Бреј кое дно од управа раководи со Барса, не е можно ваков расплет на настаните, немам видено полошо менаџирање од ова последниве 4-5 години, од дупка во дупка влагаа со секој потег, индивидуалниот квалитет и Меси во екипата го затскриваа тоа, сега се исплива на површина. Уште толку ќе ја продлабочат кризава летово, новата управа следно лето ќе ја дочека пропаднат клуб, многу време ќе треба за оправање. При Тиаго и Ван де Бек достапни на пазар они земале Артур за Пјаниќ го трампаат..
Инаку, околу Ван де Бек, малку сумљива ситуацијава со Јунајтед, би бил супер засилување за нив, поготово што игра и како АМЦ и како МЦ, замена и за Бруно и за Погба, ама ми нема логика да купуваат играч што не би бил во преден план, а имаат дупки за пополнување во составот. Не знам дали е возможна менаџерска игра, за Астон Вила да попушти за Грилиш со цената, многу пологично засилување би бил овој затоа што покрива и на крило и во средина, а го имаат и Фред за позицијата на Погба.. Супер играч е Ван де Бек иначе, повеќе има играно како АМЦ, ама не е класичен креативец како Бруно, работник на терен, одличен сенс за гол и често се уфрлува од втор план, солидна техника и прегледност, делува на доста интелегентен играч. Не ми е јасно како Барса не се заинтересирани