Ценовник за веб услуги

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Колку би ме чинело преку joomla да се направи website? комплет целосен
Зависи од комплексноста, дизајнот(готов/нов), време на изработка...
Незначи ако е џумла дека нема да има работа. Просек од 10 000 денари нагоре
 
Член од
28 февруари 2010
Мислења
10
Поени од реакции
1
ја знам прашав еден дизајнер вика многу било лесно вика околу 50 евра би ни земал
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
ја знам прашав еден дизајнер вика многу било лесно вика околу 50 евра би ни земал
Нека ти покаже првин портфолио зошто според ценава што ја кажуваш ти ми изгледа на аматер.
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Му реков на еден комшија јас ќе ти средам едно веб страниче убаво дотерано со се хостинг како за тебе 5000 ќе ми ја скршеше главата
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Му реков на еден комшија јас ќе ти средам едно веб страниче убаво дотерано со се хостинг како за тебе 5000 ќе ми ја скршеше главата
Можеби бидејќи си постар (пошто имаш 99 години) и мисли дека не ги знаеш цените.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Има секакви клиенти, кога ќе наидам на таков воопшто не се ни трудам да му објаснам.
Само наредниот пат кога ќе ме побара (одкако ќе се изгори за 50 евра) ја дуплирам цената
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Осјта то ќе појт кај некој друг ќе му дајт 200 евра ако требит само кај мене не :smee:
 
H

^HITMAN^

Гостин
Дај да видиме горе долу кој како наплаќа за веб услуги.
Добро е ние што го работаме ова да имаме еден ценовник на кој би се придржувале. Баш ми текна да прочешлам по нашиве фирми и видов големи разлики на цени за исти услуги, дури имаше и сооднос 1:3 во цена.

Пошто ја отварам темава ќе почнам прв:

1. Обработка на готов темплејт до 5 страни (HTML) - ~6000 денари, секоја наредна страна +1000 денари
2. Инсталација и подесување на Џумла/Друпал без дополнителни модови со готов темплејт - ~6000 денари , секој модул +1000 денари
3. Детална обработка на темплејт +6000 денари на основната цена
4. Креирање на уникатен темплејт (HTML) ~12.000 денари
5. Креирање на уникатен темплејт за Џумла или Друпал ~18.000 денари
6. Инсталација и подесување на електронска продавница со модул за наплата ~ 30.000 денари со готов темплејт +12.000 денари за уникатен темплејт
-----------------------------------------------------
1. Работа на PHP/.NET проекти ~400 денари/сат
2. Просек за изработка на веб портал со основни компоненти ~100 часа
3. Просек за изработка на електронска продавница со основни компоненти ~300 часа

-Други веб решенија се работат по договор

Цениве ги зедов како просек според тоа што е изложено по веб сајтови на фирмите кои нудат веб услуги и имаат јавен ценовник.
Не разбирам зошто толку ефтино? Ако самите не се штитеме кој би не штител незнам. Ако ова сте го напишале за нелегална изработка по дома ок, но каде се трошоците за фирмата, за придонеси, за осигурување на вработените, за такси, за даноци, за ќирија... а?
Си го цените ли вие вашиот труд?
Па знаете ли вие колку ебавање има само за да се регистрира .mk домеин? Цел месец ќе те тупат, со барања преку пошта па чекање, па недај боже да треба dns сервер да промениш треба со молба писмено да се обратиш па да чекаш минимум 15 дена. Дај не претерувајте за 6,000 денари со прс не мрдам, не .mk страна да закупувам и да изработувам.

Кај мене цените започнуваат од 18,000 па нагоре и тоа не работам само со странски клиенти, туку и со домашни кои немаат никаква замерка за цената, поготово оние кои претходно се изгореле за ефтино кај некој копиљ кој го чекале 3 месеци и на крај им направил html-че без база, без сео, без ништо.
Немојте вака.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Не разбирам зошто толку ефтино? Ако самите не се штитеме кој би не штител незнам. Ако ова сте го напишале за нелегална изработка по дома ок, но каде се трошоците за фирмата, за придонеси, за осигурување на вработените, за такси, за даноци, за ќирија... а?
Си го цените ли вие вашиот труд?
Па знаете ли вие колку ебавање има само за да се регистрира .mk домеин? Цел месец ќе те тупат, со барања преку пошта па чекање, па недај боже да треба dns сервер да промениш треба со молба писмено да се обратиш па да чекаш минимум 15 дена. Дај не претерувајте за 6,000 денари со прс не мрдам, не .mk страна да закупувам и да изработувам.
Значи пак ќе напоменам дека цениве се просек од тоа што може да се најде на нет.
Сигурно пјур хтмл не ќе наплатиш 20000 денари каде има работа сила 3-4 сати :)
Најслатки се парите од обични странички, бар за мене. 5 направи месецов и полна капа...реално време на работа 2-3 дена добивка 500+ евра :toe:
 
Aј кажи ми како успеваш да закупиш .мк домаин за 2-3 дена? Врски ли имаш? Дај помогни бе брат кажи ми ја врската, ме тормозат по 20 дена минимумж и тоа не само мене, со сите кои не ги познаваат така е. Ќе бидеш награден ако ми помогнеш. Фала однапред.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Aј кажи ми како успеваш да закупиш .мк домаин за 2-3 дена? Врски ли имаш? Дај помогни бе брат кажи ми ја врската, ме тормозат по 20 дена минимумж и тоа не само мене, со сите кои не ги познаваат така е. Ќе бидеш награден ако ми помогнеш. Фала однапред.
Не се замарам со тоа, обично или веќе имаат купено се или па ги препраќам кај овие што продаваат хостинг.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Не се замарам со тоа, обично или веќе имаат купено се или па ги препраќам кај овие што продаваат хостинг.
Eпа би правел и јас со готов joomla/wordpress темплејт и сите податоци доставени во дигитална форма страниче за 9,000, без домаин, без хостинг без ништо. Да не ве однесе Господ во Марнет, ќе си го видите аирот. И 30,000 малце ќе ви бидат за маката. Лесно е така.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Eпа би правел и јас со готов joomla/wordpress темплејт и сите податоци доставени во дигитална форма страниче за 9,000, без домаин, без хостинг без ништо. Да не ве однесе Господ во Марнет, ќе си го видите аирот. И 30,000 малце ќе ви бидат за маката. Лесно е така.
Јас избегавам џумла или вордпрес освен ако клиентот инсистира или па за малце пари бараат основен ЦМС.
А не гледам зошто би се замарал со хостинг и домејн кога има луѓе кои се каде каде постручни за тоа.
А за марнет стварно има гњавење, треба да пополниш формулар со печат и потпис, го пушташ преку пошта чекаш 3-4 дена и ти го пуштаат. Ако запне има телефон и готово.
Мада кој ви е ќарот од тоа да регнувате вие незнам, препратете ги кај некој што нуди хостинг за 1000-1500 денари имате хостинг+домејн, мирна глава.
 
Јас имам своја фирма и услугата мора да биде комплетна. Неможам да ги праќам клиентите кај други фирми, работам со договори. А за Марнет да беше 3-4 дена добро ќе беше.
 
SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Јас имам своја фирма и услугата мора да биде комплетна. Неможам да ги праќам клиентите кај други фирми, работам со договори. А за Марнет да беше 3-4 дена добро ќе беше.
Друже, марнет регистрираат домени еднаш или двапати неделно, сакал неќел тоа е така, а поддржка имаат нон стоп.
Бар јас пред некој ден сетирав кај мене DNS сервери, не ми беше јасна една ствар од нивниот формулар, им пишав меил и за неполни 2-3 часа добив целосен детален одговор :toe:

Е сега кога си кај клиентите, ќе им кажеш дека марнет се тие кои регистрираат домен, ако сакаат побрзо да им биде регистриран доменот нека се расправаат со марнет, а не со тебе. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom