Мене искрено Грожан ми беше еден од омилените на гридот, ама како човек, не баш и како возач. Брзина има, не е воопшто спор и тоа го има докажно многу пати уште од времето во Лотус кога собра 10 подиуми. Многу добар на квалификации, но само добар во недела. Не го бидуе човекот за wheel-to-wheel racing и тоа е тоа, џабе има солидна брзина.
Освен тоа мн ме нервираа неговите тимски радија каде што за секоја ситница цмиздреше и често кога бил во кривица знаел да го обвини другиот.
Во глобала прилично јако мидфилд дуо беа со Магнусен и мислам дека извадија максимум од Хаас-от, дури и 4ти беа како конструктори во 2018 ако не се лажам. Лани беа убедливо најкрш болид со Вилијамс па пак успеа да соберат некој поен за разлика од Расел на пример.