Цитати

Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Човекот сака да биде гигант, но е гомно пријателе! Ј.Х.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
141
Поени од реакции
71
''Само отворен ум прима мудрост, само отворени раце примаат подарок, само отворено срце прима љубов и само добри пријатели ја примаат оваа порака'' :)

-Игор Џамбазов
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.973
...Сакам само уште да се сетам, од тие минати денови, на неколку реченици што таа ги изговори пред мене, или ги напиша со еден потег пред моиве очи, реченици пред кои најдобро го препознавам тонот на нејзиниот глас, чиешто ехо ќе остане засекогаш во мене:

„Со крајот на мојот здив кој е почеток на вашиот“.
„Кога вие би посакале, јас за вас не би била ништо, или би била само една трага“.
„Розовото е подобро од црното, но тие две бои се согласуваат“.
„Пред тајната. Човеку од камен, сфати ме!“
„Ти си мој господар. Јас сум само атом кој дише или издишува во аголот на твоите усни. Сакам да го допрам спокојот со прст натопен во солзи“.
„Зошто оваа вага што се нишала во мракот од некоја дупка полна со парчиња јаглен?“
„Не отежнувај ги твоите мисли со тежината на твоите чевли“.
„Јас знаев сè, толку сакав да читам во потоците од моите солзи“.
„Надја“ - Андре Бретон
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.731
Поени од реакции
13.478
Можеш да излезеш задоволен од книжарницата, ти што мислеше дека е завршена ерата во која човекот се` уште може да очекува нешто од животот. Носиш со себе две различни очекувања кои ветуваат денови на пријатни надежи: очекување содржано во книгата - читање книга што си нестрплив да го продолжиш - и очекување содржано во оној телефонски број - повторно да ги чуеш час острите час придушените вибрации на оној глас, кога ќе одговори на првото твое јавување, наскоро, ама не, уште утре, со провиден изгово на книгата, за да ја прашаш дали и` се допаѓа или не, за да и` кажеш колку страници си прочитал или не си, за да и` предложиш да се видите.



Кој си ти читателе, колку години имаш, каква е твојата семејна состојба, професија, заработувачка, би било индискретно да те прашувам. Твоја работа, не ти се мешам. Она што е битно, душевната состојба со која сега, во интимноста на твојот дом, се обидуваш да го воспоставиш совршениот мир за повторно да се задлабочиш во книгата: ги испружуваш нозете, ги собираш, повторно ги испружуваш. Но нешто се сменило од вчера. Твоето читање веќе не е осамено: Мислиш на читателката која во истиов миг ја отвора книгата, ете како врз романот што треба да го прочиташ се поставува веројатноста на еден роман што треба да го доживееш, продолжение на приказна со неа, или подобро: почеток на можна приказна. Ете како веќе си поинаков од вчера, ти кој тврдешедека претпочиташ книга, нешто црвсто што стои тука, јасно дефинирано, што може да се користи без ризик, наместо проживеано искуство, секогаш недостижно, испрекинато, полно со спротивности. Значи ли тоа дека книгата постанала орудие, канал за комуникација, место за средба? Сигурно поради тоа нема да се намали влијанието на читање врз тебе: напротив, сега неговата моќ е зголемена.

Неколку цитати од „Ако една зимска ноќ, некој патник“ од Итало Калвино.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
„Гледав пред себе жена во солзи, сподобие страсно во писмо што го преточив, во песни; жена со очи гулабови; со коса како стадо овци, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; со усни – алова панделка, со уста слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот и` е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – се` штитови на јунаци; градите и` се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; еве ја, плаче пред мене и ми ги подава рацете, и вели: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; еве ја, стои пред мене и јас и` велам: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита! Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник, папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови; двете твои гради – како две јаренца, близначиња на срна; вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој – Ливанска кула, свртена кон Дамаск; главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја како пурпур; цар се вплел во плетенките; еве ја пред мене, со подадени раце, плаче и вели: положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт, љубомората – лута како пекол, стрелите нејзини се стрели огнени, огнен жар на нејзиниот пламен; еве ја пред мене, и јас ја земам за рака, и таа ме води во вселената своја, во лозјето, во градините, меѓу кринови, меѓу двата нејзини колка, две веришки, две кули камени, во својата утроба, во купа пченица... “

„Папокот на светот“ - Венко Андоновски
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.380
Поени од реакции
4.934
'' Znate li da već moram slaviti obljetnicu svojih osjećaja, obljetnicu onoga što mi je bilo
tako milo, čega u zbilji nikada nije ni bilo — jer ta se obljetnica slavi samim onim
glupim, netjelesnim sanjama — i moram to činiti jer ni tih glupih sanja nema više, zato
jer nemaš čime da ih obnoviš, ta i sanje se obnavljaju! Znate li da se sada volim sjećati i u
određeno vrijeme posjećivati ona mjesta gdje sam nekada bio na svoj način sretan, volim
svoju sadašnjost graditi po liku onoga što je već prošlo i što se neće vratiti, te često lutam
kao sjena, bez potrebe i bez cilja, nujan i tužan, po petrogradskim zakucima i ulicama.
Kakvih sve ima uspomena! Sjećam se, na primjer, da sam ovdje, upravo prije godinu
dana, upravo u to isto vrijeme, u taj isti sat, po tom istom pločniku, lutao isto ovako
sjetno kao i sada. I sjećam se da su mi i tada sanje bile turobne, pa, premda i prije nije
bilo ljepše, ipak nekako osjećaš da je nekud i bolje i mirnije bilo živjeti da nije bilo te
mračne misli što me je sada zaokupila, da nije bilo tih grižnja savjesti, mračnih, mrkih
grižnja što ti sada ni obdan ni obnoć ne daju mira. I pitaš se: a kako si proveo svoje
godine? Kamo si sahranio najbolje svoje doba? Jesi li živio ili nisi? Gledaj, govoriš sebi,
gledaj kako zahlađuje na svijetu. Proteći će još godine, i za njima će nastati mrka samoća,
nastat će drhtava starost sa štakom, a iza njih jad i tuga. Problijedjet će tvoj fantastični
svijet, zamrijet će, povenut će tvoje sanje i osuti se kao žuto lišće s drveća... '' - ,, Бели ноќи ’’ - Ф. М. Достоевски
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.731
Поени од реакции
13.478
2 комични цитати од Новеченто - Алесандро Барико.


Свиревме три-четири пати на ден. Прво за богаташите од луксузната класа, потоа за оние од втората, а некогаш одевме и кај бедните емигранти и свиревме за нив, но без униформа, како што си бевме облечени, а понекогаш и тие свиреа со нас. Свиревме затоа што Океанот е голем и страшен, свиревме за луѓето да не почувствуваат како минува времето и да заборават каде се и кои се. Свиревме за да танцуваат, зашто ако танцуваш не можеш да умреш и се чувствуваш како господ. И свиревме Регтајм, затоа што тоа е музиката на кога Господ тансува кога никој не го гледа.
На која Господ ќе танцуваше, само да беше црнец.


----
Ladies and gentlemen, meine Damen und heren, Signore e signori, Mesdames et Messieurs, добредојдовте во бродот во овој пловечки град кој е исти Титаник, мирни останете каде што сте, господинот таму се заплука, добро го видов, добредојдовте на Океанот, кога сме веќе кај темата, што барате тука?, да не е облог во прашање, доверители ви се зад петици, доцните едно триесет години по Златната треска, сте сакале да го видите бродот и не сте забележале дека тргнал, сте излегле од дома само за миг да купите цигари, сега жена ви е во полиција и кажува беше многу добар човек, најнормален, за триесет години ниту една караница... Навистина што мајка барате тука, на триста миљи од каков било заебан свет и на две минути од следниот нагон на повраќање? Пардон мадам, се шегував, имајте доверба, оди овој брод како топче по билијардска маса на Океанот, так, уште шест дена два саата и четириесет и седум минути и плоп во дупката, Њујоооорк!
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Сумасшедшие всегда лучше, чем здоровые, достигајут своих целеј, Происходит это оттого, что длја них нет никаких нравственных преград, ни стыда, ни справедливости, ни даже страха. - Толстој
Во слободен превод: Будалите секогаш подобро ги достигнуваат своите цели отколку здравите. Тоа доаѓа од таму, што за нив нема (не постојат) никакви морални пречки, ни срам, ни правичност, дури ни страв.
 
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
“Some people don’t understand the promises they’re making when they make them,” I said.
"Right, of course. But you keep the promise anyway. That’s what love is. Love is keeping the promise anyway.”-John Green.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Еден од поомилените:
Чтобы жить честно, надо рватьсја, путатьсја, ошибатьсја, начинать и бросать… и вечно боротьсја и лишатьсја. А спокојствие — душевнаја подлость. - Толстој

Во слободен превод:
За да живееш чесно, треба да се бориш, да се буниш, да грешиш, да започнуваш и да отфрлаш ... и вечно да се бориш и да негираш. А спокојството (рамнодушноста) е душевна подлост.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
"На почетокот од својата La Pucelle, Волтер го опишува животот на Шарл IX и неговата љубовница Агнес Сорел. „Тие секогаш беа среќни“, пишува Волтер. Но, во што се состоела таа нивна среќа? Во бескрајна низа од гозби, пијанки, ловечки походи и оргијање. Кому тоа нема да му преседне после само неколку недели?"

Целиот текст, напишан од страна на величенствениот Џорџ Орвел, кој е навистина прекрасен, во спојлерот:
Кога размислуваме за Божиќ речиси веднаш помислуваме на Чарлс Дикенс, и тоа барем од два добри разлога. Како прво, Дикенс е еден од малубројните англиски писатели кои воопшто пишувале за Божиќ. Божиќ е најпопуларниот англиски празник, а сепак за него е пишувано зачудувачки малку. Постојат химни, пред сè со средновековно потекло, неколку песни на Роберт Бриџс, Т.С. Елиот и неколкумина други; и тука е Дикенс. И тоа е речиси сè. Како второ, Дикенс меѓу модерните писатели се издвојува по ретката, речиси единствена способност да пружи убедлива слика на човечката среќа. Дикенс на двапати се занимавал со Божиќ, и тоа успешно: најпрвин во едно поглавје од Пиквиковите записи, а потоа и во Божиќна приказна. Оваа последната приказна му ја читале и на Ленин на неговата смртна постела; според сведочењето на неговата сопруга, Марија Крупскаја, Ленин нејзината буржоаска сентименталност ја сметал за апсолутно неподнослива. Од една страна Ленин бил во право. Но, доколку бил во малку подобра состојба, можеби би забележал дека приказната има многу интересни социолошки импликации. Како прво, без оглед на тоа колку Дикенс претерал во описите и колку е одбивен патосот на малиот Тим, семејството Кречит остава впечаток дека навистина знае да ужива. Тие изгледаат среќно, за разлика од, на пример, граѓаните на Морисовата Новости од Недојдија (News from Nowhere), кои воопшто не изгледаат среќно. Уште повеќе што (и тоа е една од тајните на Дикенсовиот успех) нивната среќа во најголем дел потекнува од контрастот. Ним им е добро, бидејќи, ете, барем еднаш годишно на трпезата има доволно храна. Волкот е пред вратата, но тој сега мафта со опашката. Пареата од божиќниот пудинг ја сокрива позадината од заложувалниците и фабричките хали. Над вечерата двосмислено лебди духот на Твртко. Боб Кречит сака да пие дури и во негово здравје, што госпоѓа Кречит јасно го отфрла. Кречитови можат да уживаат во Божиќ токму затоа што тој се прославува еднаш годишно. Нивната среќа е уверлива токму затоа што е прикажана како непотполна. Од друга страна, сите обиди да се опише трајната среќа биле промашувања. Во последните три или четири века Утопиите станаа вообичаена тема во литературата (патем напоменувајќи дека утопија на значи „добро“, туку „непостоечко“ место), но дури и оние „позитивните“ биле без исклучок непривлечни и безживотни. Далеку најпознати модерни утопии се оние на Х.Џ. Велс. Неговата визија за иднината во најголем дел е изложена во две книги напишани во раните 1920-ти. Сон и Луѓе како богови. Во нив нè очекува слика на стварноста каква што Велс би сакал да ја види, или мисли дека би сакал да ја види. Тоа е свет чиишто главни одлики се просветениот хедонизам и научната љубопитност. Сите зла и несреќи од коишто денес страдаме ги нема. Незнаењето, војната, сиромаштијата, валканоста, болестите, фрустрациите, гладта, стравот, прекумерната работа, суеверието, сето тоа засекогаш исчезнало. Вака искажано, нема сомнение дела тоа е свет кој сите го посакуваме. Сите ние сакаме да ги укинеме нештата коишто и Велс сака да ги укине. Но, дали некој навистина сака да живее во Велсовата утопија? Напротив, да не се живее во таков свет, да не се будите во хигиенски уредени предградија, постојано напаѓани од голи воспитувачи, всушност станало свесна политичка цел. Книги како Прекрасен нов свет се израз на реалниот страв кој модерниот човек го чувствува пред можноста за едно рационализирано, хедонистичко општество, кое е во состојба сам да го создаде. Еден католички писател неодамна изјавил дека утопиите денес се технички остварливи и дека заради тоа нивното избегнување станало главен проблем. Не можеме да го отпишеме тоа како глупава забелешка. Својот успех фашизмот во голема мера го должи токму на таа желба на луѓето да избегнат премногу рационален и удобен свет. Сите позитивни утопии на сличен начин го опишуваат совршенството, без да бидат во состојба да кажат што е вистинска среќа. Новости од Недојдија на Вилијам Морис пружа пример на една таква беспрекорна верзија на Велсовите утопии. Сите се толку љубезни и разумни, сè е толку пријатно и удобно, но на крај ни останува само впечатокот на разводенета меланхолија. Она што е уште позачудувачко е фактот дека ниту Џонатан Свифт, еден од најимагинативните писатели на сите времиња, не бил ништо поуспешен во отсликувањето на една позитивна утопија. Првите три поглавја на Гуливеровите патувања можеби претставуваат најсуров напад врз човековото општество кога било напишан. Секој збор важи и денес; на неколку места се дадени сосема детални пророштва за политичките ужаси на нашето доба. Меѓутоа, она во што Свифт не успева е описот на расата која го предизвикува неговото одушевување. Во последното поглавје, наспроти одвратните Јахуи, опишани се племенитите Хуинхми, раса на интелигентни коњи, суштества ослободени од сите човечки слабости. Сепак, и покрај нивните прекрасни особини и непогрешлив здрав разум, тие коњи се исклучително тмурни суштества. Како и жителите на некои други Утопии, тие главно се преокупирани со тоа како да ја избегнат секоја грешка. Тие живеат монотон, „разумен“ живот постојано зауздувајќи се, ослободени не само од кавги, неред и несигурност, туку и од страст, вклучувајќи ја тука и физичката љубов. Партнерите ги бираат на основа на начелото на расна чистота, на тој начин избегнувајќи го ризикот од страсна наклонетост, а заминувањето на оној свет го дочекуваат речиси со олеснување. Во претходните поглавја Свифт покажува каде човекот можат да го одведат неговата лудост и злобност; но, кога ќе ги изоставиме лудоста и злобноста, сè што ни останува е млакиот живот, едвај вреден живеење. Обидите да се опише крајната среќа, онаа од другата страна, биле исто така неуспешни. Рајот е чисто промашување, исто како и Утопијата, иако Пеколот успеа да стекне забележително место во книжевноста, бидејќи често беше опишуван ,многу попиторескно и поуверливо. Познато е дека во христијанскиот Рај, онаков каков што најчесто е опишуван, нема ништо привлечно. Речиси сите христијански писатели за Рајот говореле или како да е едноставно неопислив или го обвивале во магла од злато, драги камења и бескрајно поење химни. Тоа, рака на срце, инспирирало некои од најубавите песни: „Твоите ѕидини каледонски, твоите авении од избрусени бесценети камења, твоите дворци од источни бисери, непојмливо скапоцени и ретки!“. Но, никому не му пошло од рака да го опише светот во кој обичниот човек навистина би сакал да живее. Многу реформаторски проповедници, многу Езуити (погледнете ја, на пример, застрашувачката проповед во Џојсовиот Портрет на младиот уметник) знаеле на смрт да ги преплашат своите верници со приказни за Пеколот, но штом на ред би дошол Рајот, веднаш би се враќале на зборови какви што се „занес“ и „блаженство“, воопшто не трудејќи се поподробно да објаснат за што станува збор. Останува тоа дека можеби најдобриот опис на оваа тема го има дадено Тертулијан, во прочуениот пасус во кој зборува дека најголемата благодет на рајот е тоа што од него можеме да ги гледаме маките на проколнатите. Со паганските верзии на Рајот работите, можеби, стојат нешто подобро. Се добива впечаток дека на Елисејските полиња постојано лебди самрак. Олимп, живеалиштето на боговите, со неговите потоци од нектар и амброзија, неговите нимфи и Хеби, тие „бесмртни курви“, како што ги нарече Д.Х. Лоренс, можеби повеќе наликува на дом отколку на христијански Рај; но, тешко дека и таму би се задржале нешто подолго. Што се однесува до муслиманскиот Рај, со неговите 77 хурии на еден маж, кои ги напаѓаат сите во исто време, повторно пристигнуваме во истиот кошмар. Исто е и со спиритистите, кои постојано нè уверуваат како е таму, од другата страна, само „светлина и убавина“, во што никој паметен не гледа ништо подносливо, а камоли привлечно. Слично е и со обидите да се опише совршената среќа, која не е ниту утописка ниту нешто што се наоѓа од другата страна, туку е чисто сензуална. Тие описи често се празни или вулгарни, а најчесто и обете. На почетокот од својата La Pucelle, Волтер го опишува животот на Шарл IX и неговата љубовница Агнес Сорел. „Тие секогаш беа среќни“, пишува Волтер. Но, во што се состоела таа нивна среќа? Во бескрајна низа од гозби, пијанки, ловечки походи и оргијање. Кому тоа нема да му преседне после само неколку недели? И Рабле ја опишува среќата на оние кои страдале во овоземскиот живот. Тие пеат една песна, која, грубо преведена, го вели отприлика следново: „Да скокаме, играме, збиваме шеги, пиеме вино црвено и бело, и да не правиме ништо по цел ден, освен да броиме златни дукати!“. Бесмисленоста на тој сон за вечните „добри времиња“ прикажана е на Бројгеловата слика Земја Дембелија, каде што три огромни дембели лежат заспани, глава до глава, среде куп од варени јајца и печени бутки, кои само чекаат тие да се разбудат, па да ги смачкаат. Се чини дека луѓето никогаш не биле во состојба да ја опишат среќата, а можеби ниту да ја замислат, освен на основа на контраст. Тоа е она во што сликата на Рајот или Утопијата се менувала за време на различните епохи. Во прединдустриското општество Рајот е опишуван како место на вечен одмор, поплочен со злато, бидејќи искуството на просечното човечко битие било сведено на прекумерна работа и сиромаштија. Хуриите на муслиманскиот Рај сведочат за полигамија која мнозинството жени ги затворила во харемите на богаташите. Но, сите тие слики на „вечното блаженство“ брзо почнуваат да бледеат; имено, штом блаженството стане вечно (каде што вечноста се посматра во временска смисла) контрастот исчезнува. Некои книжевни мотиви настанале како израз на физичките услови кои повеќе не постојат. Култот на пролетта е еден таков пример. Во средниот век пролетта обично не се поврзувала со ластовиците и дивото цвеќе, туку за раниот зеленчук, млекото и свежото месо, во кои луѓето уживале после неколку месеци минати на солено свинско месо во задимени, мрачни колиби. Пролетните песни пееле за среќата, но на многу конкретен начин: „Не работи ништо, туку кркај и уживај и заблагодари му се на небото за среќната година, со многу месо и добри цицки! Попалените момци трчкаат наоколу, толку среќни, секогаш толку среќни!“. Имале и зошто да бидат среќни. Зимата минала и сега повторно сè било добро. Божиќ, инаку предхристијански празник, веројатно продолжил да се слави затоа што на луѓето им било потребно, среде неподносливата северна зима, да си приредат макар еден ден посветен на кркање и пијанчење. Неспособноста на луѓето да ја замислат среќата освен во облик на олеснување, без оглед дали од работа или од страдање, ги соочува социјалистите со сериозен проблем. Дикенс можел да опишува едно сиромашно семејство како се насладува со печена гуска и да го прикаже како среќно; од друга страна, жителите на совршените универзуми не покажуваат ниту трошка природна љубезност и прилично се одбивни. Меѓутоа, ние секако не тежнееме кон светот за којшто пишува Дикенс, ниту кон било што слично што тој можел да го замисли. Целта на социјалистите не е општество во кое на крајот сè си доаѓа на свое место затоа што љубезниот, стар господин ќе се сожали да дофрли парче мисирка. Она кон што тежнееме е општество без милостина. Ние сакаме свет во кој Твртко, со своите дивиденди, и Малиот Тим, со својата туберколозна нога, ќе бидат подеднакво непојмливи. Но, дали тоа значи дека она кон што тежнееме е Утопија лишена од секаква болка и напор? Ризикувајќи да кажам нешто што на уредниците на Tribune нималку нема да им се допадне, се осудувам да кажам дека вистинската цел на социјализмот не е среќата. Среќата секогаш доаѓала патем. Врз основа на сè што досега сме научиле, така и би требало да остане. Вистинската цел на социјализмот е братство меѓу луѓето. Тоа чувство е многу широко распространето, иако за тоа најчесто не се зборува, или барем не доволно гласно. Луѓто ги ризикуваат своите животи во огорчени политички судири, гинат во граѓански војни или се измачувани во тајните затвори на Гестапо не за да создадат некаков добро загреан, климатизиран, блесакво осветлен Рај, туку за да живеат во свет во кој луѓето ќе бидат браќа, наместо да се мамат и убиваат едни со други. Таквиот свет би бил само првиот чекор. Што ќе биде понатаму, останува да се види, а обидот тоа да се предвиди до последниот детаљ може единствено да доведе до збрка. Социјалистичката мисла би требало да се занимава со предвидување, но само во најширока смисла. Целта често може само да се насети. Во овој миг, на пример, светот е во војна, а она кон што се стреми е мир. Но сепак, истиот тој свет не знае што значи мир, тој нема никакво искуство за тоа, освен можеби во времето на Благородниот дивјак, доколку тој воопшто и постоел. Светот се стреми кон нешто што едвај може да се насети и што едвај може да се артикулира. Овој Божиќ илјадници луѓе ќе искрварат до смрт во руските снегови или ќе се удават во ледените мориња или ќе се растргнуваат едни со други на прачиња на мочварните пацифички острови. Напуштените деца ќе лутаат меѓу руините на германските градови во потрага по храна. Да се спречи тоа изгледа како сосема добра цел. Но, да се оди до детали, во приказната за тоа како би требало да изгледа еден мирољубив свет, е нешто сосема друго. Речиси сите автори на Утопии потсетуваат на луѓе кои имаат забоболка и кои во таков миг мислат дека среќа е кога забот не ги боли. Тие сакаат да создадат совршено општество преку непрекинато повторување и продолжување на нешто што има вредност само затоа што е краткотрајно. Од едно пошироко гледиште би можело да се каже дека патот по кој човештвото би требало да тргне е трасиран, дека општата стратегија е позната, но дека деталните пророштва не се нешто со што би требале да се занимаваме. Секој кој се обидува да го замисли совршенството единствено ја открива својата бесмисленост. Тоа се случило дури и со така големи писатели како што е Свифт, кој знаел толку добро да подбере некој бискуп или политичар, но кој во обидот да го опише надчовечкото нè остава во уверување дека дури и смрдливите Јахуи пред себе имаат повеќе можности за напредување отколку благородните Хуинхми. Објавено под псевдонимот John Freeman, во Tribune, декември 1943
 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
„Ако мислиш и ти да бегаш – ми вели, никогаш да не се обѕрнуваш назад. Твоето свртување може да биде кобно - ми вели, зашто ќе дознаеш кој е тој што те брка. Ќе му го видиш лицето и може да се предадеш. Ќе застанеш и ќе му се предадеш – вели. Затоа бегај се` додека не се умори тој што те брка. Додека не те заборави. И додека ти не го заборавиш него.“

— Петре М. Андреевски, „Тунел“
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.434
Поени од реакции
25.352
„Не можеш да изградиш куќа без дрво и шајки. Ако не сакаш да градиш куќа, скриј ги шајките и дрвото. Ако не сакаш политички несреќен човек, не му предочувај две страни, за тој да не се отповарува со прашања; дај му само една. Или уште подобро, не му предочувај ниедна. Пушти го нека заборави дека постојат војни. Ако владата е неефикасна, многу троши, наметнува високи давачки, подобро е владата да биде таква отколку луѓето да се грижат за тоа. Мир, Монтег. Дај им на луѓето квизови за да победуваат со помнење на зборовите на хит песничките, или имињата на главните градови на државите, или пак, колку пченка произведе Ајова минатата година. Исполни ги со непотребни податоци, задави ги со толку многу проклети „факти" што ќе се чувствуваат исполнети, но апсолутно „брилијантни" со информацијата. Тогаш ќе мислат дека размислуваат, ќе имаат чувство на движење без движење. И ќе бидат среќни, зашто таквите факти се неменливи. Не им давај ништо лизгаво, како што е филозофијата или социологијата. На тој пат лежи меланхолијата. Секој оној кој знае да го расклопи ТВ ѕидот, а поголемиот дел од луѓето денес знаат како се прави тоа, е посреќен отколку човек што се обидува да го измери, одвага и пресмета космосот, што едноставно не може да се стори, а притоа човек да не се почувствува крајно осамен. Знам, сум го пробал тоа; по ѓаволите со тоа. Затоа, напред со клубовите и забавите, со акробатите и маѓионичарите, со вратоломиите, со млазните возила, хеликоптерите, сексот и хероинот. Што повеќе од она што влијае врз автоматскиот рефлекс. Ако драмата е лоша, ако филмот не кажува ништо, ако комедијата е шуплива, убоди ме со наркотик. Ќе мислам дека реагирам на драмата, додека тоа е само сетилна реакција на надразнувањето. Но, не ми е грижа. Јас сакам само забава."

Реј Бредбери - Фаренхајт 451
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.973
„Госпоѓа Анастасија Т. сметаше дека не постои совршен роман. Или барем таков што ќе може секому да му се допадне. Веројатно затоа што и совршеноста, според неа, беше непостојана. Не постоеше совршен роман, како што не постоеше ни совршен живот. Затоа што и романите и животот беа слични. Без оглед на тоа што во романот, авторот има можност да ги подреди нештата по свое, еден дел да избрише, а друг да поправи, зашто и по долго преправање и средување, сепак, еднаш мора да заврши и да се одлучи да ја стави последната точка. Потоа нема назад. Животот почнал, судбината демне над ликовите и над настаните, никој повеќе нема избор да излезе од конвенциите на тоа што му било пишано. Понатаму сè зависи од туѓите очи, од туѓите зборови, од туѓиот вкус. Затоа што тие се оние што ќе судат и проценуваат, тие се оние што, сакале вие или не, ќе ве оживеат.“


„Сфатив дека уметноста не се состои во тоа да живееш, туку доживуваш! Не да лажираш приказни и да зборуваш колнејќи се во вистина или во лага, за некоиси настани по бели страници, туку пријателе, да до-жи-ву-ваш! Не да читаш. Треба да ги извадиш слушалките од уши кога се шеташ низ градов. Извади ги и слушни што се случува наоколу, покрај тебе. Слушни како дедото зад тебе си ја мести вилицата, како некој копук плука на секои пет секунди, како штиклите каскаат по плочките, како се клати ланчето околу вратот на несигурната и недоверлива жена во ритам на нејзините забрзани чекори; слушни како тропкаат ситните пари во раката на просјакот, како улавиот се дере и му се заканува на небото, како ненормалниот зборува со измислени и непостојани луѓе, слушни како манијакот од зад некој ќош ти дише во врат. Слушни ги очите што те следат и рацете што сакаат да украдат некоја ситна вредност од тебе, слушни ги уличните извалкани кучиња што ти 'ржат. Тоа е реалноста од која масата не сака да избега. Или си среќен што оваа мачнина и ова сивило ќе ги прекриеш со музика на ушите, преправајќи се демек уметноста може да ги засени и да ги шутне настрана, како да се небитни, тривијални, и како да не постојат; или ќе слушнеш искрено, внимателно, подано... Па зарем не си на чекор да се согласиш со мене? Нели ти се и онака поинтересни деловите од црната хроника, отколку што било друго? Тоа не е ли, сепак, доминација на животот над уметноста?“


„Постојат толку многу јазици на светов“, ѝ рече занесено. „Секогаш сум мислел дека ако е поверојатно... ако постои Бог... тогаш тој да нè услиши кога ќе му се обратиме, не со јазик, туку со музика. Затоа што не е предводлива, а за секого е иста. Затоа што најнепосредно ја пренесува состојбата на душата.“


„Ненасловена месечева соната“ - Давор Стојановски
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
-Најдобар начин да се запознаеме со некој град е да испитаме како се работи во него, како се сака и како се умира.

-Стихиите навистина се општа појава, но луѓето тешко веруваат дека е стихија кога ќе им се струполи врз главата. Светот доживеал толку чуми колку и војни. Па сепак и чумите и војните затекнуваат луѓето секогаш непоготвени.

-Кога ќе избувне војна луѓето велат: ‘Нема да трае долго, премногу е бесмислено!’ Војната навистина е бесмислена, но тоа не и пречи на трае. Бесмисленоста е секојпат упорна. Светот тоа би го забележал кога не би мислел секојпат само на себеси.

-Несреќата не е сфатлива за човекот, тој си вели: ‘Тоа е нешто нереално, лош сон што ќе помине.’ Но, тој сон и натаму трае, и додека сните се редат еден по друг, луѓето ги снемува, а пред се хуманистите затоа што биле непретпазливи.

-Но, што се сто милиони мртви? Ако преживее војна, за човека мртвиот веќе не значи ништо. А бидејќи мртвиот човек станува конкретен само ако сме го виделе, тогаш сто милионите мртви низ историјата се само чад на нашата фантазија.

„Чума“ - Албер Ками
 

Kajgana Shop

На врв Bottom