Значи планот е чекаме да се пензионират Крос и Модрич, па одиме на титула?
Никаков план им нема клубот, го гледаат Лапорта како некаков спасител, а човекот од кога е дојден во Барса само ги лаже иако мора тоа да го прави, зашто ни сам не очекуваше дека волкави ќе бидат долговите на клубот од претходните управи.
Јас се кладам да ја знаеш финансиската состојба на Барса, немаше ни да се кандидира за претседател, патем прва изјава од кога стана претседател му е "ни на сон не очекував дека волкави се долговите на Барса."
Они во моментов од гзот ќе си гризнат да му го продолжат договорот на Дембеле, го молат од тренер до претседател, каде за да му го излижат шупакот даваат срамни изјави од типот "Дембеле е подобар од Мбапе", за да го потпишат, а не можат, зашто он е единствениот играч што им бара ЗГОЛЕМУВАЊЕ на платата.
Премногу проблеми има Барса, ова со Умтити што го направија не сфаќаат дека на долг рок прави полошо, дека беше импулсивно решене само колку да го регистрираат Торес, зашто иначе ќе имаа играч платен 55 милиони евра кој немаше да смее да игра до јуни. И нивниот претседател искача со изјава, ние имаме пред договор со Халанд, а цел камп на Халанд труди веќе пола сезона дека кој и да сака да го потпише ќе треба да му спреми договорот со 25+ милиони плата годишно. Го тргам на страна износот на сумата на трансферот и сите пропатни бонуси и провизии за него и агентите.
Затоа они пропагираат проект, проект. Зашто знаат дека немаат пари ни
@Filip Telford да го купат, и како ќе привлечеме играчи? Рокни го PR-от на најјако, имаме проект, имаме изградена филозоција и стил, тотал фудбал играме.

Губиме ПЕТ пати Ел Класико по ред? Рокај PR-от на максимум, прикажи го поразот од најголемиот конкурент како победа.
Една паралела, замисли Интер во средата да примеше гол од Јуве во 120та минута, како што даде, и официјалните профили на Интер да ставаа хајлајтски од натпреварот и да пишуваа Pride in Defeat.
Пази Барса човече, се гордее со ПОРАЗ од Реал, од што не знаат веќе што да направат и како да останат релевантни во фудбалот.
Али ајде, сеа ќе има коментари од типот како мислењево е субјективно зашто сум фан на Реал, они си го знаат повеќе тимот можеби стварно следна сезона ќе бидат конкурент за титула. Само што има и кај нив паметни дечки, што ја имаат согледано ситуацијата во којаим се наоѓа клубот и паметно си молчат.