Е па читај и гледај. Човекот сам си ја направил корветатам, да му иде на вода. Тоа е и темата на разговор овде.
Инаку мислам дека целиот проблем при конструирање на кола на вода е во складирање на водородот односно резерварот на горивото. Не е ниту во електролизата ниту во тактот на моторот. Тактот терба да се наштелува но тоа е лесно изводливо, исто како и смешата во овој случај водород-воздух. Технологијата за електролизата ја има на милион сајтови и постојат милион видео туторијали. Може да се смести во некоја гаража и преку компресор да се компресира во резерварот односно боцата. Е таа боца е проблем.
Исто така постои и течен водород кој се добива со ладење на гасниот водород до -252 С. За тоа е потребно голема инвестиција и не е баш изводливо доколку поединци како нас сакаат да направат нешто такво. На ниво на држава може да се инвестира доколку се види дека е исплатливо, но ние едвај ке собереме 1000 евра а камоли нешто повеќе.
Најефтино и најдостапно за нас е да се вложи труд и пари во најраспространетата технологија која ја има на нет. Тоа е технологијата која директно, додека работи колата се прави електролиза во генераторот и преку цревото за усис на воздух се вбризгува во комората за согорување. Е овде пак количината е проблем. Сега не е проблем складирањето, бидејки не се складира никаде водородот туку како се генерира, преку електролизата, директно се носи во комора за согорување.
Колку што имам прочитано до сега на бензиски мотор до 2000 цц му се потребни околу 5 литри водород во минута за да може да работи само на водород. А зада се создадат 5 литри во минута потребна е поголема енергија и тука лежи зајакот.
Кој ке биде фраерот кој со 20-30 ампери ке направи 5 литри водорот во минута?