Дневни, неделни, месечни хороскопи
Не сум сигурен дали и е тука местото на темава, можеби е повеќе за општи муабети, но тоа нека одредат модераторите.
Целта на темава ми е вие да споделите ваши искуства, тоест мислења за секојдневните хороскопи што ги читаме по дневните весници, списанијата, интернет и слично.
Можеби и некакви примери со лични искуства, на пример пишуваше тоа и тоа, а ми се случи тоа и тоа...
Предложете некоја квлитетна страна за астрологија и хороскоп, јас лично ги имам бајаги прошалтано овие што се нудат на нет и се уште не можам да завземам став во однос на нив.
Но кај нас хороскопт од Вест важи за еден од поквалитетните, токму поради и авторот Зоран Крствески.
Ако темава ви изгледа ко интересна пишете нешто, ме интересираат ваши согледувања. А ако ви се мрчи, би ве замолил да не мрчите затоа што темата е за конструктивни погледи а не фрустрации