- Член од
- 14 октомври 2007
- Мислења
- 2.674
- Поени од реакции
- 2.731
Де Лаурентис е шупак и тежок човек и тешка будала и све, ама за ова е скроз во право. Ако оние играчи во Енглеска се продаваат и вредат стварно онолку пари, тогаш Кулибали по таа логика стварно вреди 250 милиони ако напраиш споредба.Овој пак со критики кон клубовите што заработуваат многу повеќе и можат да си дозволат да потрошат многу пари за еден играч и да ги исполнат барањата на клубот, а на него да му побараш играч ќе побара 3 пати повеќе од реалната цена.
До вчера плачеше што му го земаа Пепе, а пред тоа дека Реал не му го дава Хамес на позајмица како на Баерн, сега ова.
Точно е тоа дека англиските тимови заработуваат појше и затоа им е полесно да лупаат онакви тагови и суми на трансфери, ама треба да се имаат предвид и околностите кои им дозволиле да заработуваат толку пари.
На финансискиот систем во фудбалот очајно му треба коренита реформа, тоа е факт, ФФП не само што не си ја завршува работата, туку можда и јазот го праи поголем, а преварантите поинвентивни само. Реално куповната моќ на енглезите и нивната заработувачка зависи од нивната локална регулатива (на Островот), а од друга страна влијае на сите тимови, на цел пазар, поготово во Европа. А тоа не е фер малце. Као, ги заболе Евертон рецимо, може да лупнат 70 милиони на везњак, не ги дира многу има јаки ТВ права и што знам јас, им дозволиле условите, ама тие со тоа влијаат на пазарот и во Италија и во Шпанија.
Мене ми е јасно, сопствените стадиони си го праат своето, ТВ правата исто, Италија заостана назад целокупно и све тоа, ама затоа постои ФИФА за да обезбеди структуиран однос во фудбалот и во финансиите, а не да се остави тоа само да се развива нехотично, затоа што еве до каде стигна.
Појма немам на кој начин и со што, ама финансиското функционирање на тимовите низ цела Европа, најмалку, мора да се среди одново, со нова алатка различна од ФФП, тоа е факт.