Хрват измисли автомобил на вода

Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Од алуминиум не се прават електроди,прњавштината што ти се нафаќа е кородиран алуминиум,или алуминиумова сол
--- надополнето: Jun 23, 2011 6:36 AM ---

Со вградување на појак алтернатор поголема потрошувачка на гориво заштеда на гориво со келијата.......... абе ќар до курца :ROFLMAO:
Значи само нерѓосувачки челик, нема друго чаре?
Инаку пробав со алуминиумски електроди бидејки се подобар спроводник од челикот, ама хемиската реакција не му ја знаев, дека кородира. Фала што ми објасни.
--- надополнето: Jun 23, 2011 9:43 AM ---
Ова видео се кажува....
Овој е звер, го имам гледано пред неколку месеци. Инаку работел во нуклеарна индустрија колку што ми текнува. Оваа корвета се движи само на вода, со помош на нуклеарна технологија, која тој самиот си ја направил во колата. Инаку тоа е нелегално.
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154

Не е нуклеарна технологија (боците се произведени за нуклеарни намени во сегашно време).. Боците што се во колата се направени за да можат да држат хидроген. Челични боци не издржуваат хидроген тој проаѓа низ нив. Гасот со тек на време прави дупки во челикот... Матерјалот кој што го употребил Литиум-6 е само за воена индустрија и е забранет за купување (сега за сега). Имаш и во видеово од што матерјал да бидат електродите: од платина. Платината е прескапа. Нерѓосувачки челик ке врши работа. Инаку би требало да вршат работа и оние плочите од хард дисковите. Некоја легура се а не оксидираат така лесно мислам дека имаат и платина во нив.
Сите што ја употребуваат оваа технологија после извесно време ги чистат електродите. Најчесто со 90% алкохол.
Ако ништо друго супер е опитов за правење петарди со хидроген :) Имам намера да пробам со 10 литри хидроген. Добро ќе згрми :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.019
И што со него?
Ја позајмил идејата за автомобил на вода од вонземјаните. Или од американските истражувачи.

Па и името баш Хрватско му е... :ROFLMAO:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
И што со него?
Е па читај и гледај. Човекот сам си ја направил корветатам, да му иде на вода. Тоа е и темата на разговор овде.

Инаку мислам дека целиот проблем при конструирање на кола на вода е во складирање на водородот односно резерварот на горивото. Не е ниту во електролизата ниту во тактот на моторот. Тактот терба да се наштелува но тоа е лесно изводливо, исто како и смешата во овој случај водород-воздух. Технологијата за електролизата ја има на милион сајтови и постојат милион видео туторијали. Може да се смести во некоја гаража и преку компресор да се компресира во резерварот односно боцата. Е таа боца е проблем.
Исто така постои и течен водород кој се добива со ладење на гасниот водород до -252 С. За тоа е потребно голема инвестиција и не е баш изводливо доколку поединци како нас сакаат да направат нешто такво. На ниво на држава може да се инвестира доколку се види дека е исплатливо, но ние едвај ке собереме 1000 евра а камоли нешто повеќе.
Најефтино и најдостапно за нас е да се вложи труд и пари во најраспространетата технологија која ја има на нет. Тоа е технологијата која директно, додека работи колата се прави електролиза во генераторот и преку цревото за усис на воздух се вбризгува во комората за согорување. Е овде пак количината е проблем. Сега не е проблем складирањето, бидејки не се складира никаде водородот туку како се генерира, преку електролизата, директно се носи во комора за согорување.
Колку што имам прочитано до сега на бензиски мотор до 2000 цц му се потребни околу 5 литри водород во минута за да може да работи само на водород. А зада се создадат 5 литри во минута потребна е поголема енергија и тука лежи зајакот.
Кој ке биде фраерот кој со 20-30 ампери ке направи 5 литри водорот во минута?
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
И што со него?
Овој изгледа меѓу првите ќе има комплетен кит за префрлување на хидроген комплетно тука. Само што е 10.000 долари. Еве што пишува за претходните муабети дека се лажга.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Aко Тесла не умрел можеби светот сега ќе беше многу подруг. Можеби немаше да се користи нафта за автомобили така што немаше да има толку високи температури. Можеби ќе измислил многу работи кои и сега ги нема во технологијата. Можеби ќе се греевме на вода и немаше да се сечат шумите така да немаше да има потреба да ја пошумуваме Македонија. Можеби светот немаше да беше ваков каков што е сега :/
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Не е во ред да се остави се на Тесла! Човекот го нема многу години... Се додека има војни во краевите каде што има нафта, со сигурност нема да има напредок во нови технологии!
 
Се сложувам со тоа што го велиш но јас само давав предпоставки како можеби би изгледал светот ако Тесла не умрел прерано :)
 
T

Tetro

Гостин
Се сложувам со тоа што го велиш но јас само давав предпоставки како можеби би изгледал светот ако Тесла не умрел прерано :)
Тесла не умрел "прерано". Си проживеал добри 86 години.
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Во тоа време немало слична енергија за да се искористува. Денес се прават војни за да се поседува фосилното гориво. Во тоа нема иднина, но сепак многу пари се заработуваат!!! Доколку би имало ќар, некои матерјали би се тргнале од забранета листа на радиоактивни матерјали и верувајте нема да има никави војни!!!! Туку само енергија која помалу штети!!
 
Каква е таа забранета листа на радиоактивни материјали?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom