Да ве потсетам, пред 2 години во Италија Јуве беше тој што изглеаше дека ги држи сите конци во рака, и немаше никакви изгледи дека Интер ќе им го земе тронот. Па ете, се сменија работите.
Мислам дека Барселона ќе се врати многу побрзо него што мислите, сосема различна ситуација од Манчестер. Прво, Барселона е природна против тежа на Реал, ради каталонија, и нема клуб што ќе ги замени за тоа. Не е како во Англија каде имаат 4-5 солидни конкуренти. Тука има само 2 клуба кој ќе ги собираат новите најдобри шпански играчи, и кад тад ќе формираат солиден костур на екипата.
Сепак Халанд треба да е будала да отиде таму. Не ради друго, туку ради искуство како пројдоа претходните мега трансфери на Барса
Мислам дека ги преценуваш Барселона.
Ситуацијата со Интер е друга, во Италија имаш 1 тим што носеше ужасни одлуки (Јуве) и почна да паѓа во квалитет и имаш тим којшто паметно работеше 3 години фул и на крај успеа да ги бутне Јуве од тронот (Интер).
Да продолжеше Јувентус со паметна работа и паметно вложување - едноставно да го водеа клубот како што треба ќе беше ептен тесна борба за титула и лани а и оваа година, буквално немаше да се има фаворит за титула. А ние бевме во ситуација каде што еден тим имаше топ стартни 11 а друг тим имаше средина од Рабио и БентаКур
Барселона колку и да е против тежа на Реал де факто е во огромни гомна финансиски пред се а после и на играчки план.
Премногу
среќа ќе им треба за да се вратат за 1 преоден рок, скоро па невозможно е.
Пред се види им го тимот, барем 5-6 првотимци им фалат, и тоа асални играчи, плус младиве да им се уиграат да можат да го носат тимот на грб. Финансиски едвај крпат крај со крај.
Барселона се во ужасна состојба. Во Мртва ЛА Лига се 6 место и со Рајо Ваљекано и Реал Сосиедат се борат за топ 4. И нормално Атлетико Мадрид којшто е ужасен сезонава.
Целиот тим им е средно жалосен, Дани Алвез го земаа, на 38 години. Човекот си ебеше бразилки последниве неколку години овие го вратија на Камп Ноу
Kоа ќе видиш, од цел тим дали 10 играчи би имале шанса да бидат барем на клупа во некоја си Барселона од пред +-10 години.
Рачунај најмалце 5 првотимци им требаат за да можат да бидат конкуренти.
Освен ако не им блеснат 6-7 од младинциве па да напраат изненадување.
Реално под 2-3 сезони со добро работење јас не очекувам Барселона да се врати на голема врата и да стане сериозен тим.
Дури и со Халанд (што не верувам дека ќе отиде) пак ќе немаат доволно квалитет на сите позиции да покријат.
п.с. Мислам дека Барса ќе се врати, ама тоа би било тешка и долга борба, не 10 години како Манчестер или Интер ама па најмалце 2-3 сезони очекувам да се во транзиција, дур се опорават пред се финансиски да можат да зимаат добри играчи + младиве да се оформат. Сепак Ла Лига е, многу полесно се фаќа топ 4/ многу полесно можат да се вратат во борба за титула заради брендот а и квалитетот на противниците. Што реално освен Реал другите се барем за 1 класа послаби на играчки кадар + бренд+ финансиски.
Поентата е тоа дека од фудбалски аспект Барса би била одличен избор за Халанд.
Зашто, те молам објасни .
Халанд е веќе топ фудбалер, веќе звезда. Зашто Барселона би била одличен избор за него?
Халанд би бил одлично решение за Барселона, но не и обратно. Барем не сега, не во ваква ситуација.
Не гледам зашто еден од најдобрите млади играчи во свет којшто е веќе звезда би потпишувал во тим што е во транзиција, ако може да бира каде ќе иде во европа
