Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
Од еден фејсбук профил :
" Не. Светот не е во ред и не го чувствувам како таков. Не велам дека не постои начин, туку дека не постои постојана исцрпност на силите од нашите внатрешни извори кои би го победиле болот што го чувствуваме за ближниот свој, кога тој ќе не изневери, разочара или напушти од овој свет. Светот не е во ред. Го чувствувам тоа во своите жили, капејќи бистри, искрени солзи врз капачињата на мудроста. Пишувам за да оставам впечаток, да импресионирам. Пишувам заради суетност, заради амбициозноста како моја карактерна особина. Пишувам за да оставам траг на овој свет и затоа што ме исполнува. Тоа едно место во кое ќе се најде моето месо и крв, заборавено и запечатено. Тој храм кон кој имам нескротлива љубов да го изобликувам, да му се молам, да го креирам и уништувам потполно. Таа болка која ја делам со листот хартија додека очите ми се превртуваат, додека телото дише само по себе, а зборовите летаат низ моите бледи, изморени усни без да изустам ниту една мисла. Не верувам дека пишувањето се само парче глупави зборови напишани на лист хартија. Не верувам во чукање на машина. Само затоа што е некоја инвенција на минатиот век или векот пред тоа, не значи дека е позадоволителна околност од денешната технологија. Тоа им го оставам на луѓето кои не веруваат во зборот. На крајот се што ќе ни остане е тој мал слог, таа сликичка закачена во мојот распарчан новчаник која секогаш ќе ме потсетува дека постои надеж. Тогаш делото самото ќе проговори од мене и нема да имам потреба одново и одново да се образложувам или пак да ја нарушувам својата самодоверба, да плукам на мојот напишан збор и да се сомневам во себе. Ете, затоа одбрав да пишувам. "
Од "Тунел" (Ернесто Сабато):
" Искуството ми покажа дека она што мене ми изгледа јасно и очигледно, речиси никогаш не е така за остатокот од на мене сличните. Толку сум изгорен, што сега се двоумам илјадапати пред да докажувам или да објаснувам некое мое однесување и речеси секогаш, завршувам со затворање во себе самиот и не отварам уста."
" Би можел да ги задржам за себе мотивите што ме натераа да ги напишам овиестраници на исповед, но бидејќи немам корист од тоа да ме сметаат за ексцентричен, ќе ја кажам вистината, којашто во секој случај е прилично едноставна: помислив дека би можеле да бидат прочитани од многу луѓе, сега кога сум славен; и иако немам многу илузии во врска со човештвото во целост, а особено за читателите на овие страници, ме бодри слабата надеж дека некој ќе успее да ме разбере, макар да е тоа само една личност. "Зошто", можеби ќе праша некој, "одвај една слаба надеж ако ракописот треба да биде прочитан од многу луѓе?" Ова е типот на прашања што ги сметам за бескорисни. И, како и да е, треба да се предвидат, бидејќи луѓето секогаш поставуваат бескорисни прашање. Можам да зборувам додека не се уморам и со викање пред еден собир од сто илјади Руси: никој не би ме разбрал. Ќе сфатат ли што сакам да кажам? "