Фудбалски/трансфер дискусии

Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
30.510
Поени од реакции
42.399
Lampard: "Victor Moses is coming back with a view to going somewhere else. Talks are ongoing."

Во Интер :D
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
4.705
Поени од реакции
6.651
Јанг, Мозес... јас пак мислев дека конечно некој ќе ги турне Јувентус од врвот :pos:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.015
Поени од реакции
3.609
Стварно, се заебаваат со овие трансфери или...? o_O
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
12.428
Поени од реакции
30.465
Пробува Конте со сите сили да остане до крај за борба за скудетото, ниеден од овие крилести бекови шо ги има не е по негов кејф, мора да праи вакви краткорочни експерименти со надеж дека нешо ќе упали.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
8.881
Поени од реакции
9.762
Гледам нешто се спомнува Одриозола на позајмица во Баерн. @ob1 @MiteReal што - како е? Ова е заради враќањето на Хакими на крај од сезона? Го бива?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
29.958
Поени од реакции
67.551
Гледам нешто се спомнува Одриозола на позајмица во Баерн. @ob1 @MiteReal што - како е? Ова е заради враќањето на Хакими на крај од сезона? Го бива?
Сеедно, секако ако дојде у Баерн ќе ти биде најдобар играч у свет на таа позиција.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
25.641
Поени од реакции
25.731
Јанг, Мозес... јас пак мислев дека конечно некој ќе ги турне Јувентус од врвот :pos:
Се смееш а барса лани го зема боатенг на пример :)
Глеј ги главните трансфери на тимот, и како се покажуваат, плус евентуалниот на ериксен ако се реализира во јануари, не овие пропратни ко барса што го зема боатенг чисто за опција од клупа и да покрие до крај на сезона за да одморат дел од главните играчи. Ова се краткорочни решенија со оглед дека е јануари, ретко кој ти продава свои најбољи фудбалери сеа, освен ако не станува збор за мали тимови или некои ко динамо загреб, или рандом јужноамерикански тим.

Имај у предвид дека само барела и лукаку над 100м евра ќе ги чинат, така да доколку успеат да го земат ериксен ќе заокружат скоро и перфектна трансфер сезона, овие sidekick трансфери ко мозес, јанг, во таков случај лесно може да се занемарат, јасна е поентата на конте со нив.

Али кај бевме до лани, а кај сме сега, и каде можат да бидат после следното трансфер лето, разликата е ко ден и ноќ, огромна. Доколку не ја сјебат за ериксен и го земат, остануваат уште wing back позиците а за истите имаат простор за маневри цело лето, па после да се замараат со Б-трансфери, играчи за клупа, за средината и нападот. Од главниот костур на тимот ( де вриј, скринијар, барела, лукаку, лаутаро, сенси ) најстар играч е де вриј, 27, лукаку 26, другиве се под 25, плус ериксен ете ако дојде, и он е 27, така да паметно го склапаат тимов конте+марота и аусилио како и да ја вртиш.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
6.183
Поени од реакции
12.172
Гледам нешто се спомнува Одриозола на позајмица во Баерн. @ob1 @MiteReal што - како е? Ова е заради враќањето на Хакими на крај од сезона? Го бива?
Да, сабајле излегоа вестиве. Утрово не тренирал со остатокот од тимот и преговарал заминување од клубот. Најверојатно на позајмица со право на откуп, Баерн се најзаинтересирани но исто така има интерес од Севиља и Атлетик Билбао. Претходно од Баерн имаше интерес за Хакими мислам дека, али во плановите е на Реал за следната сезона што автоматски нема да има место за Одриозола. Со оглед на тоа што од старт играчов не беше желба на Зидан, сезонава беше дури 17 пати изоставен од тимот, не беше ни повикан.

Како играч, според мене е супер. Во Сосиедад прикажуваше одлични партии, еден од подобрите играчи им беше. За Реал како што кажав, не успеа да го искористи потенцијалот што го имаше, највеќе поради Зидан мислам дека. Пребрз е и има одличен центаршут. Во напад е одличен, но во одбрана е криминален. Не знае да прочита убаво ситуација во дефанзива и кога ја има топката премногу време му треба да изреагира што водело во губење на истата и стварање прилика за противникот. Во Баерн, со доволно минути и како ротација мислам дека може да прикаже одлични партии.

Додека го пишував постов, сите релевантни шпански медиуми пренесоа дека Одриозола во Баерн е заврешна работа. Најверојатно станува збор за позајмица.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2009
Мислења
1.535
Поени од реакции
1.134
Гледам нешто се спомнува Одриозола на позајмица во Баерн. @ob1 @MiteReal што - како е? Ова е заради враќањето на Хакими на крај од сезона? Го бива?
Последната шо памтам ја изигра кога ја изгубивме и последната утакмица -против Мајорка, подебилен втор жут не памтам некој у брзо време да напраил. Не се изнаигра многу, беше ко бекап на Карвахал донесен. Брз е, и има стварно квалитетен центаршут...
Имаше у задње време бааги поврзување на Хакими со вас, тоа искрено поише ме плашеше. Али пошто Зизу е слаб на такви арапски играчи немавте шанси таму :)

Сеа незнам колку би играл и кај вас, пред Павард тешко.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
8.881
Поени од реакции
9.762
Мислам дека го планираат Павард за централен, Суле е отиден со лигаментите ехеее.

Фала ви и на двајцата @ob1 @MiteReal , Баљерн - РеЈал: Still a better love story than Twilight :LOL:
 
На врв Bottom