Хари Потер

Член од
13 март 2011
Мислења
2.280
Поени од реакции
2.000
Не избегнувам, туку не сакам да образувам луѓе;)поздрав
Tи реков ли да ме образуваш?
Океј е, докажа дека немаш врска од Хари Потер.
Докажа дека по грешка си се запишала книжевност.
Доволно е тоа.
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Не избегнувам, туку не сакам да образувам луѓе;)поздрав
--- надополнето: Oct 7, 2011 6:51 AM ---

Никаде не реков дека сум паметна а знаеш што друго исто така научив на факултет?
-Научив да игнорирам глупаци
Твоето „објаснување“ на поимите погоре беше очигледен обид за образување луѓе, јасно е дека влегуваш во контрадикторност сама со себе, но сепак ти не можеш да нè „образуваш“ во врска со Хари Потер затоа што се гледа од авион дека си запознаена со темата како што јас сум запознат со моменталните случувања во CERN.
Ти не рече дека си паметна, но се обидуваш да го докажеш тоа со копирање/препишување на теорија која не беше паметна, а тоа што те научиле да игнорираш глупаци на факултетот - е за тоа требало да ти текне пред да влезеш на темата и да напишеш дека Хари Потер е глупост, со што автоматски даваш значење на една група „глупаци“ - какви што, според твоите зборови, сме ние. Биди ми поздавена!
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не сакам да провоцирам туку си го напишав своето мислење
Мислење се пишува во повеќе од еден збор. Ова твоево е провокација.
--- надополнето: Oct 8, 2011 7:39 AM ---
Не реков никаде дека моето мислење е најточно
Студент на книжевност кој не става точка на крај на реченицата?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.967
MysteriousM јас комплетно те сфаќам што сакаш да кажеш, но на останатите им делува малку препотентно кога некој напаѓа нешто без никакво образложение и притоа вели дека го мрзи да објасни. Станува збор за форум, па обично кога ги кажуваме нашите мислења ред е да образложиме зошто мислиме така, или пак, воопшто не пишуваме.

Останатите ве молам без лични навреди и препукувања. Мислењата нема да ги бришам да служат како пример како НЕ треба да се дискутира.
 
Член од
19 април 2010
Мислења
100
Поени од реакции
20
Ако целиот свет јаде гомна, не значи дека и јас треба да ги јадам;)
--- надополнето: Oct 2, 2011 1:08 AM ---

Во овие книги нема што да се анализира...
Како можеш да тресеш зелени. Џоана не е само писателка туку е и еден од подобрите лектори. Kако нема што да се анализира во книгите, на пример, секое име има свое значење, не верувам Џоана да препишува рандом имиња од google. Туку ајде сите ја чекаме твојата рецензија.
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Како можеш да тресеш зелени. Џоана не е само писателка туку е и еден од подобрите лектори. Kако нема што да се анализира во книгите, на пример, секое име има свое значење, не верувам Џоана да препишува рандом имиња од google. Туку ајде сите ја чекаме твојата рецензија.
Многу те сакам поради ова што го напиша! :)
 

Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Фантастична сага, ги прочитав во еден здив сите 7 дела. Навистина длабочина внесува последната книга, каде се одгатнати многу работи кои ми создаваа главоболки во претходните делови. Фантастично достигнување е описот на љубовта на Снејп кон Лили. Ремек дело на Џоана. Одамна не сум се расплачил на книга, уште од "Улавите години" хаха :).
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Книгите на моето детство и младост! Како само со душа ги чекав! Во средно еден другар ми ја донесе 5тата книга од Германија на англиски и уште на час почнав да ја читам. Секако, тука имаше шеги на моја сметка, но јас не можев да се одвојам од неа!
Инаку, ги имам прочитано сите 7 книги, и на англиски, и на македонски. И пак би ги читала :)

И не ми е јасно како госпоѓицата погоре вели дека се глупост, а уште помалку јасно ми е кој и’ предава книжевност. Последен пат кога проверив кај нас на факултет професорите беа супер. И ем не’ учеа како се анализираат книги, ем се полагаше правопис и правоговор.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Денес на Pottermore.com беше доделен првиот House Cup. Го освои Slytherin. Gryffindor се втори, Ravenclaw трети, а Hufflepuff се четврти.
Наскоро треба да ја отворат и Chamber of Secrets, па пак ќе има нешто ново да се чита.

HouseCup.png
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.799
Извините вака што упаѓам а ја неам прочитано темава од почеток,кај може да се најдат книгиве низ нашиве книжарници,од прва па натака?

* Ги има на Македонски или на Англиски? Или двете ? :D

Фала однапред.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.597
Извините вака што упаѓам а ја неам прочитано темава од почеток,кај може да се најдат книгиве низ нашиве книжарници,од прва па натака?

* Ги има на Македонски или на Англиски? Или двете ? :D

Фала однапред.
Првите пет дела се преведени од Култура, е дали сеуште ги има не знам.
Последните два дела се преведени од Младинска книга, истите мислам дека ги има во Матица и на kupikniga.mk.
На англиски веројатно ги имаш комплет во Икона.
 

KilerBee

Русалка
Член од
13 април 2011
Мислења
57
Поени од реакции
85
Ги прочитав една по една од Британски Совет на англиски бидејќи македонскиот превод како Рон Ласичкоски и Хермиона Желбогорска беа од старт знаци дека ќе ми ги усерат книгите... Феноменална писателка, неверојатно прекрасен свет кој се чини дека го живееш додека го читаш. Мислам дека книгите не оставиле никого непроменет откако ги прочитал. Пак викам - во оригинал, на англиски, зашто сум фрапирана од македонскиот превод.
Мислам дека како мене книгите ги доживеал само Џон Вилијамс. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom