Друже, кога се разложува водата на водород и кислород, системот троши енергија и се добива топлина... голема топлина. Колку точно, незнам, како што се сеќавам беше околу 300-400 степени. Одамна го немам разгледувано процесот на елетролиза. Битно имаш осободување на топлина која е доволна за да се одмрзни водата. Исто така топлина се ослободува кога ќе работи моторот.
Така да тоа е помал проблем, или во најмала рака, ќе треба 2 минути возилото да поработи на бензин/дизел додека да загрее и да се одмрзни водата.
Друга точка на гледање. Ако возилото ти е нон стоп во работа (макар и горивото било безпари) имаш други трошоци. Треба да промениш моторно масло на секои 10.000 км или 1000 работни часа. Па сега пресметај, 24 часа дневно, 7 дена тоа ти се 200 часа неделно. За 5 недели, оп масло (некои 50-60 евра). По таа аналогија, 50 недели, во една година = 100.000 км годишно. Векот на моторот е некои 300.000 км +/- башка 90% од нашите возила се блиску до таа граница.... и ако ти се исплати ремонт да го правиш на секои 2-3 години, бујрум.
едит: системот троши 1 децилитар вода и произведува околу 190 литри гас. Знаеш колку е ова? Со минијатурен греач од 3А се одмрзнува за 10 секунди
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.