Ценовник за веб услуги

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Дај да видиме горе долу кој како наплаќа за веб услуги.
Добро е ние што го работаме ова да имаме еден ценовник на кој би се придржувале. Баш ми текна да прочешлам по нашиве фирми и видов големи разлики на цени за исти услуги, дури имаше и сооднос 1:3 во цена.

Пошто ја отварам темава ќе почнам прв:

1. Обработка на готов темплејт до 5 страни (HTML) - ~6000 денари, секоја наредна страна +1000 денари
2. Инсталација и подесување на Џумла/Друпал без дополнителни модови со готов темплејт - ~6000 денари , секој модул +1000 денари
3. Детална обработка на темплејт +6000 денари на основната цена
4. Креирање на уникатен темплејт (HTML) ~12.000 денари
5. Креирање на уникатен темплејт за Џумла или Друпал ~18.000 денари
6. Инсталација и подесување на електронска продавница со модул за наплата ~ 30.000 денари со готов темплејт +12.000 денари за уникатен темплејт
-----------------------------------------------------
1. Работа на PHP/.NET проекти ~400 денари/сат
2. Просек за изработка на веб портал со основни компоненти ~100 часа
3. Просек за изработка на електронска продавница со основни компоненти ~300 часа

-Други веб решенија се работат по договор

Цениве ги зедов како просек според тоа што е изложено по веб сајтови на фирмите кои нудат веб услуги и имаат јавен ценовник.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Имав и претходно постирано ценовник од една фирма, па кога веќе правиме споредба на ценовници еве го и тука истиот тој ценовник...

STARTER - 7.300 ден. 5-7 страни (html)
- Концепт на Web сајтот
- Графички дизајн на првата страна
- Графички дизајн на другите страници
- Kоличината на текстот неограничен
- Графички елементи 10-15
- Галерија на слики
- Оптимизација и пријавување на пребарувачи
- Поставување на сервер и тестирање
- Дмевем Back-up


ADVANCED - 10.450 ден.
- 10-12 страни (html)
- Концепт на Web сајтот
- Графички дизајн на првата страна
- Графички дизајн на другите страници
- Kоличината на текстот неограничен
- Графички елементи 15-20
- 2 модули
- Галерија на слики
- Оптимизација и пријавување на пребарувачи
- Поставување на сервер и тестирање
- еднојазична верзија
-Дневен Back-up


PROFESIONAL - 13.200 ден. 15-20 страни (html)
- Концепт на Web сајтот
- Графички дизајн на првата страна
- Графички дизајн на другите страници
- Kоличината на текстот неограничен
- 2 модули + 1 flash
- Графички елементи 20-30
- Галерија на слики
- Оптимизација и пријавување на пребарувачи
- Поставување на сервер и тестирање
- еднојазична верзија
- Дневен Back-up


ДРУГИ ОДДЕЛНИ УСЛУГИ:
• Графички дизајн на прва WEB страна - 4.900 ден
• Изработка на Лого - 1.200 ден
• Изработка на WEB Банер - 1.200 ден
• Изработка на една WEB страна - 800 ден
• Двојазичен сајт - 50% од пакет
• Up-date (одржување) - 300 ден/час
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Декстер под основни компоненти подразбираш?
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Декстер под основни компоненти подразбираш?
-Анкета, мини галерија и сл.
-Последни статии од категорија
-Прикажување на број на прегледи, дата, кој внел...
-RSS

Горе долу тоа што го нудат џумлите при стандардна инсталација освен инсталација на темплејти и други тракатанци кои се вишок коа се праи сајт по мерка, истото важи и за е-продавница :)

Се останато е ствар на договор
--------------------------

Ќе ве молам да не рекламирате сајтови и ако може збор два коментар на пакетите не само копи паст

Избришав едно мислење
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Вака може? Си можел да избришеш страната (за која се извинувам, несвесно ја ставив), не морало цел пост, нели?

I. WEB ДИЗАЈН ПАКЕТИ

ЕКСТРА пакетот содржи:
(погоден за компании на кои им е потребна општа презентација на својата дејност и производи)


  • Мени по Ваш избор со 5 страни
  • Контакт форма
  • Комплетна статистика на посетеност
  • Страна изработена на македонски јазик
  • 1 година бесплатен хостинг и регистрација на домеин
Цена: 3 490 ден.

ПРОФИ пакетот содржи: (погоден за компании кои имаат потреба од поопширна презентација на својата дејност и производи)
  • Мени по Ваш избор со 10 страни
  • Контакт форма
  • Галерија (до 100 слики)
  • 1 модул (анкета, форум, книга на гости)
  • Комплетна статистика на посетеност
  • Страна изработена на македонски јазик
  • 1 година бесплатен хостинг и регистрација на домеин
Цена: 6 490 ден.

ПРЕМИУМ пакетот содржи: (погоден за компании кои сакаат да ги презентираат и продадат своите производи online)
  • Мени по Ваш избор со неограничен број на страни
  • Каталог на производи
  • Пребарувач на страната
  • Контакт формулари
  • 5 модула (анкета, форум, книга на гости, временска прогноза, галерија, огласи)
  • Комплетна статистика на посетеност
  • Страна изработена на македонски јазик
  • 1 година бесплатен хостинг и регистрација на домеин
Цена: по договор


II. PRINT ДИЗАЈН ПАКЕТ

ПРОМОТИВЕН пакет содржи:

  • Изработка на корпоративно лого
  • Изработка на визит картичка
  • Изработка на флаер (едностран)
  • 2 предлог дизајни на целата понуда
  • Без печатење
Цена: 2 990 ден.
 

JURAGAANTE

Professional !!!
Член од
4 април 2009
Мислења
411
Поени од реакции
31
Вака може? Си можел да избришеш страната (за која се извинувам, несвесно ја ставив), не морало цел пост, нели?

I. WEB ДИЗАЈН ПАКЕТИ

ЕКСТРА пакетот содржи:
(погоден за компании на кои им е потребна општа презентација на својата дејност и производи)


  • Мени по Ваш избор со 5 страни
  • Контакт форма
  • Комплетна статистика на посетеност
  • Страна изработена на македонски јазик
  • 1 година бесплатен хостинг и регистрација на домеин
Цена: 3 490 ден.

ПРОФИ пакетот содржи: (погоден за компании кои имаат потреба од поопширна презентација на својата дејност и производи)
  • Мени по Ваш избор со 10 страни
  • Контакт форма
  • Галерија (до 100 слики)
  • 1 модул (анкета, форум, книга на гости)
  • Комплетна статистика на посетеност
  • Страна изработена на македонски јазик
  • 1 година бесплатен хостинг и регистрација на домеин
Цена: 6 490 ден.

ПРЕМИУМ пакетот содржи: (погоден за компании кои сакаат да ги презентираат и продадат своите производи online)
  • Мени по Ваш избор со неограничен број на страни
  • Каталог на производи
  • Пребарувач на страната
  • Контакт формулари
  • 5 модула (анкета, форум, книга на гости, временска прогноза, галерија, огласи)
  • Комплетна статистика на посетеност
  • Страна изработена на македонски јазик
  • 1 година бесплатен хостинг и регистрација на домеин
Цена: по договор


II. PRINT ДИЗАЈН ПАКЕТ

ПРОМОТИВЕН пакет содржи:

  • Изработка на корпоративно лого
  • Изработка на визит картичка
  • Изработка на флаер (едностран)
  • 2 предлог дизајни на целата понуда
  • Без печатење
Цена: 2 990 ден.
Луѓе отприлика да тие се цените за Web иначе ме интересира некој да не знае како се движат цениве бидејќи јас се занимавам со web али сега се усовршувам за изработка на Flash-WEB па онака несум
дошол до сознанија како оди со flash -web i чисто flesh-elementi зашто незнам како да си ги наплатам у иднина услугите hhhhhh:toe:
 

JURAGAANTE

Professional !!!
Член од
4 април 2009
Мислења
411
Поени од реакции
31
Are you out of your mind?
Ова збориш за во македонија или за фрилансинг?
WEB -странава е стварно добра искрено се занимавам со flash сега сум во изработка на една web-скоро целата во flash али сакав некој ако знае околу нивнијот ценовник мислам особено во скопје како одат верувам дека е цената повисока позззз:helou:
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Are you out of your mind?
Ова збориш за во македонија или за фрилансинг?
Не зборам за во фирми далеку сме од тоа, таму ако се пресмета во сатница просек иде 150-180 денари :)
Зборам за фрилансинг, тезги...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Не зборам за во фирми далеку сме од тоа, таму ако се пресмета во сатница просек иде 150-180 денари :)
Зборам за фрилансинг, тезги...

Имам оутсурсано за македонски фирми 5 eur/сат, PHP програмирање, и тоа му беше ефтино, затоа што го препрадаваа за надвор барем 15 еур/сат мојот труд.

150 денари сат е ништо освен ако не пумпаш сатница без врска.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Имам оутсурсано за македонски фирми 5 eur/сат, PHP програмирање, и тоа му беше ефтино, затоа што го препрадаваа за надвор барем 15 еур/сат мојот труд.

150 денари сат е ништо освен ако не пумпаш сатница без врска.
Па ако се земе просечна плата на програмер во МК е 350-400 евра што кога ќе се пресмета во сатница, ако 22 дена во месецот се работни и се работи по 8 сати на ден иде околу 150 денари/сат. За споредба со САД и другите европски земји е ништо пошто таму сатница е од 15 долари (660 денари) па нагоре до некој си 30 долари (1320 денари)
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Web strani pravi sega sekoj, za 50 evra im pravat na lugeto web strana koja cini 600-700 evra. Sekako deka toa e joomla i deka se gotovi moduli. Taka da zalosno za nie sto znaeme kolku stvarno trud treba za da se napravi edna ubava web strana.

Ovaj paket

STARTER - 7.300 ден. 5-7 страни (html)
- Концепт на Web сајтот
- Графички дизајн на првата страна
- Графички дизајн на другите страници
- Kоличината на текстот неограничен
- Графички елементи 10-15
- Галерија на слики
- Оптимизација и пријавување на пребарувачи
- Поставување на сервер и тестирање
- Дмевем Back-up

Tesko deka nekoj ke ti plati za vakvo nestso. Osven ako ne najdes nekoj penzioner.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
neeWeb strani pravi sega sekoj, za 50 evra im pravat na lugeto web strana koja cini 600-700 evra. Sekako deka toa e joomla i deka se gotovi moduli. Taka da zalosno za nie sto znaeme kolku stvarno trud treba za da se napravi edna ubava web strana.

Ovaj paket

STARTER - 7.300 ден. 5-7 страни (html)
- Концепт на Web сајтот
- Графички дизајн на првата страна
- Графички дизајн на другите страници
- Kоличината на текстот неограничен
- Графички елементи 10-15
- Галерија на слики
- Оптимизација и пријавување на пребарувачи
- Поставување на сервер и тестирање
- Дмевем Back-up

Tesko deka nekoj ke ti plati za vakvo nestso. Osven ako ne najdes nekoj penzioner.
Друже, не е тоа мој ценовник :)

Ииначе тоа за пакетот (бар по моја претпоставка) е економска политика, најмалиот пакет намерно го ставаат да не се исплати да го земеш со цел да одбереш поголем пакет (е.г. кока кола 0.5L = 30 ден, a 2L 65 ден) :)
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Јас уште одамна престанав да работам веб дизајн по цените кои ги наведе декстер, од причина што:

1. Секогаш цената им е скапа.
2. Има деца што работат за ич пари.
3. Иако успееш да ја договориш цената, секогаш ти се бара екстра од договореното.

Веб дизајнот одамна веќе не се исплаќа кај нас а така ќе биде и во иднина, се додека не видат некоја стварно успешна фирма која ќе функционира преку веб и ќе прави големи профити само од сајтот (кој нормално ќе биде топ дизајниран, едноставен и функционален, и ќе нуди пр. порачки до дома, плаќање преку интернет итн). Тогаш ќе зборуваме за други цени, оти тогаш ќе се бара квалитет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom