Sindikat напиша:
Ако гледаме реално, досега нема ниту една група која се доближила до квалитетот на САФ. Професионална продукција, реални текстови и шо е најважно од се песните имаат порака допират до тебе те креваат ко ќе ги слушаш се соживуваш.
На АГО да кажиме реално сите песни му се исти, комплетно истите муабети, кој бил тој, како најак е од сите, како сече со рима, како прска мозоци и незнам шо. Си има стил чоеко ама далеку е од квалитетот на САФ. Песните немат никаква порака, барем оние кои ги имам јас слушнато, а сум слушнал околу 40-50 од кои 70% беа помали од 1 минута. Друга работа има потпросечна продукција, музиката истотака е благо кажано слаба. Музички гледано е далеку од најдобар, ама секој си има фаворит.
Џака Накот од поединците е далеку најдобар лиричар, текстовите се гледа дека му се со голема уметничка вредност и мора да се има дарба за да се напишат. Значи просто кажано дечкото не е шогоде. Има свој стил и не замара во сите песни со клишето на 90% од македонските „рапери“ од типот „најак сум“ ,„ти си пичка“, „јас со рими сечам, гмечам“ и слични изблувотини.
Е така да си споделиме некоја реч...
Ти го поддржувам мислењево, ама не целосно!
Како прво, неможеш да мешаш баби и жаби (АГО и САФ)!
САФ - еден стил, АГО - трет стил (не за чабе е ТЕМНАТА СТРАНА!)
Како второ, САФ имаа професионална продукција пошто ГОЦЕ е милионер (не буквално, ама е прилично богат, па си има студио и сите тие ствари)!
Како трето, текстовите на АГО не му се цело време исти, ако си слушал скоро се од МК РАП, ќе сватиш дека сум во право! АГО ги презира СИТЕ што се шупаци а се стаиле у рапов доброволно (у стил,
ај бе ќе бидам рапер!) не иде тоа така! Преслушај му ги сите негови текстови и ќе заприметиш дека сите се посветени до некого, бидејќи тој некој заслужил да биде дисреспектиран (disrespect)! А за тие малите песни што си ги слушнал, тоа ти е МНОГУ КАЖАНО НА МНОГУ КРАТКО!
Како четврто, Ретко кој вози ритам како АГО, а за продукција, не те свакам, што е за тебе добра продукција? Кој има поскапа опрема, или кој подобро звучи? Колку снимаат кај САФ а колку снимаат кај АГО??? Пола македонија? Повеќе???
А што нема подобар од АГО, нема! ВО НЕГОВ СТИЛ!!! Не мешај повторно баби и жаби!
Е, за Џака се сложувам! Штета што се скарани со АГО, да беа уште заедно, тоа ќе беше нешто невидено!
Како за крај, кога АГО рецитираше, правеше музика, продуцираше, сите други слушаа златно славејче! И да не беше АГО тоа што е денес, Македонскиов рап ќе беше турлитава или срање!