- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.401
- Поени од реакции
- 113.946
Добро општо познато е дека Арсеналовци малце си ги преценуваат играчите.
Тирни играч од вчера не стана. Можеби десетина натпревари има во Премиер Лигата, ама три одлични сезони во Селтик не можеш да не му ги рачунаш.
Еден од позаслужните играчи на Селтик, капитен на 22 години, избран за најдобар млад играч во првенството.
Ама нели, зашто ти појма немаш кој е, никад не си го гледал, хуехуехеу Тирни нема изиграно ништо.
Никој не го спомна Чилвел, јас само ти кажав дека нема потреба да се смееш за играч што појма немаш како изгледа а не па да го имаш гледано како игра фудбал. Врска немаш какви квалитети поседува, колкав му е потенцијалот и дали е можеби подобар од Чилвел или не.
И нема потреба од глумење, да ми пишуваш тука како луѓево пишувале мислења за играч од едно полувреме, како ти да не спаѓаш во таа група и да си нешто повеќе. Донесе мислење за играч кој што никогаш во животот го немаш гледано и им се смееше на фанови на Арсенал што го фалеле, притоа истите тие фанови го имаат гледано и Тирни и Чилвел.
Сите навивачи го прават тоа за одредени играчи во својот тим, не е само до топџиите хахахахаДобро општо познато е дека Арсеналовци малце си ги преценуваат играчите.
Се слагам бро. И имам приметено дека што послаб е тимот за кој навиваш толку поише ги преценуваш играчите. На времето Јан Мвила, Гаргањо и Здравко Кузмановиќ ни беа огин играчи, така да не ме чудат ваквите коментари од Арсеналовци за одредени играчи. Не викам дека тој Тирни е лош, два три пати го имам гледано, ама факт е дека се нема докано на голема сцена па да го праат најдобар бек у лига после Робертсон. Што секако не значи дека нема да се докаже, али треба време за да видиме.Сите навивачи го прават тоа за одредени играчи во својот тим, не е само до топџиите хахахаха
Броз јакиот hhhhhhh
Круната си е за Јунајтед, не може туку така да им ја земеш!Добро општо познато е дека Арсеналовци малце си ги преценуваат играчите.
Е како е бе другар моево лејм муабет?Каков лејм муабет, немаш поим, го немаш гледано.
Еве, една тајна да ти откријам. Симпатизер сум на Селтик долго време и Тирни не само што го знам од Селтик, туку Тирни ми е симпатичен поради тоа и во дресот на Арсенал.
Јас сум поразличен од тебе, затоа што јас се смеам на твојата оценка за Тирни дека е ,,ѕвер од играч", базирана на 10 меча во Премиер Лига во ревијален дел.
Кариерата во Селтик е кариера во Селтик. Каква е Шкотска лига, јасно ни е на сите.
Ние овде, зборуваме за Киеран Тирни во Арсенал. Ти носиш генерален (подвлечено ова, зошто очигледно не разбираш) заклучок за фудбалер кој не одиграл една цела сезона во Премиер Лига. Ни помалку, ни повеќе, туку дека е ѕвер.
И зборуваш и за Чилвел, бидејќи индиректно спомена дека Тирни е измислен за сите на таа позиција во Челзи. Што е уште една глупост од неверојатни размери. Маркос Алонсо беше ѕвер (во глобала е просечен играч) во сезоната со Конте кога Челзи освои Премиер Лига. Овој допрва треба да изигра таква сезона, за да го земеме превид кога зборуваме за бекови.
Суштината е, уште еднаш, не можеш да носиш заклучок за Тирни во Арсенал, после 10 појавувања кај Артета, во формација најчесто со петмина во одбрана и во натпревари кои горе-долу не значат ништо.
Еве, дури и да не сум го гледал воопшто, јас ќе немам мислење генерално, затоа што не се исполнети условите за такво нешто. Нема да велам ништо, ќе речам ,,чекај, нека изигра, па ќе зборуваме за квалитетите негови и ќе го ставиме во категории".
Ти со три појавувања и два добро изведени аути се дрзнуваш да кажеш дека е ,,ѕвер" (секако ќе го потенцирам ова уште 20 пати, да биде бруката поголема).
Прво, не ти е он тебе другарЕ како е бе другар моево лејм муабет?
Не му го одземам, ама само и по тоа можам да го судам (само Бог може да му суди).Е како е бе другар моево лејм муабет?
Како може да му го одземеш цел успех што го направил претходно во кариерата и само да му ја гледаш кариерата откога потпиша за Арсенал?
Кое селективно мислење само за да си ја истераш поентата.
Тогаш не можеме да донесуваме никаква оценка за Вернер и Хаверц, или Зијех зашто успехот кој го имале во претходните клубови е на пониско ниво од Премиер Лигата.
Суштината ти ја промашуваш очигледно, ја не носам селективно мислење за еден играч врз база на една сезона, туку носам општо врз база на цела негова кариера.
Затоа, мислам дека во моментов, Тирни е подобар од сите моментални играчи што ги има Челзи на лев бек, рачунајќи го и Чилвел, зашто реално деновиве ќе се официјализира тој трансфер.
Времето ќе покаже, се надевам дека сезонава повредите ќе го избегнат Тирни, па на сите ќе им стане јасно за каков вид на играч станува збор.
Ќе ти речев да се заколнеш во Бакајоко ама греота е, помлад и подобар од Матич е. Новиот Дрогба исто. И за Рудигер во несвест се паѓаше едно време. Одои 600 милионскиот...долга е листата и кај вас, можеби и најдолга од скоро време, во тесна битка сте за круната.Круната си е за Јунајтед, не може туку така да им ја земеш!
Дали сериозно ти најде да збориш на оваа тема? Секој 18 годишен играч што ќе изигра 15 минути во прв тим на Челзи на форумов го претставуваш како иден освојувач на Златна Топка, а еден од тие не памтам да станал бар озбилен фудбалер.Круната си е за Јунајтед, не може туку така да им ја земеш!
Добро, можеби "ѕвер" беше несоодветен збор за да се опише Тирни, ама тоа беше реакција на твојот потсмев за играчот.Не му го одземам, ама само и по тоа можам да го судам (само Бог може да му суди).
Тирни беше можеби (покрај Морелос) најдобар играч во лигата.
Јас мислам дека е интересен играч, со добар потенцијал и тоа е тоа. Немам простор за нешто повеќе, имам некое базично мислење за него.
Од друга страна, ти изнесе генерално мислење дека Тирни е ѕвер од играч. Реагирав на тоа, бидејќи нема основа. Не ги исполнил критериумите Тирни за да го вброиме воопшто во некоја група на фудбалери, а не па да се расфрламе со суперлативи и несоодветни епитети.
Игрите во Шкотска сами по себе, не дозволуваат едноставно вакви излети. Холандска и Германска лига, едноставно се 10 класи поквалитетни од Шкотската. А дека има простор за резерва (како во случајов со Хаверц и како што всушност јас имам прашалници. Само што јас не се залетувам дека Хаверц е ѕвер, иако имам веројатно повеќе причини за тоа одошто ти за Тирни, ако ги гледаме индивидуалните партии и бројки на тие играчи во лигите), има.