Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп

  • Вкупно гласачи
    1.371
Член од
2 август 2011
Мислења
139
Поени од реакции
44
neznam no ima nesto vo toa obicno go citam xoroskopot vo vest i recisi skoro mi pogoduvaat se.:cool:
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
neznam no ima nesto vo toa obicno go citam xoroskopot vo vest i recisi skoro mi pogoduvaat se.:cool:
Што ти пишуваше тогаш кога го изневери сопругот? Дека Сатурн ќе пенетрира во Венера?
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Каков партнер бара секој хороскопски знак?

Секој хороскопски знак бара разлиличен партенр и очекува од него одредени квалитети. Погледнете како хороскопските знаци ги проценуваат своите партнери и кои особини ги бараат:

На Овенот му треба партнер:

- Кој му дозволува тој да води

- Кој има потреба за возбудувања и авантури

- Кој ужива во излегувањата и физичките активности

Бикот сака партнер:

- Кој знае да ја цени финансиската сигурност толку колку и тој

- Кој е страстен

- Кој е романтичен и сензуален

На Близнаците им е потребен партнер:

- Кој го цени интересниот разговор исто како и нив

- Кој е многу пријателски настроен

- Кој е разигран, спонтан и флексибилен

Ракот очекува партнер:

- Кој е внимателен и грижлив

- Кој ќе направи да се чувствува сигурен и кој ги разбира

- Кој го цени семејството

На Лавот му треба партнер:

- Кој вистински го обожува

- Кој е разигран и весел

- Кој ќе му биде најдобар пријател

На Девицата ѝ треба партнер:

- Кој може да ѝ помогне за подобро да го организира својот живот

- Кој ѝ помага да не биде престрога кон себе

- Кој ѝ дава верба во животот

На Вагата ѝ е потребен партнер:

- Кој знае да се носи со нејзините промени во расположението

- Кој е динамичен и секогаш подготвен за акција

- Кој ја става врската на прво место

На Скорпијата ѝ треба партнер:

- Кој е сигурен и на кој може да се потпре

- Кој има поголем сексуален нагон

- Кој ѝ помага да ги држи под контрола своите емоции

Стрелецот блеска покрај партнер:

- Кој има широки погледи и е флексибилен

- Кој има слободен дух и е спонтан

- Кој сака да научи што повеќе

На Јарецот му е потребен партнер:

- Кој е внимателен и грижлив

- Кој му помага да биде оптимистичен и да ја гледа светлата страна

- Кој може да му обезбеди удобен семеен живот

Водолијата сака партнер:

- Кој не се обидува да ја контролира или промени

- Кој ја сака нејзината единствена индивидуалност

- Кој во нејзиниот живот внесува страст и топлина

На Рибите им треба партнер:

- Кој е практичен и кој прави подобро да се запознаат себе

- Ко ја цени нивната брзина и чувствителна природа

- Кој е вреден работник и кој не обрнува внимание на тривијалните работи во секојдневниот живот.
 
TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Не верувам во хороскоп. Но, понекогаш ми е забавно да го читам.
Инаку, јарец сум.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
За мене :D

Детското лице на вагата

Вагата има нежно ангелско лице, кое најверојатно е резултат на тоа што Купидон во митологијата бил слуга на божицата Венера, а истоимената планета е водилка на овој хороскопски знак. Доколку го анализирате детското лице на вагата можете да забележите неколку специфични карактеристики. Сликите во продолжение ќе ви доловат какво влијание имаат физичките карактеристики на Купидон, во реалниот живот…

Кожата на вагата

Овој хороскопски знак како резултат на влијанието од планетата Венера – симболот на љубовта, најчесто има прекрасна кожа која изгледа како да блеска однатре, отсликувајќи го жарот и страста кои ги поседуваат вагите.
Надворешниот изглед на вагата
Рајска коса

Вагите најчесто имаат густа, благо навиткана коса. И покрај тоа што некои астролошки фактори индицираат меко и слабо влакно, сепак веројатноста дека вагата ќе има по некоја локна, е голема.

Сјајни очи

Во комбинација со витканата коса одат очи со облик на бадем, но тие не се премногу потенцирани. Средишниот дел од окото е заоблен, кој на краевите се стеснува во бадемов облик, давајќи ѝ шармантен и сексапилен изглед на вагата.
Надворешниот изглед на вагата
Привлечни усни

Нежната вага најчесто има исполнета долна усна и потенка горна усна, која е подвиткана надолу.
Надворешниот изглед на вагата
Сензуална убавина

Повеќето жени родени во знакот вага имаат голем апетит за слатка храна, па затоа не е чудно доколку им се случи да качат некое кило. Сепак, вагите сакаат и да ја одржуваат својата линија, но се додека имаат добро друштво и забава, во текот на спортските активности.
Надворешниот изглед на вагата
Витко тело

Машките ваги својата самодоверба ја добиваат кога се чувствуваат привлечно и секси, а тоа значи дека се подготвени да одат на џогинг, да спортуваат или да ја посетуваат редовно салата за вежбање, секогаш кога се јавува потребата за намалување на килограмите. Сè што ќе им овозможи да изгледаат добро во секој миг, е добредојдено за нив.
Надворешниот изглед на вагата
Симпатични дупчиња на образите

Без разлика дали се помалку забележителни или подлабоки и потенцирани, речиси сите ваги имаат слатки дупчиња на образите.
Надворешниот изглед на вагата
Таа насмевка…

Насмевката на вагата може буквално да ја подигне атмосферата и расположението на сите луѓе кои се околу неа. Без разлика дали станува збор за машка или женска вага, шармот и позитивната енергија која ја носи овој знак е несомнена. Кога еднаш ќе видите насмевка на вага, многу е тешко да не ја возвратите назад.
 
marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
988
Поени од реакции
503

јас сум вага :P:LOL::love:
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Љубовната врска составена од партнери родени во знаците вага и бик е проследена со одлична карма при што тие се чувствуваат како две половини кои формираат една прекрасна целина. И покрај тоа што на почетокот на врската навидум може да изгледа дека партнерите не делат исти интереси, кога подобро ќе се запознаат ќе откријат дека имаат многу заеднички работи. И бикот и вагата споделуваат интерес за уметност, музика и театар, уживаат во естетиката, физичкото задоволство и се вистински експерти за додворување.Вага и бик - љубовна комбинацијаНа тврдоглавиот бик му се допаѓа нежноста на вагата, бидејќи кога тој ќе се налути зашто работите не излегле по негово, дипломатската вага умее да ги „измазни“ работите во името на мирот во врската. Од друга страна, вагата ужива во финансиската стабилност и луксузот кој бикот може да ѝ го овозможи. Двајцата можат многу да научат еден од друг. На тој начин, вагата може да му помогне на бикот да почне да ги гледа двете страни на ситуациите, а тој пак може да ѝ помогне да ја надмине непоправливата неодлучност. Овој пар може да ужива во големата љубов, страст, луксуз и убавина.

Комбинацијата од нивните шармантни карактери можат да ја претворат во една хармонична романтична врска. Меѓутоа како и кај сите парови, така и кај нив можат да се појават проблеми, бидејќи и двата знака имаат тенденција да се однесуваат снобовски и мрзливо. Бикот во донесувањето одлуки секогаш се потпира на својата практичност, прашувајќи се „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите животни цели?“, а вагата од друга страна секогаш се потпира на своите интелектуални стимуланси, без разлика дали тие се практични или не. Конфликт во оваа љубовна врска може да настане доколку бикот стане премногу опсесивен, а вагата почне премногу да се дружи и да флертува. Понекогаш овие два знака едноставно не можат да застанат на иста бранова должина.

Ако сакаат нивната врска долго да трае, ќе мораат да научат да ги прифатат нивните разлики и поинакви гледишта кон животот. Бикот не знае да попушта, па затоа вагата ќе мора да ја прифати неговата тврдоглавост. Од друга страна, неодлучната вага може да го иритира директниот и упорен бик, кој секогаш е насочен кон остварување на замислената цел. Со нежно убедување сè е возможно, а не постои хороскопски знак понадарен со нежност, суптилност и шарм од вагата. Сè додека бикот се труди да избегнува да изјавува дека неговото гледиште кон работите е единствено и правилно, вагата ќе биде желна да ги прифати неговите одлуки. Најубавиот аспект од оваа љубовна врска е нивниот сличен „вкус“ за работите, кој е двигател на нивната меѓусебна почит и посветеност, како и исполнетиот заеднички живот.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Вага и стрелец – љубовна комбинација

Љубовната врска помеѓу вага и стрелец претставува рај за двата знака. Тие се на некој посебен начин длабоко поврзани и имаат огромно разбирање еден за друг. Стрелецот има авантуристичка природа, поради која постојано е во потрага по некаков облик на слобода. Вагата пак има вродена дарба за уметност и естетска убавина. Таа е стимулирачко друштво на стрелецот во нивните заеднички патувања и го збогатува неговото искуство. Оваа врска секогаш е свежа бидејќи и двата знака знаат како да ја задржат возбудата. Нивното меѓусебно разбирање си доаѓа по природен пат и прави партнерите да се чувствуваат како да ја пронашле својата сродна душа. Заеднички тие ги прошируваат своите хоризонти во љубовта и во животот воопшто.Покрај тоа што се одлични љубовници, овие два знака добро се согласуваат и како пријатели. Меѓу другото, вагата и стрелецот се високо компатибилни и како резултат на нивниот здрав, оптимистички и младешки поглед кон светот. Двајцата се големи ентузијасти кои трагаат по вистината и убавината во искуствата кои ги собираат.
Несогласувања помеѓу овие два знака се навистина реткост. Тоа е можно, доколку стрелецот каже нешто пред да размисли и со тоа ги повреди чувствата на вагата. Вагата пак од своја страна, може понекогаш да биде премногу затворена и да не му кажува на стрелецот како се чувствува. Благодарение на вродената дипломатија кај вагата, која навистина мрази да се расправа, таа ќе успее да ги „измазни“ недоразбирањата со стрелецот. Надминување на несогласувањата е навистина лесна задача за овие два знака, бидејќи тие имаат дарба за брзо опростување и заборавање.
Вагата е предводена од Венера која е симбол на љубовта, а стрелецот од Јупитер, кој ги претставува среќата и филозофијата. Женственоста која Венера ѝ ја дава на вагата и мажественоста која Јупитер му ја дава на стрелецот, го прави овој љубовен пар многу компатибилен и хармоничен. Стрелецот е секогаш во потрага по крупни одговори – вистината, значењето на животот и смртта. Во тој контекст, секогаш кога на вагата ќе ѝ надојде нова идеја, тој е спремен да ја поддржи и да тргнат заедно во потрага по нови доживувања. Ова е навистина страсна и возбудлива врска, во која авантуристичките походи немаат крај.
Стрелецот е лидерот кој ги контролира конците во врската, но вагата на посуптилен начин ги одржува во рамнотежа ситуациите, во моментот додека се случуваат. И двата знака се екстремно енергични и активни личности, кои можат да постигнат многу успеси заедно. Оваа врска е во својата најсовршена фаза кога стрелецот се чувствува независно и слободно во неа. Вагата е иницијаторот на нови идеи и места кои треба да се посетат, но таа има тенденција да се предомислува во последен момент, како резултат на нејзиниот неодлучен карактер. Како и да е, стрелецот е многу флексибилен и се прилагодува и ги прифаќа сите измени кои вагата сака да ги направи во нивните планови.
Најдобриот аспект од оваа уникатна љубовна врска е нивниот заеднички интерес за култивирање на знаењето и проширување на интелектуалните капацитети. Тие добро се согласуваат на емотивен и на географски план.

Од сега слободната вага - ( јас) ќе бара за партнерка стрелец :pipi: пошто по хороскопов не верував дека до толку ми прија женски стрелец :cool:

Јас како Вага, за врска топло ти препорачувам Водолиите. Ако ти е за секс- Шкорпии. Со други знаци ич не се замарај ;) Индивидуално е, ама ова со Водолиите е така, енергиите на километри се привлекуваат. Си има нешто - којзнае :) !
--- надополнето: 9 декември 2013 во 01:04 ---
Јас убаво реков погоре само со ќотек се трга рак. Па до толку луѓе без самопочит и без тронка гордост во себе немам видено. Колку и да го плукаш, па дури и да му се закануваш не се откачува и пак се лигави за назад. Да ги замразиш за сва времена :)

И со тебе и со Urban Female се согласувам безусловно! :) Непоправливи се. Години, години ќе поминат и тие пак не се откажуваат. Шо карактер ќе да беа :tapp:
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Јас како Вага, за врска топло ти препорачувам Водолиите. Ако ти е за секс- Шкорпии. Со други знаци ич не се замарај ;) Индивидуално е, ама ова со Водолиите е така, енергиите на километри се привлекуваат. Си има нешто - којзнае :) !
Не би рекол баш... сум бил во врска со водолија и не ми било мене баш најнај далеку подобро ми било со овен,скорпија а и лав бидејќи јас сум машка вага а за женска вага повеќе одговара машка водолија. За стрелец и вага мислам дека таквата врска би била само на некој начин само поради забава бидејќи стрелецот и не е баш многу верен...
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Не би рекол баш... сум бил во врска со водолија и не ми било мене баш најнај далеку подобро ми било со овен,скорпија а и лав бидејќи јас сум машка вага а за женска вага повеќе одговара машка водолија. За стрелец и вага мислам дека таквата врска би била само на некој начин само поради забава бидејќи стрелецот и не е баш многу верен...

А вагите па ако им стапнеш на „жуљ“ едно верни што се :pos: Може си во право, за машка вага не сум компетентна да кажувам ;)
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
А вагите па ако им стапнеш на „жуљ“ едно верни што се :pos: Може си во право, за машка вага не сум компетентна да кажувам ;)
Хмм... зависи сепак до личноста но мене ако ме прашуваш никогаш не сум изневерил пред се, си имам свои принципи на живеење но сепак познато е дека ако има здодевна врска вагата знае да шара со очите а и да изневери. Но пак ќе напоменам зависи до личноста. Инаку без навреда ова едно верни што се значи и за тебе? :D
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Хмм... зависи сепак до личноста но мене ако ме прашуваш никогаш не сум изневерил пред се, си имам свои принципи на живеење но сепак познато е дека ако има здодевна врска вагата знае да шара со очите а и да изневери. Но пак ќе напоменам зависи до личноста. Инаку без навреда ова едно верни што се значи и за тебе? :D

Околу мене имам еден куп ваги, така што во принцип сите се различни, но сите се исти. Вечито незадоволни, вечито им треба внимание, вечито сакаат убави работи, мир, хармонија и да, убаво рече принципи-секоја има различни, ама има. И не, сега не значи за мене ;) .
 
Член од
11 август 2013
Мислења
22
Поени од реакции
21
Машките Ваги се многу феминизирани бе, да не речам ко педерчиња делуваат :) И да не е геј, веднаш ти остава таков впечаток :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom