Фудбалските клубови од најјаките европски лиги потрошија околу 1,5 милијарди фунти на трансфери за играчи во летниот преоден рок, соопшти денес компанијата за деловно советување „Deloit“.
Преодниот рок заврши ноќеска на полноќ, а најактивни беа клубовите од Англија, Шпанија и Италија.
Англиските премиерлигаши во текот на летото потрошија 485 милиони фунти, што е за 30% повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Членовите на италијанската Серија А потрошиле 420 милиони фунти, а клубовите од Шпанската Примера околу 300 милиони фунти.
Останатите фудбалски лиги потрошиле значително помалку, така на пример француската лига потрошила 180 милиони фунти, а Бундеслигата 140 милиони фунти.
Интересно е што само германската лига потрошила слично пари како минатата година, а сите останати лиги потрошија значително повеќе во однос на 2010 година.
Англиските клубови Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи и Ливерпул во Премиер Лигата,Јувентус и Рома од Серија А,како и новите богати тимови ПСЖ и Малага се наведени како најголеми купувачи, бидејќи секој од нив потрши повеќе од 50 милиони фунти ова лето.