snajam svoj nemogući položaj, koji iskustvo odbija? Jer, ja sam živ, ja hodam, ja znam šta tražim, ne pristajem da me nema. Mogli su me pretući, mogli su me zatvoriti, mogli su me ubiti, zar su malo ljudi ubili bez razloga? Ali, zašto su napravili avet od mene, zašto mi oduzimaju mogućnost da se borim?
Hoću da budem čovjek, borite se sa mnom ljudski."

(Tvrđava)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Неколку цитати од The Perks of being a wallflower.

“I am very interested and fascinated how everyone loves each other, but no one really likes each other.”


“I would die for you. But I won't live for you.”


“So, I guess we are who we are for alot of reasons. And maybe we'll never know most of them. But even if we don't have the power to choose where we come from, we can still choose where we go from there. We can still do things. And we can try to feel okay about them.”


“He's a wallflower. You see things. You keep quiet about them. And you understand.”


“It's much easier to not know things sometimes. Things change and friends leave. And life doesn't stop for anybody. I wanted to laugh. Or maybe get mad. Or maybe shrug at how strange everybody was, especially me. I think the idea is that every person has to live for his or her own life and than make the choice to share it with other people. You can't just sit their and put everybody's lives ahead of yours and think that counts as love. You just can't. You have to do things. I'm going to do what I want to do. I'm going to be who I really am. And I'm going to figure out what that is. And we could all sit around and wonder and feel bad about each other and blame a lot of people for what they did or didn't do or what they didn't know. I don't know. I guess there could always be someone to blame. It's just different. Maybe it's good to put things in perspective, but sometimes, I think that the only perspective is to really be there. Because it's okay to feel things. I was really there. And that was enough to make me feel infinite. I feel infinite.”
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Најдобрите цитати од една од најдобрите книги што некогаш сум ги читала:

- " Веќе сфати дека луѓето се премногу среќни кога ќе го видат другиот морално понижен, за да си го расипат таквото задоволство со објаснување. "

- " Тереза знае дека така изгледа моментот кога се раѓа љубовта - жената не му одолева на гласот што ја повикува надвор нејзината исплашена душа, мажот не и` одолева на жената, чија душа реагира на неговиот глас. "

- " Оттогаш знае дека конц - логорот не е нешто исклучително, вредно за чудење, туку обратно, нешто зададено, основно, во кое човек ќе се роди и од каде може да избега само ако ги напрегне сите сили. "

- " Томаш сфати една чудна работа. Сите му се насмевнуваа, сите посакуваа да напише изјава, сите би ги израдувал со тоа! Првите се радуваат поради тоа што инфлацијата на кукавичлакот го банализира нивното однесување и им ја враќа загубената чест. Другите се веќе навикнати да ја сметаат својата чест за особена привилегија, заод која не сакаат да се откажат. Затоа за кукавиците негуваат тајна љубов, без нив нивната храброст би станала само вообичаена и излишна усилба, на која никој не би се восхитувал.

Томаш не можеше да ги поднесе насмевките и му се чинеше дека ги гледа насекаде, па и на лицата на непознатите луѓе на улица. Не можеше да спие. Како тоа? Зарем им дава толкава тежина на тие луѓе? Не. Не мисли за нив ништо добро и се лути самиот на себе што нивните погледи толку го нервираат. Во тоа нема никаква логика. Како е можно некој што толку малку држи до луѓето, да биде толку зависен од нивното мислење? "

- "А зошто никогаш не ја употребиш силата против мене? - му рече. Зошто љубовта значи откажување од силата - рече тивко Франц. Сабина сфати две работи, како прво, дека кажаното е прекрасно и вистинито. Како второ, дека со тоа Франц се дисквалификува во нејзиниот еротски живот. "

- " Секогаш си велеше дека не смее да ја повреди Мари - Клод, дека мора да ја почитува жената во неа. Но, каде исчезна жената во Мари - Клод? Се други зборови, каде исчезна сликата на мајка му, која ја поврзуваше со својата жена? Мајка му, неговата тажна и повредена мајка, со различни чевли на двете нозе, заминала од Мари - Клод, а можеби и не заминала, зошто никогаш не била во неа. "

- " Ги уверуваше своите љубовници дека само несентиментален однос, во кој едниот партнер не претендира на животот и на слободата на другиот, може да им донесе среќа на двајцата.
...
Зарем навистина не можеше да се откаже од своите еротски пријателства? Не можеше. Тоа би го уништило. Немаше сила да го совлада апетитот за други жени. Освен тоа, му изгледаше непотребно. Никој не знаеше подобро од него дека неговите авантури со ништо не ја загрозуваат Тереза. Зошто треба да се откажува од нив? Му изгледаше бесмислено како и да се одрече од фудбалот.
...
Мажите што трчаат по многу жени можеме да ги поделиме во две категории. Едните во сите жени го бараат својот сопствен субјективен и постојано ист сон за жената. Другите ги тера желбата да го освојат бесконечното шаренило на објективниот женски свет.

Опседнатоста на првите е лирска, во жените се бараат самите себе, својот идеал, па постојано се одново и одново разочарани, зошто идеалот како што знаеме, не може да се најде никогаш. Разочарувањето што ги тера од жена на жена и` дава некакво романтично оправдување на нивната непостојаност, така што многу сентиментални дами се трогнати од нивната упорна полигамија.

Другата опседнатост е епска и жените во неа не гледаат ништо трогателно - мажот не емитува никаков субјективен идеал во жената, затоа го интересира се` и ништо не може да го разочара, а токму неспособноста да се разочара, предизвикува некакво незадоволство. Опседнатоста на епскиот женкар на жените им изгледа неискупена (неискупена со разочарување).
...

Епските женкари, а токму меѓу нив спаѓа Томаш, се оддалечуваат во својата трка од запознавање на конвенционалната женска убавин, од која бргу се заситиле, и неизбежно завршуваат како собирачи на куриозитети. Го знаат тоа, малку се срамат поради тоа и за да не ги доведуваат пријателите во недоумица, не се покажуваат јавно со љубовниците. "

Од "Неподносливата леснотија на постоењето" - Милан Кундера
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
- "Или - или: или е гомното прифатливо (во тој случај, не треба да се заклучуваме во тоалет), или сме создадени на неприфатлив начин. Од тоа произлегува дека естетскиот идеал на кагерочната согласност со постоењето е свет во кој гомното се негира и сите се однесуваат како да не постои. Тој естетски идеал се нарекува кич.
...
Таму каде што зборува срцето, неумесно е разумот да дава забелешки. Во царството на кичот владее диктатурата на срцето. Чувството кое го предизвикува кичот, секако мора да биде такво што би го поделило мнозинството. Затоа кичот не смее да се заснова на необични ситуации, туку на основни слики, цврсто врежано во човековото сеќавање: неблагодарна ќерка, запоставен татко, деца растрчани низ тревник, предадена татковина, спомен на првата љубов.
Кичот предизвикува две солзи на трогнатост. Првата вели: колку убаво, деца што трчаат по тревник!
Втората вели: колку е убаво да се биде трогнат со сиот свет од деца што трчаат по тревник!
Дури втората солза кичот го прави кич.
Братството на сите луѓе во светот може да се заснова само на кичот.
...
Се` што е го нарушува кичот е исклучено од животот: секој израз на индивидуализам (зошто секое разликување е плуканица во лицето на насмеаното братство), секое колебање (зошто кој ќе почне да се колеба, ќе заврши со сомнеж во самиот живот), иронија (бидејќи во царството на кичот се треба да се сфаќа сосем сериозно), но и мајката што го напуштила семејството, или мажот што им дава предност на мажите наместо на жените и така го загрозува свотото мото: Сакајте се и множете се.
...
Во светот на насмеани идиоти, со кои не би можела да размени ни збор, би умрела за недела дена од ужас. Тереза не можеше да и` се обрати на ниедна жена со никакво прашање. Како одговор ќе ја чуеше само следната строфа на песната. Не можеше ниту тајно да и` намигне на некоја од нив. Веднаш би почнале да му ја покажуваат на мажот што стоеше во кошот над базенот за да ја застрела.
...
Протестираше, ама не ја разбраа.
...
Цел живот тврди дека нејзиниот непријател е кичот. А што ако самата го носи во себе? Нејзиниот кич е сликата за дом, мирен, сладок и хармоничен, во кој владеат добра мајка и мудар татко. Таа слика и` се разбуди по смртта на родителите. Колку помалку животот и` личеше на тој сладок сон, толку беше поосетлива на неговата магија и неколкупати и` навреа солзи кога на телевизија гледаше сентиментален филм, во кој неблагодарната ќерка го прегрнуваше запоставениот татко, а во денот што се гасеше светеа прозорците во домот на среќно семејство."

- "Неподносливата леснотија на постоењето" (Милан Кундера)
 

Lyn

Член од
29 јануари 2010
Мислења
257
Поени од реакции
619
'If my happiness could have talked, it would have filled that genteel hotel with a deafening roar. And my only regret today is that I did not quietly deposit key "342" at the office, and leave the town, the country, the continent, the hemisphere,-indeed, the globe-that very same night.'
-'Lolita'
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
„Ама,секоја куќа има свој нужник,што се вели,и секој народ има свој предавник. Нашата историја е повеќе прочуена со предавници отколку со херои.Така кажуваат и народните песни.Најубавите деца сами си ги јадеме или ги подметнуваме во туѓа служба,како кукавицата својте јајца во туѓите гнезда...За да станеш предавник,доволно е да си Македонец. Ништо не ти треба друго и ништо повеќе. Господ да ни е на помош,би рекол,зашто и нашиот господ е шпион...А и некој простодушен народ сме:не сакаме и со душманот да се замериме. Незгодно ти паѓа. Македонецот ти е таков:
фати го за гуша и газ дава, пушти го - газ бара...На секој тројца,едниот е шпион. Е,па сега види што треба да направиш со него.“
Петре.М.Андреевски - Небеска Тимјановна
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
"Јас бев многу збунет, очаен и виновен, иако ништо лошо немав направено. Но, секогаш се случува така. Совеста те мачи, без да гледа, дали си прав или не. Ако совеста беше куче, веднаш ќе го отруев, без многу да му мислам. Совеста зазема многу големо место во човекот, а пак нема многу полза од неа. Том се согласи со мене." - Марк Твен, Хаклбери Фин
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
“And when your sorrow is comforted (time soothes all sorrows) you will be content that you have known me. You will always be my friend. You will want to laugh with me. And you will sometimes open your window, so, for that pleasure . . . And your friends will be properly astonished to see you laughing as you look up at the sky! Then you will say to them, 'Yes, the stars always make me laugh!' And they will think you are crazy. It will be a very shabby trick that I shall have played on you...”

The Little Prince, Antoine de Saint-Exupéry
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Општеството никогаш не било толку еднообразно и толку безлично како денес. И токму младите, кои секогаш биле извор на иновации и на оригиналност, станале најконзервативниот и најдосадниот сталеж. Од нивниот живот исчезнале спонтаноста и авантурата, исчезнале личносноста и храброста. Сите носат иста облека, слушаат иста музика, водат исти разговори и, што е уште поодвратно, имаат ист речник, кој се намалува од ден на ден. Дури имаат и ист начин на одење и иста гестикулација во држењето на цигарата, пиењето кафе, вртењето со главата кога ги повикуваш, без разлика дали си во Њујорк, во Букурешт или во Москва, секаде се исти. Нивниот живот се сведува на имитација на некои медиокритетски ѕвезди, актери или музичари. Енергијата ја трошат на мачни повторувања на гестовите и репликите што им се допаднале. Тие се сенки што паѓаат од телевизиските екрани.

Саватиј Баштовој - „Помеѓу Фројд и Христос“
 

Shakti

The blue-lidded daughter of Sunset
Член од
6 ноември 2012
Мислења
918
Поени од реакции
3.372
„Патем којзнае дали живееме онака како што мислиме? Кој ќе ти каже, со сигурност дека сме живи? Можеби сè е некое самозалажување! Зашто ако не го видиш некого подолго време, излегува дека никогаш не си го видел. А штом се забораваат луѓето, како можеш да докажеш дека некогаш се познавале. Мора само да ви се причинува дека некогаш сте живееле заедно. А тоа „некогаш“ никако да го најдете. Како и да не постоело. А штом не постоело кој ќе ви посведочи дека и вие сте постоеле? Но, ете, останало да веруваме, дека некој некого намерно го видел. И дека намерно се израдувал што успеал да го види.“

„Тунел“ - Петре М. Андреевски
 

Kajgana Shop

На врв Bottom