Точно. Ама и затоа Реал ќе освојува титули, а Барса ќе се бори за 4то место.Реал ги купи Родриго,Винициус и Камавинга по 50 милиони евра,додека Гави и Педри се деца на Барса па и да не ги биде Барса не губи ништо.
А по твојава логика, зашто да не отиде во Арсенал ако е толку паметен Халанд?За тоа каде ќе заврши некој играч има куп фактори. Посебно кога е млад играч во прашање кој уште не го достигнал врвот на кариерата, не може да се гледа само краткорочно. Зборам за Халанд.
Барса може на прв поглед не изгледа логичен избор во моментот. Ама на подолг рок би била одлична дестинација за него, ако е паметен. Би дошол баш во прав момент, по заминување на Меси, кога на тимот му фали лидер. За година-две би станал прва ѕвезда на екипата со потенцијал да стане клупска легенда, ако продолжи со овие бројки на голови. Барса е еден од најголемите брендови во фудбалот па секој би сакал да остави печат во таков клуб. Со него во тимот уште следната сезона пак ќе биде конкурент за лигата а за 2-3 сезони и за ЛШ.
Уствари најдобар пример е Роналдињо. Дојде во 2003 кога Барса беше во далеку полоша резултатска криза од оваа. Без пласман во ЛШ, без никакви изгледи за трофеј во тој момент, далеку зад тогашниот Реал. Ама тој сепак ги одби Јунајтед и Фергусон, потпиша за Барса и што се вика се' останато е легенда. Од денешен аспект испадна ептен паметна одлука.
Од многу едноставна причина што Арсенал ниту некогаш бил ниту ќе биде поголем клуб од Барселона. Неспоредливо е значењето на едниот со другиот клуб во фудбалската историја. Барса и да е 15-та на табелата пак ќе биде поголем бренд од Арсенал.А по твојава логика, зашто да не отиде во Арсенал ако е толку паметен Халанд?
Моментално дупло боље опција од Барса.
Дупло боље млад тим, со играчи како Одегард,ЕСР, Сака и Мартинели позади него, плус бекови ко Тирни и Томијасу.
Башка што Арсенал се во реална борба за топ 4 (сеуште).
Дупло боље проект на којшто му фали само млад шпиц - баш играч ко Халанд и 1 дмф за да бидат комплетни?
Друго што ми е чудно е, од кај пари на Барса за 150+ милионски играч? (70 трансфер + бонусите што ги зборат и платата?)
Ептен е падната Барса, особено финансиски. Еден Арсенал е сега дупло боље опција. Дињо бил друга приказна, во друго време, денес Халанд е веќе звезда, готов продукт, еден од најдобрите на негова позиција, не глеам зашто би ја одбрал Барса пред Арсенал, а не пак пред некој други клубови. Башка и не глеам како Барса би си го дозволила Халанд ..
Kako sto Junajted posle Fergi seuste se vrakja na vrvot, taka i Barsa posle Messi ke s evrakja na vrvot...Мислам дека многу порано ќе се врати Барса на фудбалската мапа отколку тоа што го предвидувате
Играат многу лоша сезона, ама се добива и малку погрешен впечаток за квалитетот на тимот ако се земе во предвид какво турбулентно лето имаа и колку повреди ги заредија, имаше период каде немаше ниту еден здрав напаѓач освен Лук де Јонг, воопшто немаа среќа со повредите, а на тоа ако се додаде неискуството и лошата атмосфера која владееше со Куман, се прокоцкаа многу бодови дополнето со испаѓање од групи во ЛШ. Со Чави, малку се стабилизираа, многу од тие што недостасуваа се вратија, го имаат сега и Феран Торес и мислам дека многу поинаква Барса ќе видиме во вториот дел од сезоната и пласманот во топ4 не би требало да е под ризик.
Исто така, се претерува околу атрактивноста како дестинација, Барса, после Реал, сеуште важи за една од најатрактивните можни дестинации и опции, подемот и моќноста на Премиерлигашите малку ги раздрма, а ПСЖ, без разлика на парите, тешко ќе се пробие во топ дестинација поради лигата во која играат, истиот пробем важи и за Баерн. Проблем се финансиите, ама голем знак прашалник е каква ќе биде ситуацијата на лето, затоа што најголем проблем кај Барса сезонава беа правилата на Ла Лига околу salary cap и проблемите со енормните плати кои ги наследија од претходото раковоство. Сега, без Меси и Гризман во тимот, со новите договори за Пиќе и Роберто, со големото намалување на плата кај Умтити, евентуален трансфер на Кутињо на лето и заминување на Дембеле, се отвара огромен простор, а од друга страна и приходот оваа сезона веројатно би бил поголем поради полека враќањето во нормала и играњето пред гледачи.
Далеку од тоа дека ќе бидат фаворити во ЛШ за 2-3 сезони, ама во многу догледно време ќе важат за далеку поконкурентни од тоа што се сега и за сезона-две би се вратиле во борба за титула во Ла Лига. Се сложувам дека се ствара некоја вештачка атмосфера со тој ПР што го форсираат со децата за проект и слично, ама повеќе го сфаќам како охрабрување на големиот број млади играчи да останат со кренати глави и да продолжат да се развиваат во нагорна насока, кај Педри, Фати и Гави постои огромен потенцијал за високи достигнувања, не верувам дека другите кои што беа промовирани ќе остават некој значителен белег, би го додал уште Араухо евентуално. Ама најбитно е што делува дека почнаа да работат во правилна насока, се направи огромен рез околу платите, во тек е голема смена на генерации, има конечно тренер кој има своја јасна визија и филозофија и знаат што сакаат наместо да се носат играчи за кои тренерот нема да знае каде да ги игра (Кутињо, Гризман...)
А кој е плафонот на оваа Барселона?Од многу едноставна причина што Арсенал ниту некогаш бил ниту ќе биде поголем клуб од Барселона. Неспоредливо е значењето на едниот со другиот клуб во фудбалската историја. Барса и да е 15-та на табелата пак ќе биде поголем бренд од Арсенал.
Друго, колку и ова што го играат Арсенал оваа сезона е за респект, нивниот плафон и оваа и следните сезони е топ 4 во ПЛ. За Барса секако во иднина ова не е цел, туку освојување трофеи.
Роналдињо воопшто не е различен случај, ниту пак кога дојде не беше изграден играч. Напротив, дојде со веќе освоено СП една година претходно, каде беше еден од главните играчи на Бразил во освојување на светската титула.
Плафонот оваа сезона е топ 4. На идната сезона секако дека не е.А кој е плафонот на оваа Барселона?
Барселона е у огромна криза и уште брка имиња ко Халанд. Е тоа не можам да го сфатам.
Баш ме интересира кои играчи планира да ги продаде и по која цена пред се а и колку од прилика мислите ќе биди трансфер буџетот и кои играчи планират да ги земите за тие пари.Плафонот оваа сезона е топ 4. На идната сезона секако дека не е.
Не знам што е тука несфатливо. Ако мислиш на финансискиот дел, тоа држи вода. Но ситуацијата може да се смени доста до летото. Продажба на играчи, менаџирање со платите, крај на пандемијата и враќање на публиката, отворање на клупскиот музеј и фан шоп... Ако мислиш на резултатската криза, баш затоа се бараат засилувања, како и во секој тим на светот.