Не ме боли. Напротив - повеќе жени за мене.
Она што мене ме секира е ограниченоста на популацијава во земјава, која сосем соодветно се рефлектира и на форумов.
Целиот нормален свет (како што е сликовито прикажано неколку постови погоре) очигледно нема проблем со хомосексуалноста. Проблем имаат исклучиво исламските земји и некои задрти, недооформени нации, меѓу кои, како што гледам, е и нашата - македонска.
Срамота е покрај толку расположливи информации на интернетов некој сеуште хомосексуалноста (1) да ја смета за болест, (2) да ја смета за заразна и (3) да поистоветува со педофилија, зоофилија или СИДА.
Мене ме боли што е форумов преполн со нетолерантни, игнорантни, мрзливи, хомофобични копилиња кои наместо да се едуцираат за работите кои не им се јасни и да ги отстранат ветвите стереотипи, тие острат сатари и се спремаат за масакр.
Околу 500-те години, иначе, малку си се заебал, пошто за година дена има да се деси геј-парада, па мајка Јана....
...аха, и јас иако хетеро, ЌЕ ИЗЛЕЗАМ и ЌЕ МАРШИРАМ со педерите.
Ти можеш да си побараш сатар уште сега, ако ти е ќејф.
--- надополнето: Sep 30, 2011 11:11 AM ---
Дали можеш да протарашкаш по распложливите информации, па да ни укажеш како тоа не влијае добро во Скандинавија, Канада и оние другите темно сино обоени земји на мапата каде хомосексуалноста и таквите бракови се легални и признаени?
...или чисто онака субјективно шпекулираш без некаква поткрепа?