Фудбалски вести

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Е овој човек е легенда, немам зборови..
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.153
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
На неделата ?
Не си нормален ,оваа е промашување најмалку на месецот .
Така беше окарактеризирано на нет, иначе да ти кажам и за мене е на месецот. :)
--- надополнето: 25 декември 2011 во 19:31 ---
Се вратија на крајот? Му го поништија црвениот или.. ?
Не не, си излегоа играчите на Аз Алкмар во знак на протест и по ден два му беше поништен црвениот картон на голманот на Аз, е сега кој прошол понатаму стварно не знам, на Rezultati.com имаше ставено ѕвездичка кај Алкмар што значи дека тие прошле ама мислам дека слушнав на Еуроспорт дека сеуште не е донесена одлука од страна на холандската федерација за тоа кој ќе оди понатаму во купот.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.109
Поени од реакции
20.948
Икер Касиљас повторно најдобар во светот

Капитенот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Икер Касиљас четврта година по ред е најдобар голман на светот во изборот на ИФФХС.


Голманот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Икер Касиљас е прогласен за најдобар голман на светот за 2011 година во изборот на Институтот за фудбалска историја и статистика, чие седиште се наоѓа во Келн.
Иако минатата година со Реал Мадрид го освои само Купот на кралот, жирито составено од уредниците на избрани медиуми и експерти од 81 земја во светот, повторно Касиљас го прогласија за најдобар, и тоа четврти пат по ред.
„Единицата“ на кралскиот клуб освои 248 бодови и се најде пред чуварот на мрежата на Баерн Минхен, Мануел Нојер кој собра 130 бодови. На третото место се најде Виктор Валдес од Барселона кој освои 114 бодови.
Најдобар светски голман според изборот на ИФФХС.
1. Икер Касиљас (Реал Мадрид/Шпа) 248 бодови.
2. Мануел Нојер (Баерн Минхен/Гер) 130
3. Виктор Валдес (Барселона/Шпа) 114
4. Џанлуиџи Буфон (Јувентус/Ита) 63
5. Петр Чех (Челзи/Чеш) 41
6. Фернандо Муслера (Галатасарај/Ург) 34
7. Џо Харт (Манчестер Сити/Анг) 26
8. Жулио Цезар (Интер/Бра) 23
9. Жусто Вилар (Естудиантес/Пар) 17
10. Ван дер Сар (Манчестер Јунајтед/Хол) 16
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
Трагедија: 13-годишно момче даде гол и почина на терен




„Црн“ понеделник преживea британската област Стафордшир после ужасната трагедија кога едно 13-годишно момче почина на фудбалски натпревар. Малиот Лиам Вуд постигна гол за АФК Сејнтс и неколку секунди после радоста падна во бесознание.

Неколку секонуди после постигнувањето на голот детето падна и престана да дише, но иако веднаш му беше укажана прва помош сепак подоцна почина во болница.

Британските медиуми не објавуваат што био точната причина за смртта, а интересо е што Лиам бил заменет за време на натпреварот но подоцна сам посакал да игра како напаѓач и одново бил пуштен во игра.

„Беше вистински шок. Играше добро, даде гол и се радуваше пред татко му и додо му. Веднаш после голот направи неколку чекори и падна. Секогаш кога идеше да тренира брзаше да ја земе топката и немаше трпение да почне да игра. Беше неверојатно момче“, низ солзи изјави тренерот Марк Лутон.

Фудбалскиот терен веднаш беше покриен со стотици цвеќина во знак на сеќавање на русокосото момче, а на средината на стадионот беше напишано „Почивај во мир, ангелче“.

Стварно жално, нека почива во мир.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom