Фудбалски/трансфер дискусии

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А зошто им е уствари Лемар на Ливерпул? Па уште 70m понудиле а у одбрана им играат Биди и Бади.
во одбрана Клоп е по строго фудбал менаџер засилувања, фри ејџентс или да кошта до 1,5 милиони :D
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.709
Игра Лемар и во средина, јас логика во трансферов гледам само со евентуално заминување на Кутињо, па овој да игра позади 3ката напред. Не знам зошто, се си мислам дека ќе попуштат на крај и ќе го дадат Кутињо. Што се дешава денеска еј, збеснаа сите, не можеш ни да пратиш веќе :D Иначе, доста позитивно ме изненадија Монако, супер си работат на трансфер-пазарот и мислам дека им следи уште една топ сезона и полека одат кон топ10 екипите во Европа (Тотенхем, Дортмунд:icon_mrgr:)
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.790
Поени од реакции
12.157
ЕСПН се лош извор, ако има нешто ќе пренесе одма Џојс :)
Знам така само ја ставив сликата во контекст на муабетот. Инаку има понуда и можно е уште утре да бидни нешто
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.726
Поени од реакции
22.874
Брзо му помина грбот :D :D
Во Бразил и воздухот е подруг, затоа магично се опоравил :D

Иначе, медиумите блиски до Ливепул известуваат дека во случајот со Кутињо ситуацијата не е мрдната ни милиметар, така да клубот останува на истиот став: нема преговори, нема продавање.
Каталонските, шпанските и некои други медиуми пак упорно форсираат приказни како Ливерпул и Барселона веќе започнале преговори.

Мое мислење е дека ова лето нема да си замине Кутињо. А чим нема ова лето, ќе остане уште неколку сезони во Ливерпул :D Тоа е само мое мислење што многу веројатно е да не испадне точно, затоа што од наредно лето го договориле Кеита.

За во Барселона не ми е баш некоја желба Кутињо, повеќе би сакал било кој друг (од имињата што се спомнуваат) да дојде, отколку Кутињо. Но, ако веќе не доаѓа никој друг, тогаш сосема океј е Кутињо.

Макар што, како што кажа @Ilumious Фергусон во 2009та кога го продаде Кристијано, единствено го донесе Валенсија и тоа за една петина од сумата за која замина Роналдо (чиста среќа што прво дојде Валенсија, па тек потоа си замина Роналдо, иначе и Валенсија би коштал повеќе). Кога ќе продадеш важен играч за голема сума, сите други тимови те знаат дека имаш пари а очајно ти треба замена и гледаат да те исцицаат до максимум. Слична беше и ситуацијата со Барселона кога бараше стопери во летото 2014та (ПСЖ бараше ненормални суми за Т.Силва и Маркињос, плус истиот тој ПСЖ го собра и Давид Луиз) и на крај ги земаа Матје&Вермален и 2цата заедно коштаа 35 милиони. :D
Затоа најпаметно на Барселона ќе им беше наместо Паулињо да го земеа Сери од Ница и да се откажат од Кутињо.
 
Не толку што го зеде пред Роналдо колку што го зеде од Виган. Виган е единствениот клуб од четирите професионални лиги во Англија што не се замара баш со фудбал, рагбито е попопуларен спорт во тој реон. Не се нешто амбициозни, и Мозес таа година им беше најдобар играч па лесно им го дадоа на Челзи :D исто и кога освоија ФА куп, немаа со кого да прослават, двајца без тројца по улица :pos:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.762
Поени од реакции
9.545
@Ернесто ЧЕ Гевара

Прво се случи трансферот на Роналдо, па потоа го донесовме Валенсија кај нас. Имаше размак 10тина дена и повеќе сигурно. Разликата е во тоа што моментално Барса односно Валверде и управата ви делуваат без концепт во споредба со САФ. САФ го даде Роналдо во почетокот на месец Јуни и имаше цело лето да бистри по која насока ќе го гради Јунајтед. Избра со Валенсија/Парк/Нани/Гигс да ора бочно со што Руни и Бербатов ќе поентираат од нивната брзина во тој период. Едноставно САФ беше таков менаџер кој не сакаше да ги пукне тие 86м фунти на играчи кои беа доста атрактивни за Јунајтед во тој период поготово што покрај Роналдо си замина и Тевез. Тука беа Агуеро, Ибрахимович итн. актуелни на пазарот...За тие играчи ако се вмешавме можеби ќе не исцедеја. За чиста илустрација го изгубивме Хазард ради таа провизија што ја лапна Раиола од Челзи. Тоа беше САФ и памтам Рио Фердинанд кога почнавме да трошиме по Ди Марија и Марсијал изјави дека ако САФ трошел на тој начин (а имал финансиска можност за тоа), Јунајтед по заминувањето на Роналдо повторно би доминирал и би лапнале некоја ЛШ.

Од друга страна Барса се сведува на паник бај да оди овие 10 дена и во тој случај кога е позната сумата која ја зема за Нејмар, секоја алтернатива е поскапа поготово што во најдобар дел тимвоите си се скоцкани за почеток на сезоната и не би се откажале толку лесно од нив. Очајно ви треба среден играч за кој немаше потреба да се чека 29ти Август да се знае дали Кутињо ќе е или не. За сериозен и моќен клуб ко Барса тоа требаше да е решено уште на 1ви Август. Да не зборувам за алтернатива за Нејмар...И Валверде и вашата управа паднаа на испитот летово според мене.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.726
Поени од реакции
22.874
Валверде не е крив, вината е 100% во управата.
Валверде нема одврзани раце, скројува тим од тоа што ќе му донесат неспособните во управата. Дури мислам дека Валверде прв пат слушна дека постои играч со име Паулињо кога овој потпиша за Барселона.
Валверде побара од управата составот за наредната сезона да е готов до 19ти јули и тоа му беше ветено, дека до пред тргнувањето на турнејата во Америка се што треба да се донесе ќе се донесе, се што треба да замине ќе замине.
Што се случи сите знаеме... На почеток на август си замина еден од клучните играчи, на 28ми август го презентираат играчот кој е донесен за негова замена и на прес-конференцијата спортскиот директор изјавува дека ТИМОТ СЕУШТЕ НЕ Е ГОТОВ и дека до крајот на трансфер периодот (кој е за 2 дена) ќе бидат донесени уште еден или двајца играчи...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Леле кое дупење ќе биде ако замине Кутињо на 2 дена од преоден рок, а 80% тука тврдеа дека нема да си иди на 2 недели пред почеток на првенство.
Наводно 20 милиони биле проблем во бонуси. Околу 110 фиксни со 50 во бонуси :tapp:
Еј, а кое дупење ќе биде кога ќе добивате лајкови на сите постови у фан клуб со Кутињо у состав :D
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.762
Поени од реакции
9.545
Валверде не е крив, вината е 100% во управата.
Валверде нема одврзани раце, скројува тим од тоа што ќе му донесат неспособните во управата. Дури мислам дека Валверде прв пат слушна дека постои играч со име Паулињо кога овој потпиша за Барселона.
Валверде побара од управата составот за наредната сезона да е готов до 19ти јули и тоа му беше ветено, дека до пред тргнувањето на турнејата во Америка се што треба да се донесе ќе се донесе, се што треба да замине ќе замине.
Што се случи сите знаеме... На почеток на август си замина еден од клучните играчи, на 28ми август го презентираат играчот кој е донесен за негова замена и на прес-конференцијата спортскиот директор изјавува дека ТИМОТ СЕУШТЕ НЕ Е ГОТОВ и дека до крајот на трансфер периодот (кој е за 2 дена) ќе бидат донесени уште еден или двајца играчи...
Не сум искрено запознаен како се работите помеѓу Валверде и вашата управа, но ако утре се лоши резултатите сите ќе пукаат најпрвин по Валверде, а потоа по управата. Ризикува премногу човекот во моментов. Факт е дека по се, Валверде го нема тимот кој го посакува од играчки аспект за наредната сезона, а доаѓа во тим кој доминрал изминатата декада и бара начин како да го врати по тој пат. Човекот има претешка задача ако сме реални и уште вакви глупости не му одат во прилог уште од сам старт. Валверде во случајов испаѓа слаб карактер и при можен неуспех во Барса го ризикува и тоа реноме што го изградил за да достигне до Барса. Нешто налик Мојс кај нас. Затоа сметам дека и покрај тоа што можеби нема директно удел, тоа што не покажува заби пред вашата управа за тоа дека не се одвиваат работите како што тој побарал го прават еднаков виновник при можен неуспех на Барса во наредниов период. Викам дека ризикува, затоа што ако утре вроди плод неговата работа и по вакви околности тоа ќе го издигне на повисоко ниво. Целава ситуација го доведе да биде во состојба на меч со 2 острици.
 
Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
И на овој му извадија огромна сума со која покажуваат амбиции?
Пред да дојде на состанок со агентот во Милано, се збореше (за во Интер) за сума од 2м евра позајмица со обавезен откуп за 8м евра, па не верувам дека е сума поголема од споменатата. Целиот тој договор пропадна заради агентот кој барал 5м евра, и Интер го одбил тоа барање. После ден-два, Емре Мор го избрка тој дебилот што му беше агент и на твитер, во неделата, го напиша ова:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom