Хари Потер

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Dumbledore joined the chat. :)

Инаку, да, преводите ќе бидат многу подобри. Подобри и од изданијата на Младинска Книга. Сепак, ова е издавачка куќа со можеби најдобри преводи во цела држава, а и од она што го пишува на објавата - имињата се добри (Хермиона Гренџер, Рон Визли итн.).
Автоматски споено мислење:

А јас пак се прашувам дали ќе ги преведат последните две книги, зашто веќе се преведени o_O?!
Преводот ги осакати книгите, но сега имињата звучат во ред, ама ќе видиме како ќе испадне. Ама ламина има 30 % попуст Онлајн на сите книги, па слободно можеш да си ги прошириш хоризонтите, ако си во состојба нормално.

Можат да ги преведат ако сакаат и последните 2 книги, ама мене ми се допаѓаат овие кои веќе ги имам.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Денес е излезена во продажба, лектирното издание. Немам инфо за цена. :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Мислам дека не е скапо, на времето кога излезе книгата, првиот дел мислам дека беше 200 мкд. Ама времињата се меЊАт, плус ако е добар преводот, тоа е тоа. :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Јас како што разбрав ова е целосната верзија.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Ако ја купил некој првата книга, ме интересира кое е презимето на Рон.
Проблем е преведувањето на македонски (кирилица - азбука). Визли Рон по абецедата е после Потер Хари, додека по азбуката е пред Потер Хари. Затоа во првиот превод Рон беше Снајдоски (во некои книги - Ласичковски).
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Што беше резлика меѓу лектирното и не-лектирното издание?
Лектирно издание е адаптирана верзија за помладата публика. Пример за Робинсон Крусо, лектирното издание е скратено, одредени делови како религиското толкување, филозофија итн се изоставени и повеќе е даден акцент на авантурите на Робинзон, за разлика од оригиналот кој не е препорачлив да го читаат деца од 10-12 години, ради неговата сурова и реална итерпретација на општеството во 17ти век.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Сигурен си за ова, мислам дека некаде прочитав дека е целосната верзија. А стои како лектира, затоа што и ќе биде лектира за 9-то одделение.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Сигурен си за ова, мислам дека некаде прочитав дека е целосната верзија. А стои како лектира, затоа што и ќе биде лектира за 9-то одделение.
Што знам, меѓу 310 (оригиналот) и 260 страни (Арс - ламина) ми има малку разлика. Можеби грешам.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Што знам, меѓу 310 (оригиналот) и 260 страни (Арс - ламина) ми има малку разлика. Можеби грешам.
Првото издание во Британија е 230 страни, ќе проверам деновиве колку страни беше првиот превод, се мислам дека беше нешто над 200.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.910
Поени од реакции
84.317
Многу ми се допаѓаат кориците.. Само ова најверојатно е лектирното (скратеното) издание. Едвај чекам фул издание, a и сите други книги од серијалов :)
Автоматски споено мислење:

ЈАС: Оваа книга што наскоро ќе се објави е лектирната верзија што ќе е скратена?! Кога ќе излезе целата верзија, а и сите останати книги од серијалов?
ЛИТЕРАТУРА.МК: Здраво, нема да е скратена во однос на регуларното издание туку ќе биде додадено на крај речник на непознати зборови и ќе биде испечатена со поголем проред за полесно читање кај помладите. Се очекува да излезе наскоро (точна дата немаме), а другите ќе излегуваат една по една во следниот период (точни дати немаме, се фокусираме да се квалитетни изданијата). Поздрав
-----
Значи, изгледа нема да има кратки/долги изданија. Само ова лектирно издание ќе си остане. Малку ќе ме нервира што одозгора ќе пишува ЛЕКТИРА, ама тоа е.
Еве уствари некој пиша старна уназад дека изгледа нема да има разлики во изданијата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom