Како бе сите сте ги заборавиле Let3?
Да направиш песна на музиката на
Child in Time на Deep Purple, а на текст на
Доѓи да остаримо заједно на Шабан Шаулиќ, и тоа да звучи вака добро, треба да си прво: мрднат, а второ: генијалец! За такви и ги сметам: мрднати генијалци. Помалку се attention whores, ама и како такви ги сакам.
Еве дел од моите најомилени:
^^^ Спотов за Tazi Tazi мислам дека е се уште забранет за прикажување на HRT. А и како не би бил?
^^^ Ова од саундтракот на некој од Ми нисмо анѓели филмовите.
^^^ Ова од последниот албум, иако е и тоа веќе некоја година старо, ама троа поразлично од тој некој фолк-рок што го фураа. Спотот им е посветен на Јадранка Косор, очигледно.
_____________________
Друго што ми текнува кога ќе помислам на Хрватска, а што не видов дека сте го постирале, е Дамир Урбан:
______________________
И трето, троа помеинстрим, ама сепак, овој поп ми се допаѓа: Филип Диздар, Натали Диздар и Лука Нижетиќ