Хорор филмови

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Се беше добро,ама крајот разочара!
Патем кој како го сфатил :tapp: да не клавам тежок спојлер тие што го имаат гледано знаат дека нема логика......
Не е врвот, се согласувам, не го памтам до детали, ама знам на што инсинуираш. Ако човек сака одличен хорор се знае, THE OTHERS!
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
^ Не клавај, крајот беше нешто веќе видено, ама за разлика од повеќето вакви филмови, не можеше да се претпостави. Плус, француските хорори секогаш имаат некаков поинаков шмек, не знам дали е до јазикот или до Французинките.

На оној кому му се допаднал Haute Tension им ги препорачувам Frontier(s), Secuestrados, а оној кој досега не го гледал Martyrs... не знам што чекал.
--- надополнето: 10 мај 2012 во 14:14 ---
Не е врвот, се согласувам, не го памтам до детали, ама знам на што инсинуираш. Ако човек сака одличен хорор се знае, THE OTHERS!
Дефинитивно The Others, еден од моите омилени хорори. Мислам дека дури за неколку години луѓето ќе сфатат колку е добар филмот и ќе стане класика.
 
AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Абе искрено јас го немам гледано, ама самиот наслов многу ми (рас)кажува. Неколку млади одат во куќа во шумата и таму некој/нешто ги убива сите по ред, освен главниот јунак, или преживуваат двајца, дечко и девојка. Извини ако ова ти дојде како спојлер, мала шала :)
Инаку, би ти го препорачал Haute Tension, кој многумина ми го пофалиле. Е него го гледав, арно ама спојлерите начисто ми го уништија филмот, па никако не мислам да пишувам поопширна рецензија, иако мислам дека има потенцијал. Со ретки јапонско-европски исклучоци, за мене добрите хорорите најчесто се во минато време, сегашноста некако не ја бива, а во иднина ќе почекаме. Како и да е, постарите хорори ми се подобри.
Го имам глеано Haute Tension ептен е добар ама малце буни на крај и те остава да го мислиш со недели го гледав пред неколку години и кога и да ми спомне некој француски хорор тој филм ми е секогаш прва асоцијација
 
penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Малку како да претеравте со пофалбиве за филмов (Haute Tension). :oops: Мене не ми се допадна и не поради фактот што не мирисам слешер филмови (а ги има неколку што се стварно добри), туку целиот филм ми се виде крајно аматерски направен, со посебен акцент ставен на кулминицијата, ситуација од нигде никаде излезена. Тој дел ми беше врв, дури и се изнасмеав. Лошото мислење за режисеров ми го потврди следниот негов филм кој го фатив на тв пред недела дена, Mirrors. Лошо!:facepalm:
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.532
Поени од реакции
33.735

Koлку го имам плукано Mirrors.. тогаш неарен ме направија. :)
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
За Mirrors со Џек Бауер ли зборите?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
И мене Mirrors не ми се допадна, обичен клише амерички хорор, а не ни знаев дека е од режисерот на Haute Tension. Чудно, ама до некаде и сфатливо. Тоа се случува кога повеќе се внимава на парите, отколку на филмската уметност. Истото што на Аманебар му се случи со извитоперената американска верзија на Abre Los Ojos.
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.551
Поени од реакции
2.511
Mirrors е римејк (затоа го неам гледано), не знам што се чудите дека е лош. Ја го гледав оригиналот, добар беше, интересен крај -
http://www.imdb.com/title/tt0372937/

Уште еден предлог од азијскиве (коj исто имаше римејк :rolleyes:) -
http://www.imdb.com/title/tt0286751/
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.616
Поени од реакции
31.821

Да ти мавни на психа, секое чекање е напнато, глумата е перфектна. Ги обожавам ваквите пореални хорори, наспроти оние со вештачки креирани суштества и смешни вампирчиња, но има и исклучоци. Пример вториот омилен хорор има доза на фантазија, но е прилично напнат.

Секое чкрипење, секое движење, гнасното бебенце и криците кои ги испушта ми го зафркнаа искрено денот во кој го гледав овој филм :)
 
А

Анноун

Гостин
Баш го слегнувам The Hand со Мајкл Кејн , и ми текна да зирнам што оцена има на ИМДБ . Само 5.1 ?! Толку е просечен ?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Не е врвот, се согласувам, не го памтам до детали, ама знам на што инсинуираш. Ако човек сака одличен хорор се знае, THE OTHERS!
Два дена седев како потресена од филмов. И нема ни дупка во сценариото, се си се поклопи. Кидман <3
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Баш го слегнувам The Hand со Мајкл Кејн , и ми текна да зирнам што оцена има на ИМДБ . Само 5.1 ?! Толку е просечен ?
Колку што ме држи сеќавање од константното прикажување на Сител што го имаше филмов, подобар е од 5,1 оцена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom