Книгите на моето детство и младост! Како само со душа ги чекав! Во средно еден другар ми ја донесе 5тата книга од Германија на англиски и уште на час почнав да ја читам. Секако, тука имаше шеги на моја сметка, но јас не можев да се одвојам од неа!
Инаку, ги имам прочитано сите 7 книги, и на англиски, и на македонски. И пак би ги читала
И не ми е јасно како госпоѓицата погоре вели дека се глупост, а уште помалку јасно ми е кој и’ предава книжевност. Последен пат кога проверив кај нас на факултет професорите беа супер. И ем не’ учеа како се анализираат книги, ем се полагаше правопис и правоговор.