Кога се тоа многу 40 милиони за Депај? Човекот изгази во Лион.
Прво скина лигаменти на колено и откако се врати е во лоша форма што е очекувано и разбирливо.
Второ и без повредата, генерално беше готован со фри рол улога т.е. играше напред без посериозни обврски да трча назад, покрива, креира итн.
Трето - проблемот што го снајде кога дојде во ПЛ, брзо темпо и интензитет во однос на брзи реакции за пас, шут утрчување не ги надмина во Франција.Буквално е ко на широк сокак, си се влечка и се мисли на моменти премногу.Не е ко Хазард на времето, да скија(дрибла) меѓу играчи ако примети ситна дупка да ја искористи инстантно итн.
Во Барса не сум сигурен дека ќе му пројде ова, можеби со Елче и ним сличните.
Четврто има комплекс на суперѕвезда од нивото на Роналдо и Меси, а не е толку добар.Знае да биде недисциплиниран и ако нешто го изнервира да се понаша ко примадона.
Пето - откако се направи ко тенк т.е. се набилда во Англија, изгуби многу од брзината.Не викам дека е ко Пнадев ама за крило офанзивен играч очекуваш малце повеќе.(Ова можеби е маана од играње Фифа и зошто во ПЛ се форсираат/почитуваат брзи крила).
Можеби цената не наложува големи очекувања, ама јас лично не го гледам како стартер со потребното ниво на квалитет за Барселона.Ако е резерва ќе им зима минути на Фати и Пуиг.Не гледам како би ги подобрил Барса сума сумарум.