Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Шо е за тебе пристојно а не 7000? 15.000?
Најефтиниот дслр е околу 24.000 така да..
Па на толку и мислев од 25 до 30 ама штом е 24 најефтин значи и немам некој избор.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Па на толку и мислев од 25 до 30 ама штом е 24 најефтин значи и немам некој избор.
Ко за почетник, еден “поефтин“ ќе ти е одличен, али ако си ентузијаст и брзо учиш ќе сакаш нешто појако за помалце од година.
 

AFI

Член од
17 ноември 2009
Мислења
389
Поени од реакции
98
Имам во план овој фото да го земам...Милслење ваше?

samsung_pl100s.jpg samsung-pl100-1.jpg Samsung-PL100-04.jpg
 
Член од
27 април 2006
Мислења
108
Поени од реакции
2
Продавам Canon sx20is, многу малце користен.
Цена по договор.
Останатото ваљда го знаете :)
 
Член од
27 април 2006
Мислења
108
Поени од реакции
2
Здраво на сите.
Сакам да зиам апарат, али главно за видео ќе го користам, негде до 500-600 евра.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.983
Поарно земи си камкордер. За 500-600 евра немаш апарат што добро снима видео.
 
Член од
27 април 2006
Мислења
108
Поени од реакции
2
Ми требаат фокус и зум тркалца.Баш сеа го глеав никонот 3100д и пентаксите к-р и к-х .
 
Член од
12 ноември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
6
Здраво на сите и од мене.
Сакам да земам некој дигитален апарат, некој поефтин бидејќи ми треба чисто онака за аматерски слики, значи до кај 100 евра. Се распрашував по некои луѓе и ми рекоа дека најдобро би било да земам Canon, Nikon, Kodak, не дека другите (како Samsung, Panasonic, Sony...) се лоши, но сепак имало разлика. Ми рекоа дека квалитетот на сликате не зависи од резолуцијата (Mp) туку од леќата, секако за тоа немам појма. И како главен проблем ми е дали да биде со алкални или литумска баретија. Некои велат дека литумската батерија траела многу подолго време, но можела да се расипе, а тешко били да се најде потоа иста таква. :toe:

Јас имам во предвид еден Canon A310, 12Mp, 4x Optical zoom со литиумска батерија. (Во АМC во случај да купиш апарат со алкални батерии даваат и гратис полнач)
Па затоа другари ќе ве замолам ако сакате да дадете некој совет за која марка и со каква батерија е подобро. Благодарам :salut:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.983
Драк, добредојде на форумов.
Како прво реченица која највеќе ми влезе во око: Во АМC во случај да купиш апарат со алкални батерии даваат и гратис полнач.
- Ако ти придава литиумска батерија МОРА да ти даде полнач. Замисли купуваш мобилен телефон без полнач за батерија, ?А
И провери си по интернет што се треба да има во пакувањето. Да не ти фали некое кабле или нешто слично. Уствари батали АМЦ. Јас од таму ни мауспад не би купил, а не па нешто посложено.

До 100 евра, јас топло ти го препорачувам Canon PowerShot A495, го имаш во Pix+.
Или евентуално Nikon CoolPix L22.

Ги препорачувам затоа што имам гледано фотографии направени со канонот и се сосема коректни за тие пари дадени за опрема. Никонот е негов директен конкурент. Е сеа не знам каква е состојбата со Самсунг во Македонија, може и нивни модели да разгледаш. Останатите производители или не нудат апаратчиња до 100 евра или поарно со камерата од мобилниот да фотографирам отколку со такви играчки.

Кога сме кај батериите. јас препорачувам АА rechargeable батерии, затоа што за 1000 денари си купуваш 4 батерии со полнач и со нив се убиваш од чкрапање. Лесно се наоѓа полнач за такви, ако ти го заборавиш својот, или ако ептен зачкрипи можеш во било која поголема продавница да купиш алкални батерии и да завршиш работа. Литиумските батерии не држат толку долго колку овие претходните. И плус мораш да имаш специјален полнач за нив. Ако цркне батеријата не ти се исплати да купуваш нова бидејќи во тој случај повеќе ќе ти се исплати да купиш целосно ново апаратче.

Толку од мене, нека надополнат и другите со по некој корисен совет.

И за крај не купувај од АМЦ.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Бидејќи стариот апарат ми откажа доверба, заинтересиран сум да земам нов и ми треба совет бидејќи не се разбирам многу од фото опрема.
Сакам да земам фотоапарат (буџет до 200-250 евра) и разгледував неколку модели:

Nikon CoolPix L110, Nikon CoolPix L120


FujiFilm FinePix S2950, FujiFilm S1600


Canon PowerShot SX130IS


Ваши искуства, предлози?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.983
Па во оваа класа Канон и Лумикс имаат најдобри фото-апарати. Барем според тестот на dpreview.com :)
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
Некој предлог за полу професионален апарат ? со објектив, не само body
од прилика 350 - 450 евра, но тие пари од ebay или amazon да речеме. Не цени од кај нас...
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Па во оваа класа Канон и Лумикс имаат најдобри фото-апарати. Барем според тестот на dpreview.com :)
Кој модели на Канон и Лумикс се во оваа ценовна граница?
 
П

Пепси_

Гостин
Драк, добредојде на форумов.
Како прво реченица која највеќе ми влезе во око: Во АМC во случај да купиш апарат со алкални батерии даваат и гратис полнач.
- Ако ти придава литиумска батерија МОРА да ти даде полнач. Замисли купуваш мобилен телефон без полнач за батерија, ?А
И провери си по интернет што се треба да има во пакувањето. Да не ти фали некое кабле или нешто слично. Уствари батали АМЦ. Јас од таму ни мауспад не би купил, а не па нешто посложено.

До 100 евра, јас топло ти го препорачувам Canon PowerShot A495, го имаш во Pix+.
Или евентуално Nikon CoolPix L22.

Ги препорачувам затоа што имам гледано фотографии направени со канонот и се сосема коректни за тие пари дадени за опрема. Никонот е негов директен конкурент. Е сеа не знам каква е состојбата со Самсунг во Македонија, може и нивни модели да разгледаш. Останатите производители или не нудат апаратчиња до 100 евра или поарно со камерата од мобилниот да фотографирам отколку со такви играчки.

Кога сме кај батериите. јас препорачувам АА rechargeable батерии, затоа што за 1000 денари си купуваш 4 батерии со полнач и со нив се убиваш од чкрапање. Лесно се наоѓа полнач за такви, ако ти го заборавиш својот, или ако ептен зачкрипи можеш во било која поголема продавница да купиш алкални батерии и да завршиш работа. Литиумските батерии не држат толку долго колку овие претходните. И плус мораш да имаш специјален полнач за нив. Ако цркне батеријата не ти се исплати да купуваш нова бидејќи во тој случај повеќе ќе ти се исплати да купиш целосно ново апаратче.

Толку од мене, нека надополнат и другите со по некој корисен совет.

И за крај не купувај од АМЦ.
Tonchie.... каде е оваа продавница во скопје (ако е во скопје) ако можеш да објасниш во кратки црти така овие што ги кажа апарати се примамливи и нешто такво барам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom