Вистина све мириса на трампа Икарди - Дибала. И ако тоа успее да им го ували Марота на Јувентус нема да знам кој е уствари кртот и кој сака кого да уништи. Интер е во интересна ситуација (хе Интер - интересно, колку јако). Донесоа напаѓач кој дефинитивно ќе биде прв избор, му ја зедоа 9ката на довчерашниот капитен, па сега и малите деца знаат дека Икарди нема каде, мора да биде продаден. Со затворено меркато во Англија, останува само Италија као евентуална дестинација, затоа што, ПСЖ, Шпанија и Бундес, ако имаше заинтересирани, досеа ќе се појавеа. А таљаните се копилиња, чекаат крв тие, увек таква стратегија за купување тераат. Е сеа Италија, или Јувентус или Наполи. Не верувам дека е Икарди луд да оди во Рома во ваков критичен дел од неговата кариера кога може да падне во дупка од која нема назад. А Рома, секако после Интер е совршена и има историја за такви падови. (хехе) Па ни Рома не верувам дека може да му ја понуди платата која Интер не му ја даваше. Наполи скроз личи на екипа која би го зела Икарди и најверојатно нему лично му е најдобар избор според мене. Иако Де Лаурентис збореше све и свашта, сигурен сум дека ако имаат иоле шанса, ќе пробаат да го земат. Ипак е Карло таму, има фини крила и офанзивни везњаци со кои може да игра, има аргентинска историја која може да го врзе, ќе биде скоро Бог во тимот, а и ќе биде тука некаде на врвот во Италија, ќе може да се курчат и тој и курвата.
Јуве? Ним уште само Икарди им фали. Поготово ако го сменат со Дибала. Ем ќе привлечат гнев на навивачите, ем ќе донесат темпирана бомба во тим, уште една, ем директно и драматично ќе го засилат Интер. А више се стеснува обрачот полека и верувам дека сега се појше пазат дали ќе ги засилат конкурентите. Интер би бил целосен победник во таа размена според мене, без разлика дали ќе треба да доплатат 20-30 милиони или колкуидае. Дибала со Конте би го играл она што Азар го играше во Челзи, тоа би било топ фит за Интер, поготово со Лукаку среден во главата.
Многу ме интересира судбината на Икарди. Ипак е довчерашен мотор на Интер, одличен напаѓач иако пичка и муле од човек и играч кој реално праи разлика на терен. Чуден е моментов сеа кога Интер купи напаѓач пред да го продае и му даде до знаење уште еднаш дека не го планираат за следна сезона и дадоа сигнал до сите дека Икарди е на продажба, а тоа сигурно ја спушта цената дополнително. А меркатото привршува, иде времето на волците, кондорите и паничните купопродажби, ќе биде интересно. Да беше Галијани во Милан се уште, јас ќе бев миљон посто убеден дека ќе проба за Икарди, без разлика што е Пјонтек тука, дека тој вакви ситуации со душа чекаше, неодоливи му беа.
А секако Икарди може и во Атлетико да заврши и никому ништо.
П.С. Перишиќ - Баерн. Куда плови овај брод?! Не знам што е поопасно. Дали навивачите на Баерн треба појше да се секираат што управата мисли дека Перишиќ би бил засилување уопште некакво после пропаѓањето на Сане, или за тоа дека тренерот им има вакви желби. Ама па таму Хасан Салихамиџиќ е спортски директор, што да се рече друго.