Поентата е...
Не можеме да зборуваме дали е некој ѕвер или не, односно да донесеме оценка за неговите игри/квалитети, доколку се појавил или изиграл десеттина натпревари во Премиер Лига, во екипа која немала никаков императив.
За да кажеме дека Тирни е добар играч, треба Тирни да изигра барем 30 меча и да има зад себе една асална сезона, или пак за тој краток период кој го одиграл, да биде неверојатен. Неверојатен не беше.
Чилвел, за кого патем јас лично имам повеќе против одошто за негово доаѓање, има позади себе три цели сезони. Ланската коректна, годинешнава коректна/солидна, ако се собира и одзема. Во првиот дел одличен, во вториот дел лош. Средишната оценка е таа. Дека Челзи можеше можеби и подобро, или ако не подобро барем поевтино да помине, апсолутно.
Само, мене воопшто не ме чудат разни коментари, овде на форум после едно полувреме играч станува класа и после едно полувреме играч станува флоп, така што...
Неподнослива леснотија на расфрлање со поими. Ѕвер од играч Тирни. Тогаш да се запраша човек каков е Робертсон, не дај Боже.