Во Бразил и воздухот е подруг, затоа магично се опоравил
Иначе, медиумите блиски до Ливепул известуваат дека во случајот со Кутињо ситуацијата не е мрдната ни милиметар, така да клубот останува на истиот став: нема преговори, нема продавање.
Каталонските, шпанските и некои други медиуми пак упорно форсираат приказни како Ливерпул и Барселона веќе започнале преговори.
Мое мислење е дека ова лето нема да си замине Кутињо. А чим нема ова лето, ќе остане уште неколку сезони во Ливерпул
Тоа е само мое мислење што многу веројатно е да не испадне точно, затоа што од наредно лето го договориле Кеита.
За во Барселона не ми е баш некоја желба Кутињо, повеќе би сакал било кој друг (од имињата што се спомнуваат) да дојде, отколку Кутињо. Но, ако веќе не доаѓа никој друг, тогаш сосема океј е Кутињо.
Макар што, како што кажа
@Ilumious Фергусон во 2009та кога го продаде Кристијано, единствено го донесе Валенсија и тоа за една петина од сумата за која замина Роналдо (чиста среќа што прво дојде Валенсија, па тек потоа си замина Роналдо, иначе и Валенсија би коштал повеќе). Кога ќе продадеш важен играч за голема сума, сите други тимови те знаат дека имаш пари а очајно ти треба замена и гледаат да те исцицаат до максимум. Слична беше и ситуацијата со Барселона кога бараше стопери во летото 2014та (ПСЖ бараше ненормални суми за Т.Силва и Маркињос, плус истиот тој ПСЖ го собра и Давид Луиз) и на крај ги земаа Матје&Вермален и 2цата заедно коштаа 35 милиони.
Затоа најпаметно на Барселона ќе им беше наместо Паулињо да го земеа Сери од Ница и да се откажат од Кутињо.