Хип хоп културата во Македонија

Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
Абе мене ме занима рапот ама незнам баш многу за него .. Ај некој ако има македонски рап песнички да ми прати или по ПП или по Мсн .. Кој има нека се пријави . Ч)

Поздрав
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.461
Поени од реакции
22.074
od makedonskiot rap gi slusam edinstveno SAF
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Handsome напиша:
пишав и на др. тема еве и овде ќе пишам...
сакам некој да ми прати макРап песни да ги слушнам.не можам никаде да најдам...оние што оставаа некој линкови бараа регистрации некој чудби шо ти знам шо...
ако има некој...а верувам дека има да ме адне на мсн или пп да прати нешто...
peace bros.
eve ti link brate ubavo e so gledam deka se povekje lugje sakaat da slusnat vistinski mak rap a ne komercijala kako ''Vrcak'' :)
http://rapmkd.tk/
jas licno ti gi preporacuvam Ago, Klan Istok, Puka Kozmetika, Edinstvena opcija ovie poslednite tri se od Arena prod. se menuvaat vo sostavot ne gi znaam tocno. Isto me bendisuva i Dzaka i STR2..

p.s daj be kako go vikaat ovaj od STR 2 ne mi tek. sto recitira bez prestan????? peaCEEE....


vidi breej... sea gledaF na ovie prvite stranici i admistratoriVe slusale hc bravo Respekt :)
------------------------------------------------------------
 

MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
За сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за македонскиот рап, еве им прилика:

Македонска Хип Хоп Историја


-Македонија и хип-хопот се две многу различни нешта од социолошко-историска гледна точка. Доколку ги земеме почетоците на хип-хопот во САД кон крајот на седумдесетите години на дваесеттиот век и ги споредиме со Македонските седумдесетти, ќе добиеме една комична ситуација и слика за неразвиеноста на македонската музика воопшто.
Дали можеме да зборуваме за развој на овој музички правец кај нас, кој во светот е проучуван како специфична култура? Се сомневам во тоа.
Досега никој не се зафатил со подетално изучување на зборот култура, но онаа урбана култура која ќе придонесе за давање на конечен изглед на хип-хопот, мислам на графитите по метроата, на брајкденс натпреварите, па потоа на субурбаните услови на живеење, до она најлошото-појавата на сламовите. Што од ова наброено го има Македонија како земја? Дали може тогаш да стане накаков збор за урбани центри во оваа држава, освен Скопје, кој нагло се развива за сметка на внатрешноста.

-Од андерграунд движење, хип-хопот при крајот на 90 години на 20 век, стана меинстрим. Почетоците во Македонија ги бележи во раните деведесетти, но опфаќа стриктно одредена група луѓе, мала по број, која меѓусебно се познаваше, ако не лично, тогаш по облеката ( како што кажа еден пријател: ако тогаш ставеше капче на глава, мора да беше рапер ). Денес, глобализацијата направи веќе да не е можна таква строга класификација. А сепак, нивото на негово претставување остана на ниски гранки кога станува збор за нашата земја. Дали една од причините за тоа е што многумина не ги имаат сфатено пораките што ги носи овој музички правец? Или пак, како што погоре беше споменато, се должи на (не) урбанизираноста на просторот. Важат и двете причини.*

-Медиумската промоција и презентација на хип-хоп музиката се сведува на неколку имиња, кои попрво би ги сврстиле во поп музиката, отколку како рап артисти. Имињата не се битни, битно е колку нашите новинари немаат основно познавање од областа на хип-хопот како музичка гранка, а уште помалку како посебна култура на неколку стотици македонски приврзаници кон овој начин на живот. Реков стотици, бидејќи бројката на оние што се идентификуваат со овој правец не ја поминува границата од илјада. Можеби требаше да кажам, десетици.
Значи, медиумски нема стручни лица и новинари кои постојано и објeктивно ќе известуваат за македонската рап сцена. Доколку се појават и некои такви, тогаш, нивното интересирање и знаење е на минимални гранки.
Емисии и медиуми кои го обработувале хип-хопот ги има неколку, меѓутоа најзначајна и највлијателна е Црна хроника на V.G., која егзистираше единаесетина години на радио брановите, од 1991 година до 2002 година, најпрво на Канал 103, па сосем краток период и на Sity радио.
Покрај оваа емисија, на радијата се појавија уште неколку такви кои го немаа влијанието на Црната Хроника и кои траеја пократок временски период.
Од телевизијата остана за забележување Хип-хоп теза на Пикисипи, која се појави во 1997 година (во склоп на емисијата COOL), и се емитуваше од јануари до септември, еднаш неделно.

-Создавањето на македонски рап започна со основањето на неколкуте групи кои се појавија кон крајот на 80-те години на 20 век и почетокот на 90-те. Временски, тоа е периодот кога Македонија ја стекнуваше својата независност, кризата во КПЈ и формирањето на преку 119 политички парии, потоа растежот на либерализмот, односно зголеменото влијание на САД. Како се почуствуваа сите овие настани врз созревањето на можноста за формирање на рап групи, дотогаш непознат збор во нашиот речник. Најпрво, ако се знае дека доминантна беше фолк музиката, тогаш првите обиди за воспоставување на некаква основа за рап култура беа скоро невозможни. Информациите поврзани со тој вид на музика се црпеа преку МТВ, или преку шопинг во блискиот Солун. Во музичките продавници не постоеја хип-хоп албуми, но доколку се случеше такво нешто, принципот на добивање беше преснимен материјал на касета, а потоа тоа се ширеше од човек на човек преку рака.

-Првите две поголеми групи што успеаја да привлечат и да создадат своја публика беа Чиста околина и The Most wanted, вклучувајќи ги Инстант бит. Првите беа соединение на неколку помали бендови кои во 1992 го добија својот конечен лик, а вторите беа бројно помалку и со експлицитен начин на изразување. Уличен ритам се вметнаа меѓу нив по своето постоење и квалитет. Издавањето на албуми одеше уште потешко, но благодарение на упорноста се појавија неколку касетни изданија, да не ги заборавиме и Прљава средина, кои исто така се појавија во тие кругови.
Тоа го нарекувам првиот бран.

-Во продолжение се појавија многубројни демо групи и поединци, кои создадоа по неколку траки, што по својот квалитет немаа многу да кажат, но придонесоа за квантитативно зголемување на македонската хип-хоп продукција, а во тој момент тоа беше најважно, ако не и неопходно за што поголемо популаризирање на рапот.
Потоа следуваше појавата на САФ, Темната страна, Против сите, Дилери на рими, потоа ПУКА Козметика, Армадата, ДНС, Чалдисаните, Човекот X, Браќа по крв, The Е, Легијата, и др. да не ги набројуваме сите. Звукот беше подигнат на повисоко ниво, на old scool школата како да и се подзатворија вратите, се снимаше на поквалитетна опрема.

-Последниот период го подредувам кон крајот на стариот и почетокот на новиот милениум, за жал, кога во светот веќе одамна беше прифатено постоењето на хип-хоп културата и го живееше својот живот, дури тогаш кај нас срамежливо започна да се промовира идејата за македонската хип-хоп сцена. Влијанието кое се претрпе по појавата на Еминем, сакале тоа да го признаеме или не, беше од огромно значење за афирмирање на хип-хоп културата пошироко, велам пошироко, бидејќи и претходно постоеше некаква сцена што ја сочинуваа претходно наброените групи.
Веќе се работеше во пристојни студија каде што мoжеше да се извади мошне квалитетен звук, наспроти текстовите и продукциите, кои во голема мера останаа исти, односно недозволиво неквалитетни. Секогаш и секаде-исклучоци.

-Следното нешто на кое ќе се навратиме е концертот на САФ на Скопскиот саем во 2001 година. Присутни околу 2000 луѓе, а причина плус да се биде таму беше најавеното доаѓање на најдобрите нови артисти за 1992 година, американското дуо DAS EFX.
Од другите гостувања само ќе ги споменеме на Grand Agent и појавата на Coolio во Скопје.
ДЈ гостувања имаше повеќе: DJ Fu, DJ Randevu, DJ Devious, DJ Stancho, Dj Ron Phlatine, DJ Phat Phillie, Dj K’ Paw, DJ 279.

-Уште потешко одеше кога станува збор за видео записите, односно спотовите. Тука ќе бидат наведени некои од нив, но не хронолошки и не по азбучен ред.
* САФ-Сафари; Раце горе.
* Клан Исток-Кој е кој; Пријател; Од Скопје до Софија; заедно со ПУКА Козметика-Рапери во криза и Песна од душа.
* Соло-Градот убав.
* Да Џака Накот-Армагедон.
* Изданијата на Mic-d-vice во кои тој рецитира на англиски
* Урбана димензија-Фанатик и др..
* а оние неколку неквалитетни работи што се појавија ваму-таму нема да ги набројуваме.

Главен центар каде се случуваат најголем број од настаните е Скопје. И по бројот на жители и по урбанизираноста на просторот, тоа е местото од каде се прелеваат сите позначајни збиднувања низ Републиката. Долго време беше и единственото место каде што имаше хип-хоп сцена, но потоа ширум државата никнаа неколку центри кои дадао квалитетни производи. Пред се, тоа се однесува на Штип, каде се појавија многубројни групи: Чалдисаните, Како браќа, Психо тим, Рибарски, Егзекутори, No exit, Луѓе у бело, Вербал, Троен пакт, Скандал, Тријада, Да бе да, итн. Од Струмица се појавија Triple S, Третата дивизија, потоа Раптори од Куманово, Засекогаш на своето од Св. Николе, Bitola Crew, П.С.К од Прилеп, Геноцид и Подземје од Тетово, Непознатите од Велес и др. Одвреме навреме се организираат настапи, кои се добра можност за понатамошно ширење на хип-хопот и надвор од Скопје.

Клубските настани денес не се толкава реткост како порано. Во неколку дискотеки низ Скопје се пушта хип-хоп, каде што љубителите на оваа музика можат да го слушнат посакуваниот звук, но сепак во некоја мека форма, понекогаш незадоволително и недозволиво за такви вечери.
Пони беше едно од местата каде што од 1995/96 започнаа Free style забавите. Тука е и С.Ф., потоа Хавана во Градскиот парк, Копакабана, Лидо, Underground, Гејт. Тоа беа местата каде што организирано можеше да се слушне рап, а потоа продолжи на повисоко ниво во Елемент.
Токму на таквите забави се стекнуваше искуство за настап и рецитирање во живо, се занемаруваше тремата со поддршка на пријателите, и се вежбаше говорната вештина.

- Едни од позначајните настани кога станува збор за гостувања надвор од Македонија и поголеми концерти се веќе споменатиот на САФ на Саем, Street Expresion во Словенија 2002 и Балканскиот хип хоп фестивал во Софија , потоа настапот на Да Џака Накот на Таксират 2002 година, Темната Страна во Пловдив, Скопје виа Софија како предгрупа на RZA од Wu Tang Clan, Кланот Исток и ПУКА Козметика на Балкан хип-хоп фест., и како предгрупи на концертот на Jeru the Damaja, 2004 година во Софија.
Она што е карактеристично за настапите на домашната сцена е малубројноста на присутните, за разлика од фестивалските збиднувања кога своја шанса имаат и хип-хоп артистите да се појават пред неколку илјадна публика со свој настап, покрај другите групи. За соло концерт што ќе привлече толку внимание и публика не може да стане збор. Значајна е Полноќната миса на Аго која за жал, не успеа да стане традиционална.

Женски хип-хоп артисти и групи нема. Она што може да се смета како такво се служи во почетокот на 90те, кога имаше еден таков случај, а е поврзан со името на Ена Веко, и остана на тоа.
Појавата на здружението Temple of hip hop, може да повлијае кон квалитативно издигнување на културата, но само доколку правилно се насочат и фокусираат неговите членови. Исто така, оваа организација се појавува и како издавач на фанзинот ПРФ уличен блинг.
За ширењето и зголемувањето на сцената, покрај претходно наброените групи и артисти заслуга имаат и Единствена опција, Големиот мал човек, НАФАЛ, Таз Алхемичарот, Тец, STR 2, Скарфејс, ЕСЕ, Вербален терор, Ремс, RiP, С.В.П., Стиховен калибар, Морбидна реалност, Црна тачка, Парадокс, RONIN, Oriental Bland, Скипи, Коска, MVP, Reality, Камени мост и др.

Можностите на македонската сцена можат да се подобрат и зголемат само со организирано дејствување, но тоа е малку потешко, со оглед на поделбите кои владеат помеѓу одредени кругови и оние бифови Исток-Запад, кои како да се пресликани од САД.


превземено од makrap.com
Славчо Ковилоски - Профо
Клан ИСТОК

Забелешка: Во горниот текст е дадена само делумна слика на Македонскиот Рап, па затоа подолу ќе пастирам уште еден текст за Македонскиот рап, кој повеќе се однесува на АГО и неговата продукција, за сликата да биде целосна.
 

MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
Се започна во 1986 година. Брејкденс беше првото нешто за Аго, играње на неговите омилени рап ритми. Наредната година одлучи да навлезе подлабоко во културата и започна да прави рап музика и ја создаде првата македонска рап група “Masters of rap”. Групата всушност беше составена од еден солист на почетокот, а во 1990 го добива и вториот член, Nike MC. Во тоа време ретко се наоѓаа македонци кои слушаа рап музика. Првата официјална песна беше снимана уште во времето кога Аго беше сеуште солист, и беше снимана во студиото “Ksandu” во 1988 година. Името на песната официјално беше објавено како “Masters of rap” од АГО. Во 1990 година, “Masters of rap” го објавија нивниот прв спот за песната „Не заборавај ме“, која се базираше на вистинска трагична приказна. На крајот од 1990 во настапија промени и Nike MC ја напушта групата кој беше брзо заменат со Боро. Веднаш по оформувањето на новиот состав на групата тие имаа изведба на Градскиот стадион во Скопје на фестивалот „Џаро фест“. Во 1991 групацијата се распаѓа и Аго се придружува во групата “Instant Beat” заедно со ММ Владо Г, во чие студио ги снимаа песните. Instant beat имаа многукратни настапи во Скопје како и низ цела Македонија, во дискотеката “Hall” во Велес, дискотеката „Парк“ во Кавадарци, дискотеката „Кактус“ – Струмица, дискотеката „Лав“ во Гевгелија и уште многу други. Во тоа време беше огранизиран првиот македонски рап настан во МКЦ наречен „Братство и единство“ со настапи на ДМ Џиџер и Instant beat. Настанот беше организиран од Аго и Зоки. Во 1993 година се одржа фестивалот “Rap’n’roll” во организација на списанието „Екран“, што претставуваше натпревар и песните беа снимани на касета издадена во знак на фестивалот. Истата година Instant beat сними 6 песни во студиото на Македонската радио телевизија, а песните беа: „Не заборавај ме“, „Мафија“, „If you want more”, „Не е како порано што било“, „Забава“, „Женски феномени“ и „Instant beat”. Покрај Instant beat, Аго во исто време почна да работи на неговиот соло проект наречен “The most wanted” во 1992. Во 1993 тој го напушта Instant beat поради несогласувањата со ММ Владо Г. Во тоа време снимањето во професионално студио беше луксуз, барем во Македонија и се се сведуваше на домашна продукција на компјутер. Во 1993 Аго започнува да снима кај Тец, кој во тоа време се придружува на “The most wanted”. Одтогаш тие почнаа да работат на нивниот заеднички албум „Пресудниот ден“. Албумот беше завршен во 1994 и официјално објавен во 1995 како првиот Македонски HC рап албум. Албумот беше широко прифатен и целосно распродаден за 2 месеци. “The most wanted” имаа многу настапи во живо во Скопје како и во останатите македонски градови. “The most wanted” одиграа голема улога за македонската урбана култура и станаа синоними за македонскиот уличен рап и најпозната рап група. Во 1996 за време на снимањето на спотот за “Hardcore рапот никогаш нема да умре” групата се распаѓа. Откако се распадна групата, АГО продолжува како соло, исто така познат и како “Темната Страна”, и до ден денес прави музика. “Темната Страна” го презентира оној редок тврдокорен рап и е првак во тој тип на музика во Македонија и соседните земји. При крајот на 1996-та година, АГО го основа студиото ”Долината на сенките” , и “Армадата” како рап група. Темната Страна има многу настапи во живо во ноќните клубови низ Македонија и соседните држави. Аго потроши многу време во неговото студио за подобрување на неговата продукција и произведе голем број на аудио снимки за голем број од Македонските рап групи и артисти. Во 1999 ДНС Продукција го презентираше своето прво дело ДНС ТОМ 1 ( Неиздадени ). Првиот ТОМ беше знак за нештата кои допрва доаѓаа. Томовите се компилациски албуми на артисти и групи кои снимаат со ДНС Продукција и кои не се во можност да снимат цел албум, или групи и артисти кои прават песни во ДНС кои не биле планирани за ставање во албум или слично. Продукцијата на песните, звукот и квалитетот варира низ времето зависејќи од моменталната состојба на студиото и годината кога тие се снимени, што значи дека постарите песни може да излезат во подоцнежните томови. На 22.12.2001, ДНС продукција го организира првиот фестивал за афирмација на македонската рап музика ( Првиот и единствен во Македонија ) наречен “Полноќна Миса 1”, на кој исто така имаше гости од соседните земји. Во 2002 ДНС Продукција ја изваде втората компилација наречена “DNS Presents” која се состоеше од песни на артисти и групи кои беа планирани да излезат во албумите во иднина. Набрзо по објавувањето, се основа ДНС Екипа, и нејзините први членови беа: “Темната Страна” ( АГО и Кец ), “Низок Удар”, “Соло”, “Камени Мост” и подоцна “SVP” и “ПКМ”. ДНС Екипа потоа имаше некои промени во екипата. Во 2003 ДНС го организираше вториот фестивал “Полноќна Миса 2”, на кој исто така имаше гости од соседните земји.

Сега запрашајте се: Кој е таткото на Македонскиот Рап? Се разбира, АГО...
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.017
Поени од реакции
1.133
http://www.makrap.tk/ Тука имате и за Download..
Јас мислам дека доволно го познавам мак рапот.. имам и многу другари кои слушаат рап.. па така покрај нив и јас почнав да слушам. Додека не ја слушнеш таа музика.. еве во случајов зборуваме за мак рап не може да речиш дека не е добра музика. Рок, метал, техно.. се е тоа добра музика но пример за мене не е мој фкус.. Единствено што можам да речам дека не е добра музика е турбо фолк.. Не знам зошто но немам нерви за да го поднесам тој тип музика..
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
дај не ме заебавај Spirt Го ставил во анкетава???????????
не знам што е ова се знае ако правиш прави анкета за најдобар мак. рапер а не група. Уствари тоа Спирт не вреди никаде да го ставиш затоа што појма нема!!!!!!
се знае најдобар АГОО!!!!!!!!!
а за група коа праиме муабет супер се Единствена Опција, Легијата, THE MOST WANTED-легенди.

друго
реплика за тоа ТОни Зен најдобар во што ФИлмање занесување, напраил спот и сеа ај а лириките Скопје има микро клима?????????
со иам веза ова сеа????????? ако е Тони Зен рапер јас сум за него 2PAC :)
а ке забораеФ за тоа дека саф биле најдобри како што кажа некој погоре што оценуваме рап музиката и текстови, рими или тоас кој повеќе пари има и поскапа опрема во студио??????????? колку со гледаФ на MTV саф имаа незнам колку коли пари и сто уште не ????
Ако аго, џака или некој од легендиве се продаваа за пари како комерцијалава глупа до сеа ке беа милионери, пошто иако сите се прават рапот не чини рапот ова рапот она секој во компј. има албум два од АГО, Џака или САФ.....!!!!!!!!!!



а и ова заборавив Чиста околина рапери:?????????? хахахаха не знам што сте слушале тие беа само некоја лоШа верзија на [SIZE=-1]Beastie Boys и нешо демек old school хахаха лирики безвезе само колку да се збора нешто?????? како што каза Човекот Темен '' чиста околина зборот ве скина'' некој требаше да им каже дека АГО е во близина :)))))):zver: [/SIZE]
 

CT

Член од
21 февруари 2007
Мислења
384
Поени од реакции
2
Sindikat, dobro razmisluvanje. Ago e ago, ima stil poseben.. dzaka nakot e sepak najdobar lirichar, toa treba da se prouchuva tekstot za da se sfati poenta. GreenouT se momentalno najdobri, i za betl stil i za funky. Neshto neverojatno se dechkite.. sekoja cest.
I sredete go malce topicot, ako ne znaete kako, ne go otvarajte
"RAP GRUPA" najdobra a go stavile rns.. ubijte se!
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Не прам муабет јас за пари колку напраја САФ, најквалитетен рап праеја во Македонија. Аго си е Аго друг стил друг муабет си кажва во песните, мене не ми е убаф не го слушам.

За Чиста Околина брат поарно не зборај ако не ги сфаќаш песните, лириките му се на ниво пишани и ретко кој можи да навлези во нив. Не си издавај интелегенција сеа.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
хахаха Чиста околина сложени лирики хахаха доБлЛлооооооооооо
 
Член од
21 декември 2005
Мислења
661
Поени од реакции
7
nema da glasam na anketava poso toj so ja sostavil si nema vrska od makrap a i temava vodi koj neposakuvani karanici
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Гласав за Теманта страна ама СИВ ДОМ ЗАКОН! Ги нема нив во анкетата.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.017
Поени од реакции
1.133
Јас гласав за Темната страна, според мене најдобри се.
А најдобар поединец дефинитивно е АГО!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom